Тајната на десетте најпродуктивни луѓе во светот

Во продолжение ќе откриете како некои од највредните луѓе во 2020 година максимално го користат денот, без разлика каде и од каде работат.

Серена Вилијамс

Професионална тенисерка и основач на Serena Ventures

„Утрото е време за тенис. Попладнето е време за бизнис. Јас сум навистина, навистина организирана во поглед на моето време“.

Даниел Да Ким

Актер и продуцент

„Мојот работен ден трае 24 часа: рано наутро телефонски разговарам со луѓе во Европа, а доцна навечер имам повици во врска со проекти во Азија. Всушност, за време на оваа пандемија сум повеќе зафатен од претходно, бидејќи еден од елементите од мојата индустрија што остана активен е развојот“.

Жаклин Гишелар

Извршна директорка за информации во групацијата Cisco

„Ние сме глобална компанија. Секој поединец во тимот е важен, без разлика на временската зона. Ние сме во екот на создавањето нов модул за управување, со време за состаноци што можеме да го споделуваме помеѓу регионите така што луѓето не би морале да работат во луди часови само за да останат во чекор со компанијата“.

Н.К. Џемисин

Авторка и добитничка на стипендијата МекАртур за 2020 год

„Во суштина имав средовечна криза. Бев во град што не ми се допаѓаше, не постигнав различни поставени цели што сакав да ги остварам, и имав огромен долг поради студентскиот заем. Всушност ми се допаѓаше работата (советник за професионална ориентација за население во ризик). Но секогаш пишував како хоби, и одлучив да видам дали можам да заработувам пари од тоа. Се погрижив да пишувам една страница, па дури и само 250 зборови, секој ден“.

Роз Бруер

Главен оперативен директор и претседател на групацијата Starbucks

„Кога ја гледам комбинацијата на мојот приватен и професионален живот, често пати се чувствувам како сообраќаен полицаец, се обидувам се` да подредам во вистинската лента… Како главен извршен директор на Starbucks, голем дел од времето работам на создавање оперативен план за работната недела, и поставување на стратегијата и визијата за најголемиот дел од компанијата“.

Буба Валас

Наскар возач

„Кога одлучив да кажам што мислам за расизмот во оваа земја, не знаев дали тоа ќе им се допадне на моите спонзори. Добро е кога гледам дека луѓето всушност сакаат да бидат дел од ова патување – добиваме повеќе телефонски повици од кога било претходно. Не сум го оставил телефонот поради сите интервјуа што ги имам, но ми се чини дека што повеќе сум под стрес, толку подобро возам на трката. Не се жалам“.

Флориан Крамер

Професор по вакцинологија на медицинскиот факултет Ајкен, при универзитетот Маунт Синај

„Вечерва треба да ги завршам слајдовите за презентацијата, и треба да го завршам буџетот, и да завршам некоја преписка со Националниот институт за здравје. Но науката не е работно место. Таа е некаде помеѓу хоби и страст“.

Џина МекКарти

Претседател и извршен директор на Државниот совет за одбрана на природните ресурси

„Една навика која отсекогаш сум ја имала е да не зборувам за работа кога сум дома, точка. Во тие осум години како директор на агенцијата за заштита на животната средина, за време на администрацијата на Обама, едноставно не го правев тоа. Не мислам дека мојот сопруг знаеше како заработувам се` додека не станав дел од администрацијата на Обама, бидејќи тогаш можеше да прочита некои информации во вестите, и ќе ми кажеше: ,Ох, ти го работиш ова?’“.

Бренди Задрозни

Репортер, Ен-Би-Си вести

„Пандемијата направи хаос во поглед на дезинформации и теории на заговор, така што она што беше сеопфатна победа сега се претвори во нешто полошо. Сите го изгубиле умот. Секогаш има нешто што има очајна потреба некој да го извади од темниците. Така што, на тој начин (ситуацијата со пандемијата) беше добра, бидејќи мојата работа е сето она што отсекогаш сум сакала да го правам. Се чувствувам исполнета. Но влоговите се високи“.

Извор: FastCompany

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -