Српски стартап создаде „Uber“ услуга за авионски превоз

Светската економија поминува низ период кој е преполн со предизвици и светската стартап сцена нема да биде изземена. Сепак, дали научивме нешто и дали постои „проверен рецепт“, и дали кризата може да биде нова можност за иноваторите? Апсолутно, само е важно идните стартапи да го сторат она што најдобро го знаат – да ја препознаат потребата и да понудат генијално решение.

Поврзано:

Па така, белградски стартап фирма направи платформа којашто претставува, наједноставно речено, Uber за авиони – неколку чекори до посакуваниот лет.

Група девелопери од Белград со познавање од воздухопловната индустрија го создаде Ivoy, пишува Telegraf. rs.

Апликацијата му овозможува на крајниот корисник да бира помеѓу слободните капацитети по услови кои нему му одговараат, додека од друга страна постои оператор или сопственик на авион кој ги задоволува тие барања. Новина е и тоа што плаќањето може да се прави и со биткоин.

Ivoy Jetsе  е платформа за резервација на приватни (чартер) авиони, производ на белградски тим претприемачи и програмери.

Поконкретно, тоа е платформа каде што корисниците на услугата можат да стигнат до посакуваниот лет со само неколку чекори, во време што им одговара.

„Во оваа ситуација го претставуваме дигиталниот контролор на процесот на пристап до услугите на операторите со цел да се подобри квалитетот на самата услуга“, вели директорот на компанијата зад платформата Зоран Тадиќ  за Telegraf rs. 

Тој посочи дека компанијата сака да користи технологија за цели што првенствено ќе им помогнат на клиентите да најдат најдобра услуга за своите пари со барање лет за даден ден, број на патници и дали сакаат да го споделат летот со други патници или сакаат да се сами.

„Нашата платформа го овозможува сето ова. Најдобриот дел е што операторите се натпреваруваат едни со други за максимално да го исполнат секое барање направено преку нашата платформа и во исто време по најдобри можни цени“, додава Тадиќ.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -