Три лидерски практики со кои ќе заштедите време и енергија

Најважната одлука што еден лидер ја носи е како да ги инвестира највредните ресурси: време и енергија. Еден од најголемите предизвици што го слушам од лидерите е како да најдат доволно време да се фокусираат на најстратешките делови на нивните улоги. Премногу често, лидерите се чувствуваат преоптоварени со задолженија и обврски поради тоа што треба да одговорат на постојаните итни проблеми што го голтаат поголемиот дел од нивните време и енергија. Ова значи дека тие едвај наоѓаат дополнително време во кое се очекува да се обидат да ги задоволат најважните одговорности за нивната улога, пишува Тони Гамбил, експерт обучувач со повеќе од 20 години искуство во претприемништвото и ко-автор на книгата „Успех кога е најважно: само-лидерство за работа и живот“.

Дилемата често пати звучи вака: „Знам дека ова е важно, но веќе сум премногу окупиран…..“ ама, и онака го поминувам целото време на состаноци; вработените ме чекаат нон стоп пред врата; клиентите постојано ми се обраќаат со…; раководството постојано ни дава нови проекти без нови ресурси; ме чекаат 500 мејлови…

Трите лидерски практики во продолжение им овозможуваат на лидерите да се справат со дневните задолженија додека истовремено го зголемуваат недоволното време и енергија за да ги остварат нивните најважни цели.

„Во“ наспрема „На“ бизнисот

Корисен начин лидерите да ја сфатат нивната улога е преку леќата на „во“ наспрема „на“ бизнисот. Активностите што се ВО бизнисот се дневните оперативни аспекти на нивната лидерска ролја. Овие се итни активности кои лидерот треба да ги реши, но кои исто така ќе ја потрошат сета расположлива енергија и време. Активностите НА бизнисот се стратешките лидерски одговорности поврзани со нивната улога. Овие одговорности се фокусираат на долгорочен успех, воспоставување компаниска култура, развој на вработените и иновации. Лидерот е единственото лице во тимот што ефективно може да се справи со овие одговорности.

Секоја лидерска улога има континиум одговорности на „На“ наспрема „Во“ бизнисот што е важно да бидат задоволени. Лидерот мора да дефинира што мора да биде сработено или ништо друго што ќе постигне нема да биде важно.

Научете да кажувате „не“

Во нашиот динамичен и комплексен свет, лидерите често пати размислуваат дека се` е од клучна важност и заслужува највисок приоритет. Несреќната вистина кај овој начин на размислување е дека ако се` е приоритет тогаш ништо не е. Лидерот мора да научи да кажува „не“ или постојано ќе се справува со итни активности што постојано ќе го тераат да скршнува од фокусирањето на најважните лидерски активности. Ова не значи дека лидерот не одговара на итните барања, туку дека не работи на тие аспекти на штета на остварувањето на најважните цели.

Лидерите мора да се чувствуваат охрабрени да кажат „не“ на добри проекти, задачи и барања што им ја крадат енергијата и ги тераат да го променат фокусот од остварувањето на најважните приоритети. Лидерите мора да одговараат на идните барања, но тоа не смее да биде на штета на движењето нанапред кон нивните најважни цели. Најефикасните лидери учат да кажуваат „не“ за да ги заштитат моментите во кои е потребно да се каже „да“.

(Рако)водете преку обучување

Речиси сите лидери се искачуваат до лидерски позиции поради нивната способност да решаваат проблеми и да ги мотивираат вработените да сработат во дадените рокови. Премногу често, кога вработените доаѓаат кај лидерите со нивните рутински предизвици, лидерот веднаш скока да го реши проблемот за нив. Стратешката промена во начинот на размислување за лидерите е разбирањето дека успехот во нивната улога не е веќе да служат како главни решавачи на проблеми.

Успехот како лидер се состои од охрабрување други, развој на вработените и создавање силни врски за тековен успех на тимот. Основната алатка за да се оствари таа промена во начинот на размислување е обучување (coaching). Едноставна и практична рамка за обучување а моделот на сер Џон Витмор – GROW, назив што претставува акроним што им помага на лидерите да обучуваат други во насока на решавање предизвици или проблеми.

Цели (Goals) – прашања што треба да го откријат проблемот и посакуваниот исход: Што сакате да постигнете? Кои се основните проблеми или предизвици?

Реалност (Reality) – прашања што треба да ги откријат нивните перспективи: Кажете ми повеќе за ситуацијата? Што стои на патот до успехот?

Опции (Options) – прашања чија цел е генерирање можности и решенија: Кои се вашите идеи за следни чекори? Како мислите дека треба да се движите нанапред?

Патот напред (WayForward) – прашања што ги дефинираат дејствијата и одговорноста: Кои се следните чекори? Како континуирано ќе ме информирате за напредокот?

Раководењето со прашања не го спречува лидерот да споделува сопствено искуство, увид и насока. Прашањата му овозможуваат на лидерот да ги разбере гледните точки на вработените пред да направи поинформиран избор за тоа каква поддршка е потребна за успехот на вработените.

Лидерскиот успех бара фокус на постигнувањето на најстратешките аспекти на нивната улога, додека истовремено ги менаџираат итните секојдневни проблеми. Совладувањето на овие три лидерски практики ќе им помогне на лидерите да го доведат фокусот на нивното лидерство до следно ниво.

Извор:Forbes

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -