Три начини како страста да го поттикне вашиот кариерен развој (без да предизвика пожар)

Сега како никогаш досега менуваме работни места, скокаме во нови кариери и основаме нови бизниси. Често пати подлегнуваме на овие професионални промени само поради желбата да се поврземе со страста, пишува Бјанка Финкелстајн, обучувач кој им помага на луѓето целосно да го впрегнат нивниот креативен потенцијал за Fast Company.

Страста ни дава возбудливи увиди во нашиот скриен потенцијал и не` прави да сфатиме дека сме способни да постигнеме повеќе. Страста ја распалува нашата волја да преземаме нови ризици и да ги поместуваме сопствените граници. Таа ја спојува нашата работа со повисоки нивоа на креативност, брилијантност и имагинација.

Страста не подразбира интелигенција или мудрост. Нејзината природа е дива. Не е никаква коинциденција што страста се поврзува со оган, што сите знаеме дека пали се` што допира, без разлика дали станува збор за свеќа или шума.

Како ние ја користиме страста одредува дали ќе бидеме креативни или деструктивни со неа. Тоа почнува кога стануваме свесни за тоа колку многу ни е потребна страста за да се чувствуваме полни со енергија.

Ретко среќавам луѓе кои ја усовршиле уметноста на работење со страст. Почесто луѓето влегуваат во една од следниве три категории: тие кои веруваат дека чувството на страст за личната кариера е невозможен сон, тие кои се во потрага по страст но не успеаваат да ја стекнат, и тие кои чувствуваат повеќе страст од што можат да се справат со неа.

Еве ги советите што ќе ви помогнат да го калибрирата тој магичен оган во вас.

Не ја бркајте „единствената“ кариера

Кога проектираме романтични идеали врз нашите кариери, почнуваме да веруваме дека постои една конкретна вокација што ќе ни го распламти пламенот еднаш за секогаш.

Наместо да ја сфаќаме кариерата како чин на постојано откривање нови можности, веруваме дека треба да ја бркаме „едната и единствена кариера“, што прави бесконечно да се сомневаме во нашата сегашна работа и да мислиме дека таа е или „вистинската“ или „погрешната“.

Многу од нас сметаат дека е неприродно да целат кон единствена страст. Напорно работиме за да се бориме со општествениот притисок да бидеме посветени на еден единствен пат. Сепак, некои од нас имаат потенцијал да најдат страст во различни и многубројни индустрии, па тогаш зошто да се лишуваме од таа можност?

Размислете што би можело да се случи ако себеси се гледавме како кариерни ткајачи. Иако можеби не сме во можност да целиме кон сите наши интереси одеднаш, можеме да почнеме со опцијата што е најбазична.

Ако сме умни за тоа како ги секвенционираме можностите, различните интереси можат да создадат вредни можности за промена на првичната идеја. Ова е исто така една од тајните на создавањето бизнис, производ, или услуга што е уникатна на вас.

Одржувајте ја љубопитноста

Ако ја бркаме страста, најверојатно ќе ја промашиме. Слично како и концептите на љубов и среќа, страста може да ни побегне и да биде тешка за одредување, што ја прави невозможна мета.

Понекогаш страста ни бега бидејќи очекуваме голема огнена топка да скокне во нашиот живот и не успеваме да ги забележиме суптилните искри во нашата секојдневна рутина.

Треба да го ставиме фокусот на љубопитноста. Забележете ги малите работи што го подбуцнуваат вашиот интерес. Станува збор за чувството кога и каде ќе бидеме поттикнати да експериментираме, да играме или да се впуштаме во процесот на учење нешто ново.

Љубопитноста остава траги од лебни трошки. Тоа се индикации за нашата вистинска природа и што природно сакаме да направиме. Кога ги следиме нашите индикатори за љубопитност (наместо да ги отфрламе како банални парчиња лични податоци) се поврзуваме со страста прилично брзо.

Следењето на љубопитноста на крајот не` води до изворот – големата идеја што опфаќа многу од индикаторите што сме ги собрале по пат. Овие индикатори почнуваат да создаваат шеми и пред да знаеме, интуитивно ткаеме приказна за нашата страст.

Можеме да започнеме со практикување на „свесна љубопитност“ со тоа што ќе се фокусираме на она што не` возбудува. И не треба да го занемаруваме минатото дури и да мислиме дека нашиот живот бил досаден и невозбудлив. Често пати кога конечно ќе ја откриеме нашата страст, сфаќаме дека таа цел живот се „крчкала“ во нас.

Во продолжение се неколку прашања со кои можете да ја започнете вашата истрага. Со нивното одговарање, важно е да бидете темелни во запишувањето на вашите мисли, чувства, идеи и сеќавања.

  • Што уживате да читате?
  • Кои конкретни идеи неодамна сте ги подвлекле или истакнале?
  • Кои цитати сте ги споделиле со другите?
  • Размислете за некој фасцинантен разговор што сте го имале – што беше кажано што ве заинтригирало?
  • Што сакате да студирате или за што сакате повеќе да научите?
  • Како уживате да им помагате на другите?
  • Кому му завидувате или восхитувате – и што тие луѓе покажуваат што вие го посакувате за себе?
  • Кога добивате впечаток дека времето лета?
  • Кои забавни работи се замислувате дека ги правите а се` уште не сте се осмелиле?

Одржувајте пламен, не шумски пожар

Многу е возбудливо кога во работата наоѓаме страст. Сепак, понекогаш оваа новонајдена енергија не` врти надвор од контрола и ние одеднаш сме намамени во деструктивен див пожар.

Еве како изгледа кариера каде страста гори во превисок степен:

  • Опседнати сте со вашата работа
  • Другите велат дека изгледате исцрпено
  • Секогаш сте во потрага по следниот „хај“
  • Не можете да спиете (бидејќи не можете да го тргнете умот од работа)
  • Се чувствувате под закана од идејата да направите пауза за време на работата
  • Другите аспекти од вашиот живот – здравје, семејство, пријатели – губат приоритет
  • Размислувате на непоимлив број веројатности
  • Носите одлуки во афектна состојба
  • Имате проблеми со фокусирањето и реализација на идеите

Ако страста за работата ги консумира сите аспекти на вашиот живот, често пати тоа е поради тоа што се обидуваме да компензираме за недостаток на друго место. Кога премногу инвестираме во страста во една област, создаваме илузија за „фрагментирано себство“ кое сака само еден аспект од животот да функционира добро – и на крајот го слебееме целиот наш систем.

Ајде да бидеме страствени кога станува збор за одново поврзување со страста бидејќи тоа не` потсетува дека сме живи. Но, ајде исто така да запомниме дека страста не може да не држи во вис постојано. Ако сакаме соништата да ни цветаат, мораме исто така да посадиме семки во земја.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -