Стартап компаниите го менуваат светот. Дали можеме да научиме од нивните примери?

Стартап фирми претставуваат новоосновани технолошки компании, кои поради нивната мала големина, буџетски ограничувања и лимитирани човечки ресурси, се принудени да изнајдат начини да го спроведат проектот што наумиле да го претворат во бизнис со ресурсите со кои располагаат, и истовремено да создадат модерни технологии што често пати имаат експериментална природа, пишува Моника Розалска-Лило за Times of Israel, која до неодамна работеше како извршна директорка на CREATORS – иновациски хаб во Тел Авив што обезбедува поддршка на организации што ги развиваат и подобруваат нивните иновациски активности.

Таа потенцира дека во самиот процес на креирање на технологијата има висок степен на ризик и ограничување, а сепак овој вид компании успеваат да поттикнат промени.

Во написот Моника споделува нејзини размислувања за тоа како стартап компаниите успеваат да го променат светот и да донесат напредок и покрај, и благодарение на, големиот број ограничувања.

Таа зборува за тоа што претставува претприемачки начин на размислување што го поседува основачот на стартап фирма и дали тој начин на размислување се разликува од „традиционалниот“ основач на компанија што нуди услуги или на пример градежна фирма.

Стартап фирма е компанија во рана фаза на раст чија цел е да му донесе на пазарот нова технологија и нов бизнис модел, со високо ниво на несигурност во однос на успехот на самиот потфат. Тој потфат треба да може да се надгради, т.е. да поседува потенцијал за создавање голем, профитабилен бизнис на регионално и глобално ниво. Со цел да се постигне тоа, стартап компанијата има потреба од значително финансирање, што најчесто доаѓа од инвеститорите, но не мора да значи дека е секогаш случај.

Во оваа смисла, претприемач во стартап компанија секако е претприемач во секоја смисла на зборот, односно менаџер кој се обидува да создаде функционален бизнис за себе. Но пред сето ова, тој се обидува да сфати дали неговото решение е воопшто изводливо, без разлика дали некогаш ќе биде способен да ги собере потребните финансиски средства со цел да го создаде и како ќе може да го скалира бизнисот на глобално ниво.

Претприемачки начин на размислување

Основачот на стартап компанија има многу мали шанси да успее, бидејќи статистички гледано, околу 98% од ваквите компании не успеваат. Фактот што тој или таа најверојатно ќе се соочува со многу предизвици на патот кон успехот и е речиси осуден на пропаст бара од претприемачот да ја прифати таквата можна судбина. Многу луѓе не ни почнуваат да се обидуваат да создадат нешто ако знаат дека ризикот од неуспех е висок. Но, претприемачите во стартап компании веруваат дека успехот е возможен и покрај малите шанси, и разбираат и дека тие можеби ќе се соочат со неуспех. Сепак, продолжуваат да го работат она што го работат и го продолжуваат нивниот претприемачки пат, прифаќајќи го ризикот од неуспех.

Оптимизмот и отпорноста се важни, но подеднакво важна е и одлучноста. Џеф Безос е познат како исклучителен основач и бизнисмен кој ја разбира и промовира идејата за одлучност и брзо носење одлуки како клучни аспекти на здравјето на една организација. „Брзината е важна во бизнисот. Многу одлуки и дејства можат да се вратат назад и не бараат опсежно истражување. Ние цениме преземање калкулирани ризици“.

Потребни вештини за развој на стартап компанија

Уште еден важен дел од успешната стартап фирма е разбирањето дека работата на претприемачот е комбинација од продажба и решавање проблеми. Во основа, се` се сведува на овие две клучни вештини што секој човек може и треба да ги развива со цел да напредува на професионален план.

Поврзано со овие вештини е разбирањето дека секој претприемач треба да прифати промени и флексибилност. Во овој случај се истакнува важноста на „стожерот“. Во светот на стартап компаниите, дури и една фирма да пронајде и валидира реален проблем, што е проследено со понуда на функционално решение, сепак може да се соочи со неизбежни промени во текот на претприемачкото патување. Идејата за „стожерот“ или промената во текот на развојот на една компанија е многу честа и е застапена во секој потфат. Кога се случува промената, не секогаш знаеме дали сме го одбрале вистинскиот пат, и сепак треба да го продолжиме водството на компанијата со оваа несигурност. Повеќето од нас не реагираат добро на несигурност и промена, а сепак кога успеваме да фатиме терк и да ја прифатиме промената, многу големи работи имаат шанса да бидат реализирани.

„Типичниот израелски основач“

Израел е земја која е позната како стартап нација и нејзиниот екосистем е познат во светот по неговите храбри пристапи кон создавањето навидум невозможни технологии и решавањето комплексни технолошки проблеми. Ова е возможно бидејќи основачите во Израел сакаат предизвици и ја прифаќаат идејата дека за да се реши еден проблем потребно е да се обидете неколку пати. Голем број експерти мислат дека ова делумно се должи на служењето воен рок во технолошки единици и сектори на војската, каде младите војници се изложени на проблеми што треба да се обидат да ги решат, но никој не е во можност да одреди дали тие се во суштина способни да ги решат. И доколку успеат да најдат решение, се одржува брифинг во нивните сектори со цел анализа на процесот и извлекување заклучоци за следниот пат. Не се воведува казна или срамотење, што пак значи дека „неуспехот“ се чувствува како дел од природниот процес на создавање храбри решенија.

Освен што се презема одговорноста и се прифаќаат предизвиците, основачите во Израел се познати како „хуцпа“ – односно лица кои имаат способност да изнајдат начин да се дојде до лицето, ситуацијата или компанијата што ја бараат, без разлика колку тешко тоа може да биде. Ова значи дека основачите не прифаќаат „не“ како одговор. Тие се многу упорни во нивната способност да го остварат нивниот план. На некој начин, тие можат да делуваат арогантно или нељубезно. Сепак, таквиот став функционира и токму тоа го бараат упорните основачи.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -