Совети за справување со коронавирус за постари лица

Како што заедниците ширум светот кројат можни сценарија и прават планови како да ги спречат инфекциите со Ковид-19, тие мораат предвид да ги земат и постарите лица како група која е изложена на најголем ризик од зараза, пишува Светскиот економски форум.

Поврзано:

Дејствија кои секој, вклучително и старите лица, треба да ги преземат е правење залиха на лекови и други суплементи, и секако редовна дезинфекција. Имајте на ум дека тие што живеат во заеднички домови треба да направат дополнителни планови.

Податоците од Кина, каде коронавирусот најпрво се прошири помеѓу постари лица и лица со хронични медицински состојби покажуваат дека шансите се поголеми овие лица да патат од сериозна болест предизвикана од Ковид-19. Оваа потенцијална опасност, како и стравот од ширење на пандемијата во сите заедници во светот, направи голем број постари лица, како и нивните семесјтва да се чувствуваат нервозно, несигурно и да се во потрага по одговори.

Консултирајте проверени извори на информации

Иако немаме контролоа врз одредени ризик-факори како што се староста, и додека некои прашања остануваат неодговорени, сепак има многу работи што можеме да ги направиме за да се подготвиме и заштитиме себеси, нашите семејства и нашите заедници.

постари лица

Светската здравствена организација (СЗО) има посебен вебсајт за Ковид-19, а и повеќето официјални институции на националните здравствени системи имаат посебни сајтови кои би требало да ги консултирате за релевантни информаци. Во нашата земја, таков сајт со интегрални информации во однос на мерките за заштита од Ковид-19, како и препораки за однесување и останати детали е сајтот на Владата. Секоја земја е различна и најдобро е кога се информирате предвид да ги земате само официјалните веб страници на водечки јавни здравствени институции во вашата земја, бидејќи проверени и сигурни информации ќе ви бидат од огромна корист.

Разберете го ризикот

Како што заедниците прават план за справување со можните заразени лица од коронавирус, тие мораат, во своите планови да ги интегрираат и ризиците поврзани со постарите лица и лица со ослабен имун систем што се должи на претходно нарушена здравствена состојба. Овие лица се во поголем ризик од тешка инфекција, па дури и смрт, од Ковид-19. Медицинските научници и истражувачи сё уште не знаат зошто Ковид-19 остава посериозни последици кај постари пациенти. Тоа можеби се должи на фактот што кога старееме, искусуваме постепено ослабнување на нашиот имун систем, што пак значи дека на телото му е потешко да се избори со болести и инфекции.

Исто така, многу постари лица најверојатно веќе патат од хронични медициснки состојби што ја спречуваат способноста на телото да се справува и да закрепнува од болест. Можните ризик-фактори за вирусот да препрасне во тешка болест може да вклучуваат но да не се ограничуваат на постара возраст (65 години или постари) и претходно хронична медицинска состојба како што се болести на белите дробови, рак, слабо срце, васкуларни болести, болести на бубрезите, на црниот дроб, дијабетес и имунокомпромитирачки состојби.

постари лица

Во САД, на пример, моменталните правила издадени од здравствените власти – Центар за контрола и превенција на болести – препорачуваат луѓе постари од 60 години со хронични медицински состојби да одбегнуваат гужви колку што е можно повеќе. А доколку во нивната заедница се појават случаи на заразени лица, тогаш оваа категорија граѓани треба да остане дома што е можно подолго.

Имајќи го претходнокажаното на ум, во прилог се неколку совети за сите, особено за постарите лица:

1. Имајте сигурни залихи од лекарствата што редовно ги пиете и од останатите суплементи кои редовно ги земате

Со оглед на ранливоста на постарите лица и тие со хронични болести, американските институции препорачуваат жителите на САД да имаат пристап до лекарства и потребштини што би им траеле неколку недели во случај да треба да останат дома. Набљудувајте со која динамика трошите од потребните намирници и медицински препарати дома и направете план во случај тие ресурси да се потрошат. Што се однесува до семејства, дознајте кои лекарства ги користат вашите сакани и видете дали можете да им помогнете со тоа што ќе им обезбедите дополнителни залихи.

2. Бидете чисти и дизинфецирани. 

Најчеста препорака е редовно миење раце со сапун и вода, најмалку 20 секунди, а со себе носете и шишенци гел за дезинфекција доколку се најдете во ситација да не можете да ги измиете рацете. Осигурајте се дека вашиот дом и работно место редовно се чистат и дезинфицираат, а особено внимание посветете на чистењето на електорнските направи.

постари лица

3. Одговорете на животните услови на повеќе генерации

Домаќинствата, како и заедниците, можат да се состојат од повеќе генерации, каде различни луѓе се на различни нивоа на ризик а сите живеат под еден покрив. Оттука, домаќинствата мора да размислуваат на ризиците што се однесуваат на сите членови на семејството. Друга важна работа е што многу постари возрасни лица живеат во домови каде другите членови, најчесто децата, настинуваат. Семејствата можат да воведат промени сега со тоа што нема да делат лични работи како храна, шишиња вода и прибор. Ако е возможно, одберете соба во вашиот дом што може да се искористи да се одделат болните членови на домаќинството од здравите. Ако е можно, исто така одредете и купатило кое би го користело болното лице.

4. Направете план за негувателот. 

Постарите возрасни лица можат да добиваат негувателска грижа, така што лицата кои обезбедуваат грижа и тие кои ја примаат треба да дискутираат за подготвителни планови, вклучително и начин кој ќе им овозможи да останат во контакт. Одрете кое лице би можело да ви обезбеди нега ако вашиот негувател се разболи. Овие две категории лица ќе треба заедно да изнајдат решение за понатамошна комуникација и да се осигураат дека нема да се изложат на Ковид-19 во случај да се појави заболено лице во нивните заедници или доколку едниот од нив веќе покажува симптоми.

постари лица

5. Комуницирајте со тие кои обезбедуваат помош и со лицата блиски до вас

Сега е време да се зборува со луѓето кои ќе треба да се вклучени во вашиот план. Можеби ќе треба да побарате помош ако самите се разболите. Состанете се со членовите на домаќинствата, и други роднини и пријатели за да го разговарате вашиот одговор на инфекцијата ако коронавирусот се појави во вашата заедница. Ако вашиот кварт или општина има вебсајт или профил на некој од социјалните медиуми, размислете да се приклучите на истиот за да останете во контакт со соседите, и да добивате проверени информации. Секој кој покажува симптоми треба да ги следи препораките на националните здравствени власти. Тие лица треба да седат дома и да се јават кај нивниот матичен лекар за да го информирате за можни симптоми. Луѓето кои живеат сами исто така треба да направат план, дури и пред да се појави кој било симптом, за да можат пријателите, семејството и здравствените работници да ги проверуваат и да им обезбедат помош доколку развијат симптоми и се разболат.

6. Редовно информирајте се

Ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 се менува брзо. На пример, во некои региони во Кина, државата ги смени мерките од домашен карантин и изолација во засебни установи за сомнителни случаи, и други такви установи за потврдени случаи. Тоа значи дека секој може да најде и редовно да проверува веродостојни извори на информации, како што се официјалниот сајт на СЗО или сајтот на државните ресорни институции.

постари лица

Досегашните случаи на заразени лица со Ковид-19 покажуваат дека вирусот се шири полесно меѓу лица кои живеат под ист покрив. Сепак, со добро планирање, и со вклучување на неколку дополнителни чекори со секој бран нови информации, заеднички можеме да ги минимизираме последиците од коронавирусот.

Запомнете дека во оваа ситуација на основани грижи, повремени неосновани стравови и динамика која брзо се менува, секогаш е важно да запомниме кои се основите за силно тело и ум: одржувајте здрав редовен живот кој вклучува умерено вежбање, здрав режим на исхрана и редовен и доволна количина сон.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -