Социјалното претприемништво треба да игра клучна улога во закрепнувањето на деловниот екосистемот по Ковид-19

Корпоративната социјална одговорност полека но сигурно зазема централно место во стратешките приоритети на корпорациите во последната деценија. Но, голем број компании имаат пристап кон социјалната одговорност како нешто што е „добро да се има“, наместо како нешто што мора да биде. Сепак, постои се` поголема свесност за влијанието на социјалната одговорност на крајниот исход на успешните бизниси, така што еволуцијата на оваа стопанска гранка станува неопходност, пишува Доминик Газар, менаџер за корпоративна одржливост во британска банка и финансиска институција HSBC.

Пандемијата на Ковид-19 послужи како еден вид будилник за сите нас. Сведоштвото како овој микроскопски вирус ги поремети нашите дневни рутини и бизниси создава чувство на понизност, но тоа исто така ги обелоденува и злоделата што модерниот живот ги изврши врз нашата планета преку загадувањето и губењето на природните хабитати. Сега, добросостојбата на луѓето, општеството и нашата планета е меѓу најврвните приоритети во секојдневните практики. Начинот на кој се работи бизнис се промени и тоа ја забрза потребата одржливоста да стане клучна стратегија на компаниите, со директно влијание на вработените, клиентите и добавувачите.

Растат корпоративните напори за одржливост

Како резултат на ова, тимовите кои работат на корпоративната одржливост ги водат напорите за подобрување на внатрешните процедури и операции, и размислуваат за тоа како организациите можат да имаат позитивно влијание врз животната средина.

HSBC, вели Газар, ги предводи напорите за одржливо финансирање и го користат основниот бизнис за да ги зголемат напорите за одржливост кај нашите клиенти и за финансирање проекти што се однесуваат на зачувување на животната средина. Сепак, банката инвестирала и во многу програми во последните неколку години што им помагаат на заедниците да создадат посветла иднина за самите себе.

Овие иницијативи, што се фокусираат на развојот на идни вештини, социјалното претприемништво  и обезбедување можности за помалку развиените заедници, станаа клучни активности за време на појавата на пандемијата. Бидејќи беа изгубени голем број работни места и стапката на дигитализација се зголеми, билиони луѓе треба да бидат охрабрени да стекнат нови вештини за да успеат. За возврат, корпорациите можат да играат многу важна улога во поглед на обезбедување поддршка на заедниците за да закрепнат од последиците на Ковид-19 преку ефективни иницијативи за одржливост.

Различни програми и иницијативи се фокусираат на стекнување нови вештини кај младите и компаниите

Еден пример за таков иницијативи е Tatawwar, што на арапски значи „да се развива“. Станува збор за возбудлива, интерактивна програма за чиј развој е одговорна HSBC и Potential.com. Активностите се насочени кон здружување на студенти, професори, родители, училишта и бизнис заедницата за заеднички да работат на иновации за подобра иднина. Иницијативата им овозможува на студентите да ги презентираат нивните иновативни идеи што треба да се однесуваат на една од трите цели на Обединетите Нации за одржлив развој: климатски дејствија, човеково здравје и добросостојба и чиста вода и санитација.

Студентите исто така имаат можност да развиваат и вежбаат важни социјални и бизнис вештини, да разберат што значи посветеност на одржливост, да се поврзаат со корпоративниот свет и да ги слушнат размислувањата на исклучителни професионалци. Победниците во програмата ќе имаат единствена шанса да ги покажат нивните иновативни идеи на Експо 2020, што ќе се одржува во Дубаи следната година. Со обезбедувањето можност за младите да го научат целокупниот процес на започнување социјален бизнис, и со достапноста на алатки со кои можат да основаат социјално претпријатие, можеме да ги охрабриме и да им помогнеме да го променат начинот на размислување од образовани баратели на работа во образовани создавачи на работни места.

Иднината на одржливоста е кај социјалните претпријатија

HSBC силно верува дека социјалното претприемништво ќе создаде милиони можности и работни места низ целиот свет. Банката има поддржано многу други програми чија цел е развивање одржливи деловни вештини, не само кај младата популација туку и кај постоечките бизниси.

Во партнерство со иницијативата Consult and Coach for a Cause, HSBC го основаа и Акцелераторот за социјално влијание, организација која им помага на искусните претприемачи да ги подредат нивните бизнис модели со можностите за одржливост.

Пореметувањето предизвикано од Ковид-19 само ги засили и очаја нашите напори да ја развиеме следната генерација социјални претпријатија, истакнува Газар. Овие фирми ќе создадат работни места, ќе доаѓаат до решенија за глобалните предизвици, и ќе ја забрзаат новата доба на одржливи деловни практики. Со сиот притисок што го предизвика пандемијата, сега имаме можност да ја искористиме како поттик да се обединиме, и да создадеме посветла и поодржлива иднина.

Извор: msn.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -