Трансформирајте го вашиот бизнис и на далечина и виртуелно!

Поради кризата предизвикана од Ковид-19, компаниите низ целиот свет се приморани да се менуваат и приспособуваат. Иако влијанието е различно кај различни бизниси, сепак има една заедничка работа, а тоа е дека дојде време кога сите мораме да работиме онлајн и на далечина.

Поврзано:

Со цел приближување на темата за корпоративно работење на далечина како клучна вештина за лидерите кои сакаат успешно да ја надминат кризата, до македонската јавност, CEED Global, со посредство на CEED Macedonia – Центар за претприемачи и менаџери, Ве канат да присуствувате на онлајн настан на 20 мај 2020 год (среда), со почеток во 15ч.

Овој настан е дел од иницијативата Global Leaders Talk, во чии рамки до сега се одржаа неколку онлајн средби со успешни претприемачи од целиот свет на различни актуелни теми поврзани со бизнисот.

Главен гостин на овој онлајн настан е Мариа Анселми, која е добро позната во ЦЕЕД заедницата како страстен стратег кој ги предизвикува постојните норми и инспиративен ментор, со долги години искуство во лидерство на далечина. Таа е стационирана во Швајцарија каде е директор во групацијата Bisnode (Dun & Bradstreet) за менаџирање податоци, чиј тим е распространет низ целиот свет. Кога дојде на ова работно место пред две години, нејзината мисија беше да ја трансформира компанијата од различни локализирани системи, процеси и пристапи во еден хармонизиран систем. Пред да дојде на оваа позиција, таа работеше во истата компанија како главен менаџер за јужните пазари. Три години по ред таа водеше петочлен тим скоро секогаш на далечина и 260 вработени во 20 различни земји.

Повеќе за нејзината работа можете да дознаете на следниот линк.

Bisnode е компанија која нуди поддршка во процесот на носење одлуки во форма на дигитален бизнис, маркетинг и кредитни информации. Оваа компанија е присутна во 19 европски земји, а седиштето се наоѓа во Стокхолм, Шведска.  Дополнителни информации за компанијата можете да најдете на овој линк.

Настанот ќе има форма на интервју по кое ќе следува сесија за прашања и одговори. По разговорот што ќе го водат Мариа Анселми и Барбара Брегар-Мрзликар, потпретседател на CEED, присутните на настанот ќе имаат можност да ì постават на Мариа специфични прашања во врска со работењето на далечина. Доколку е возможно, испратете ги вашите прашања пред одржувањата на настанот до локалниот CEED контакт.

Имајте на ум дека местата се ограничени. Затоа, за го потврдите вашето место, регистрирајте се на следниов линк.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Како да бидете лидер кој вработените го почитуваат

Само што сте го вработиле совршениот работник. Неговата или нејзината целокупна деловна моќ е голема колку и неговото или нејзиното функционално знаење....
- Advertisment -