Треба да ја презентирате вашата идеја на клиенти кои се наоѓаат на другата страна од светот? Овие совети од експерти ќе ве припремат тоа да го направите на најдобар можен начин.
Поврзано:
- Што ни открива Zoom за начинот на кој комуницираме со колегите
- Како дигиталните состаноци отвораат нови можности
- Дали слушањето музика нè прави попродуктивни?
Благодарение на интернетот, дизајнерите можат да работат на проекти без разлика на тоа каде се наоѓаат. Апликациите како Skype ни овозможуваат да пичираме пред клиенти кои се наоѓаат во друг град, држава, или континент. Ова ни отвара голем број можности.
Дизајнерите на компанијата Pentagram, Ана Рејчел и Клер Невсам, ги споделија нивните совети за како успешно да пичираме онлајн!
1. Подгответе ги вашите клиенти
„Испратете ја вашата ПДФ презентација непосредно пред да ја презентирате, со цел да не ја гледаат пред време,“ советува Ана Рејчел. „За време на повикот, потсетувајте ги која страница ја презентирате, и проверувајте дали се постојано во тек.“
2. Трудете се да остварите што поприроден контакт
„Нашиот тим често подготвува кратки видеа за да им го претстави процесот на креирање на дизајнот на клиентите, како и видеа кои ја пренесуваат работната атмосфера и тимскиот дух на агенцијата,“ Вели Клер. „Овие видеа го прават процесот поличен и природен.“
3. Додадете личен печат на вашата работа
Работниот процес на Марина Вилер која е дел од тимот на Пентаграм, вклучува скицирање идеи на огромно парче хартија. „Овие скици се претвораат во книга за скицирање која е долга пет метри, која ја фотографираме и ја вклучуваме во нашата презентација,“ додава Клер. „Со ова ги рушиме поставените граници.“