Стресот предизвикан од Ковид влијае на здравјето на најлош можен начин

Не можеме да порекнеме дека 2020 година не` натера да се соочиме со огромни предизвици и не` примора да се справуваме со огромни количини стрес, пишува порталот посветен на здраво живеење EatThis,NotThat!.

Според извештај издаден во септември 2020 год, Состојбата на ментално здравје во Америка, бројот на луѓе кои бараат помош да се справат со анксиозност и депресија е зголемен за огромен процент. „Од јануари до септември 2020 год, 315200 луѓе правеле тестови за анксиозност, што претставува зголемување за 93 проценти во споредба со бројот на лица кои се тестирале за оваа душевна состојба во 2019 год,“ истакнува извештајот. Од тие кои биле тестирани за анксиозност, 8 од 10 лица имале умерени до сериозни симптоми.

Иако стресот е неопходно зло во светот, без него не би можеле да го насочуваме вниманието и да одговараме на физички закани, сепак се` зависи од дозите. Кога му дозволуваме на стресот да „лудува“, ефектот врз нашето тело е катастрофален. „Стресот може буквално да направи метаболизмот да не функционира,“ вели Џефри А. Морисон, експерт по интегративна медицина и метаболистички проблеми. „Стресот го цеди метаболизмот во огромна мера“. И хроничниот стрес може да има сериозни последици на нашето здравје.

Кога чувствувате повишено ниво на стрес, вашето тело реагира така што ослободува хормони како кортизол, адреналин и норадреналин во крвотокот. Вашето срце започнува да работи забрзано и вашиот метаболизам почнува да работи со голема брзина. Сепак, општото размислување е дека овие промени во телото се еволутивно прилагодување за коесе одговорни нашите предци, бидејќи тие би требало да можат да побегнат од сабјест тигар, на пример. Ова е многу нормално, доколку вакви состојби доживуваме од време на време. Со научни термини, таквите состојби се нарекуваат „акутен стрес“. Но ако патите од хроничен стрес, или повторена изложеност на такви ситуации, телесните функции почнуваат да откажуваат. Според канадскиот Центар за истражување на човековиот стрес, хроничниот стрес е голем фактор за добивање срцеви болести, високо ниво на холестерол, дијабетес тип 2 и депресија.

Голем број докази ја поддржуваат тезата дека хроничниот стрес е поврзан со зголемена тежина

Истражување спроведено во 2015 год на 58 жени (од кои повеќето се соочувале со депресија во минатото), објавена во весникот „Биолошка психијатрија“ истражува „како стресот и депресијата го менуваат метаболистичкиот одговор на оброци со висока концентрација масти на начин што го зголемува обеситетот“. Мерејќи се`, од нивото на инсулин, до гликоза и кортизол, како и „оксидација на масти и јаглехидрати“, истражувачите откриле дека испитаниците кои искусиле „претходни дневни стресови“ се соочуваат со сериозно уназадување на работата на метаболизмот во споредба со испитаниците кои немале стресни моменти. Всушност, тие изброиле дека кога сте под повеќе стрес во текот на шест последователни часа, таквата состојба додава 104 несогорени калории на вашата тежина. Тоа значи дека кога сте под голем стрес можете да качите речиси 5 килограми плус во текот на една година. Според истражувањето: „Повисоките нивоа на кортизол поттикнуваат зголемено консумирање на висококалорична „утешителна“ храна, и лачењето на инсулин се зголемува како што се зголемува нивото на кортизол“.  

Во рамки на британско истражување што се спроведувало четири години, чии наоди се објавени во весникот „Обеситет“ во 2017 год, истражувачите ги мереле нивоата на кортизол содржани во прамени коса што ги добиле од 2527 мажи и жени постари од 54 години. Истражувачите исто така ги следеле тежината, индексот на телесната маса и обемот на половината на учесниците во студијата. На крајот, тие откриле директен однос помеѓу хроничниот стрес и сите три фактори поврзани со прекумерната тежина. „Луѓето се склони да изјавуваат дека прекумерно јадат „утешителна“ храна, со високи нивоа на маст, шеќер и калории, кога се под стрес,“ нотира извештајот. „И хормонот на стресот кортизол игра важна улога во метаболизмот и одредува каде се складираат мастите“.

Со вистинските алатки, како научно поткрепена листа за храна што можете да ја консумирате кога сте под стрес и докажани активности што го намалуваат нивото на стрес, ќе можеме да чекориме по светот посреќни и поздрави. На крајот на денот, справувањето со нивоата на стрес е еден од најздравите начини да го одржуваме телото здраво и метаболизмот во одлична кондиција.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -