Стартап основачи, престанете да бркате слава, само работете на вашиот производ

Основачи на стартап компании во потрага по слава и богатство ме контактираат барем еднаш месечно. Таквите лесно се забележуваат: обично имаат објавено тон статии во медиумите; активен блог каде споделуваат објави од типот „Како да прочитате 100+ книги годишно и да бидете успешен извршен директор“; учествуваат во панел дискусии; и редовно победуваат на „пич“ натпревари (натпревари каде претставници на стартап компании ја презентираат нивната бизнис идеа во 5 минути), пишува  Елена Мазуха, инвестициски менаџер во Genesis Investments, за бизнис порталот посветен на европската стартап сцена и корпоративни иновации Sifted.

Но кога ги гледам нивните финансиски резултати и метриката на корисниците, сакам да станам една од првите тестери на вселенските бродови на Елон Маск и да ја напуштам оваа планета врискајќи од очај, продолжува таа.

Како да забележите основач на стартап фирма во потрага по слава

Ако работите во технолошката индустрија, сигурно сте сретнале такви луѓе. Често пати основаат неколку компании по ред, кои прават голема врева и содржина и на крај не стигнуваат никаде. Животниот век на секоја „стартап“ компанија може да биде и до шест месеци краток. Но понекогаш може да трае и со години, период во кој основачите ги менуваат иницијалните бизнис модели неколку пати, поминуваат време присуствувајќи на конференции и зборувајќи со „големи клиенти“ и „познати инвеститори“. Нема потреба да се каже дека овие разговори никогаш не завршуваат со нешто реално.

Основачите во потрага по слава активно даваат интервјуа и држат говори, и добиваат големо покривање од страна на медиумите уште првиот ден по основањето на компанијата. Тие го најавуваат секој стартап потфат на социјалните медиуми и баботат за него како да ја откриле бесмртноста.

Овие основачи се склони кон читање повеќе од 100 книги годишно и слушање неколку адуио предавања на ден. Тие исто така пишуваат резимеа на се` што прочитале или слушнале. Присутни се на сите можни онлајн настани. Понекогаш дури изгледа како воопшто да не работат или спијат.

За време на повик со инвеститор, кога ги прашуваат зошто луѓето не се интересираат за нивниот производ по години маки, тие почнуваат долг монолог за величественоста на нивните планови и идеи, пазарите вредни милијарди долари и како преговараат со познати фондови и корпорации. Нема потреба да се напомене дека овие разговори никогаш не се претвораат во нешто реално.

Нивната стратегија за скалирање на бизнисот е нејасна и звучи слично на ова: „ќе го растеме растот, зголемиме приходот, и ќе станеме еднорог (компанија вредна 1 билион долари)“. Нема потреба од коментари.

Често, основачите во потрага по слава работат на стартап компанијата половина работно време. Нема ништо лошо ако сте основач со половина работно време во фазата на поставување хипотези. Сите имаат ангажмани на страна што сакаат да ги завршат за да видат што следно ќе се случи. Но зошто по ѓаволите некои луѓе со лошо тестирани хипотези се прогласуваат себеси за основачи и почнуваат да преговараат со инвеститори?

Во меѓувреме, вистинските основачи работат на производот 24/7, позајмуваат пари од пријатели или роднини за да најдат заинтересирани клиенти и се борат за нив, и немаат време за неколку интервјуа, онлајн настани и панел дискусии за „како да бидете успешен извршен директор и да управувате со луѓе“.

Зошто е ова важно?

Оваа култура што ја промовираат основачите во потрага по слава не е само досадна и наметлива, таа исто така има штетно влијание на технолошката индустрија, промовира нереална слика за просечниот основач на стартап компанија, ги плаши новите инвеститори бизнис ангели и не создава додадена вредност или деловно знаење на пазарот.

Најпрво, основачите во потрага по слава создаваат впечаток дека стартап компаниите сакаат забава и дека ги трошат парите на инвеститорите, но не на бизнис. Потоа, други луѓе, привлечени од оваа идеја почнуваат да работат во технолошкиот сектор, се крева голема џева, и потоа си одат разочарани бидејќи ништо не постигнале. За работите да бидат уште полоши, не можат дури ни да пренесат или научат некого важни лекции.

Второ, основачите во потрага по слава ги плашат бизнис ангелите кои само што почнуваат да инвестираат во иновативни компании. Нови ангели инвеститори често пати почнуваат да инвестираат во ваквите најгласни стартап компании, пред да создадат доволно голема технолошка мрежа и да ги слушнат сите „пич“ презентации за да можат да направат јасна разлика од зделки со висок потенцијал и ѓубре. Најгласните стартап компании во рана фаза често пати не успеваат, новите инвеститори губат пари и си одат разочарани, мислејќи дека секоја стартап компанија е измама што согорува пари.

И на крај, овие основачи создаваат лоша слика за земјите кои ги претставуваат. Поради нивните огромни напори со односите со јавност, тие често пати успеваат да бидат присутни и во меѓународните медиуми. На крај, тие стануваат лицето на технолошката индустрија за земјата од каде потекнуваат. И кога не успеваат, секој кој некогаш слушнал за нив, си помислува: „Ах, ако дури и ваква одлична стартап компанија од таа земја не успева, тогаш и другите исто така не чинат“.

Односите со јавноста се одлични за стартап компании во рана фаза ако носат органска публика или добри „лидови“. Но ако не е постигната оваа цел, тогаш треба да престанете да ја бркате славата и работете на вашиот производ!

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -