Според Стив Џобс, изборот на кариерата ги одделува успешните од сонувачите (и води до успех)

Бизнис магнат, инвеститор, и пионер во технолошката индустрија, Стив Џобс почина во 2011 год, на 56-годишна возраст. Во текот на неговиот професионален живот, тој изврши огромно влијание, а неговото наследство продолжува да живее и денес, пишува Марсел Швантес, основач и директор за човечки ресурси за бизнис порталот Inc.com.

Џобс се памети не само по неговите постојани напредоци во областа на технологијата и телкомуникацијата, туку и по неговиот инспиративен пристап кон развивањето нови идеи и постигнувањето кариерните цели.

Инфографик подготвен од Resume.io ги доловува темелните кариерни совети на Џобс, како и тие на други успешни основачи и претприемачи, за да ни помогне да ја развиваме сопствената кариера. Џобс во една прилика кажал: „Мислам дека ако вие правите нешто и тоа излезе прилично добро, тогаш треба да почнете да правите нешто одлично, а не да се задржувате на истото нешто премногу долго. Само треба да сфатите што доаѓа следно“.

Фокусирајте се на вашата цел

Погорекажаната изјава ја истакнува важноста на поставувањето свежи цели со цел да бидете сигурни дека го одржувате моментумот во вашата кариера. Ако вниманието ви го одвлечат моменталните постигнувања, тогаш можеби нема да ги забележите можностите и долгорочните амбиции.

Џобс секако дека никогаш не се задржа на некое од неговите постигнувања подолго време. Тој веќе постигна слава и создаде богатство до 1977 год, само една година откако стана ко-сопственик на Apple. Потоа продолжи да бара и да развива нови идеи, системи и производи во текот на следните три децении.

Апсолутно е во ред да прославите некој успех, се разбира, но ако не го вперите погледот во нова цел, тогаш можеби ги ограничувате можностите за вашата долгорочна кариера. Она што каталогот на Џобс на неговите иновации и постигнувања го покажува е дека поставувањето цел мора да биде динамичен и постојан процес, наместо еднократен настан.

Прашајте што е следно?

Сигурноста дека сте опремени за иден успех не значи дека

Сигурноста дека сте опремени за иден успех не значи дека на ум треба да имате една дефинитивна цел. Рим не бил изграден за еден ден, и во 1976 год, Стив Џобс не знаел дека во 2007 год ќе му го презентира „ајфонот“ на светот.

Тој беше во можност да продолжи да дига револуции во светот на потрошувачката технологија со иновациско портфолио кое постојано се прошируваше бидејќи знаеше да праша „што е следно?“.

Напредокот често пати постепено се остварува бидејќи таква е неговата природа, и нови идеи и развои можат да се родат од минати успеси. Кариерата на Џобс е сведоштво на поставувањето цели што се надоградуваат на основачките вештини и на знаењето што се стекнува, но и на способноста да се предвидат нови предизвици што ве тераат да одите напред.

Ова е важно за која било кариера, во кое било поле. Единствено што треба да направите е да се фокусирате на следното нешто што ќе ве мотивира да успеете. Можете да направите целокупна анализа на она што веќе сте го постигнале, но фокусирајте се онаму каде што сте тргнале.

Изградете самодоверба со цели што можат да се постигнат

Сега ви е потребен систем што ќе ве држи одговорен. Цели што можат да се дефинираат како „се`-или-ништо“ можат да ве натераат да се чувствувате како да се невозможни, и се сигурен начин да ви ја исцедат самодовербата. Наместо тоа, поставете постепени цели за да изградите моментум во текот на вашата кариера. Ова е многу попрактично и остварливо отколку потпирањето на една голема цел што треба да одреди дали вашата кариера е успешна или неуспешна.

Откако еднаш ќе ја дефинирате вашата голема, смела цел, раскреште ја во помали, повеќе квантификативни цели за да ви биде полесно да се справите со неа. Секоја остварена мала цел ќе придонесе кон градење поодржлива смисла за напредок. Кога сте подготвени да си зададете нова цел, запрашајте се себеси: „Кога сакам да ја остварам оваа цел?“; „Колку време ќе ми треба?“; „Кои ресурси и вештини ги имам?“; „Кои ресурси и вештини ми требаат?“.

Ова ќе ви помогне да размислите за тоа каде сте во моментот и да ви даде јасна и практична смисла за тоа што треба да го направите за да ја остварите вашата цел. Со секоја нова цел, ќе откриете дека градите на репертоар од ресурси, вештини и искуства што постојано се проширува и што го поттикнува вашиот напредок се` повеќе и повеќе.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -