Способноста за приспособување во развојот на бизнисот е клучна вештина

„Приспособи се и надмини“ е изрека што често пати се користеше во текот на осумте години што ги поминав во армија. Од друга страна, изреката добива целосно ново значење сега кога работам како британски консултант за развој на бизнис во Холандија за време на Ковид-19, пишува Грег Пул, советник за нови клиенти во Equalture, за блогот на школото за развој на бизнис (The BD School).

Еден начин на кој сакам да се опишам себеси е дека прво и пред се`, ја сум ученик!. Така што, не го пишувам овој блог за да ви предочам дека ги имам сите одговори или дури, можеби да го обезбедам најдлабокото, најдобро решение за проблемите поврзани со развојот на вашиот бизнис. Но, можам да ви гарантирам искреност и можам да ви дадам нешто што ќе ви помогне на вашето професионално патување.

Има многу причини зошто, според мене, приспособливоста во развојот на бизнисот не само што е корисна, туку и неопходна!

Нема универзален пристап за секоја ситуација

Работев во доменот на развојот на бизниси во последните 3 години, така што се сметам себеси за млад професионалец. Мојата прва средба со областа развој на бизнис беше за време на моите студии, веднаш по мојата кариера во војската.

Во тоа време имав крут карактер и бев убеден дека ако правам обиди да спроведам еден метод, тоа ќе ми овозможи да генерирам тон вредност за мојата компанија. Секако, така ќе станев крал во областа на развој на бизнисот. Дефинитивно не бев во право. Бидејќи, нема тајно решение за победа.

Одете преку вашите поставени таргети за продажба

Првиот начин да применувате приспособливост во развојот на бизнисот е да сфатите дека се` не се сведува на продажба. Не се фиксирајте на поставениот таргет за продажба, за продавање на вашите права на продажба на трети лица, или која и да е целта. Чујте ме добро, ова е се` уште важно, но не е главен приоритет.

Јас верувам дека како консултант за развој на бизнис, се работи за многу повеќе. Процесот почнува со слушање, учење и разбирање на вашите муштерии. Ова изискува одреден степен приспособливост бидејќи она што произлегува од вашите разговори со клиентите ќе влијае на начинот на кој се справувате со нив. Како што продолжував да се движам на ова невообичаено, навидум недостапно патување на развој на бизнис, сфатив дека ова е дефинитивно првата лекција. Се сеќавам кога почнав, не знаев како ќе изгледа ова патување, но едно нешто сега ми е целосно јасно: што повеќе сте приспособливи, толку поуспешни ќе бидете!

Приспособете го вашиот комуникациски стил

Како консултант за развој на бизнис, голем дел од работата се сведува на комуникација. И погодете што? Ова исто така си бара одредени вештини за прилагодување. Еве пример. Пред некое време работев во индустријата за недвижнини и мојата работа беше да најдам достапни соби и станови во Холандија. Комуникацијата на англиски јазик со холандски клиенти не беше особено тешка, бидејќи скоро сите зборуваат англиски. Но, во еден момент, забележав дека некои од тие муштерии беа прилично збунети кога разговараа со мене. Не ми требаше многу време да сфатам дека начинот на кој ги стуктурирав речениците или можеби некои изрази што ги користев, не им беа јасни на моите соговорници.

Потребна ви е приспособливост во развојот на бизнисот дури и само за да бидете сигурни дека другото лице навистина ја разбира вашата порака.

Така што, мал совет: слушајте ги, слушајте, слушајте, слушајте. Правете белешки. Можете да ги снимате телефонски разговори за да се навратите на работите што ги кажале и потоа да работите со нив, за нив.

Фокусирајте се на создавањето врски

Приспособливоста во развојот на бизнисот исто така значи разбирање што е најдобрата средина да се создадат долгорочни врски со вашите засегнати страни. И кое е најдоброто место? Тоа не е масата во салата за состаноци во вашите канцелариски простори, туку масата за вечера.

Многу често слушам дека луѓето велат дека развојот на бизнисот е „способност за лесно вербално убедување“. Точно е дека треба да знаете за што зборувате, но исто така мислам, дека е подеднакво важно да го изберете вистинското место за овие разговори.

Причината зошто сум толку убеден во ова е дека верувам дека луѓето би требало да се чувствуваат удобно за да можат да се отворат. Запомнете дека во развојот на бизнисот, вие се обидувате да најдете начини да им помогнете на клиентите и партнерите да ги постигнат нивните цели.

Никогаш нема да можете да разберете што тие навистина сакаат ако комуникацијата ви е формална и крута. Еден одличен начин да бидете сигурни дека создавате безбедна средина е да користите нетнографија (истражувачки метод онлајн што потекнува од етнографијата, чија цел е разбирање на социјалната интеракција во современиот контекст на дигитални комуникации) , бидејќи помага во разбирањето на она што навистина го сакаат муштериите.

На пример, можете да ги разгледате постовите на ЛинкедИн на вашата публика и да видите кои теми навистина им се важни. Или пак, можете да ги снимате вашите разговори и да фаќате белешки на конкретните зборови што ги користи вашата публика.

Оваа вежба ќе ги истакне вистинските желби и маки на вашата публика и ќе ви овозможи да постигнете повеќе од обична продажба, односно навистина да направите разлика за нив, нивната компанија, семејство, нивниот следен одмор итн. Ако ви е потребна инспирација, проверете што може да ви понуди овој вебинар: Customer Research.

Слушајте и учете

Мислите дека знаете се`? Сметате дека сте добар продавач, консултант за развој на бизнис, итн?

Приспособливоста во развојот на бизнисот значи дека прифаќате дека ги немате сите одговори и дека учите нешто ново секој ден. Кога и да ги обавувате вашите телефонски разговори или се среќавате со потенцијални клиенти, исфрлете ја гордоста и отворете го умот за учење.

Почнете со поставување прашања; има толку многу работи за пазарот што треба да ги согледате и разберете, како и за поединецот, и нивниот бизнис. Бидете понизни, седнете и слушајте.

Се сеќавам кога почнав да се бавам со оваа дејност, мислев дека се` се работи за самодоверба. Мојата идеја беше дека се` додека сте самоуверени и потковани со знаење, тогаш се` ќе се оствари.

Не било така! Овој став ќе ве доведе до тоа да ги пропуштате новите можности. Наместо тоа, вложете време во запознавање на луѓето околу вас, без разлика дали се тоа колеги, клиенти или партнери. Не сме роботи и сите имаме лична приказна, така што не ги третирајте вашите клиенти како хомогена категорија луѓе!

Фокусирајте се на податоците

На крај, приспособливоста во развојот на бизнисот исто така значи и аналитичко и критичко размислување и потпирање на податоците што ги дефинираат вашите приоритети. Собирајте податоци, поврзете ги со резултатите, и дејствувате врз основа на податоците.

Често пати, во развојот на бизнисот, пукаме во темница и се надеваме да видиме која стрела ќе ја погоди метата. Оваа практика е во ред, но користете податоци за лакот да биде насочен во вистинската насока, во спротивно ризикувате да се застрелате во стапалото!

Ја имав таа привилегија да бидам еден од ретките Британци кои работат во Холандија на раст и скалирање на бизнис на британскиот пазар. Не секогаш сум 100% успешен, но конзистентноста во исходите од работењето и длабокото разбирање дека сум подготвен секогаш да учам сите ги носи на врвот, не само мене.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -