Совети што секој мал бизнис треба да ги следи

Би требало да ја искористите секоја можност одново да го процените вашиот бизнис и да одлучите во кој дел сте можеле да бидете подобри. Практиките што ги објаснувам во оваа статија ќе ви помогнат да постигнете успех, пишува Адам Узиалко, одговорен уредник во Business News Daily, каде ги уредува статиите на дописниците и договорените автори и пишува рецензии за производи или услуги.

Имајте на ум дека подобрувањето на работењето на вашиот бизнис е постојан напор и вниманието на деталите во вашата компанија може да ви помогне да постигнете успех. Редовното ажурирање на вашиот софтвер ви помага да го заштитите вашиот бизнис од потенцијални безбедносни прекршоци онлајн. Организирањето на вашите документи ви помага да имате брз пристап до она што ви треба, што е особено важно кога треба да се платат даноците.

Бизнисите се жив организам кој бара внимание. Бизнисот може да престане со развој или да продолжи поради многу различни причини, како што се промена на менаџментот, нестабилна деловна средина или нови конкуренти. За вашиот бизнис да биде здрав, ќе мора постојано да ја анализирате внатрешната и надворешната структура за да бидете сигурни дека расте во вистинската насока. Оваа статија претставува анализа на практичните и апстрактните стратегии што малите бизниси можат да ги применат на нивниот пат кон успехот.

Надградете го софтверот и обезбедете ги мрежите

Стар софтвер е една од највообичаените причини зошто мрежата на еден бизнис станува ранлива на сајбер напади. Набавувањето на последната верзија на целиот ваш софтвер е лесна поправка. Со ова можете да спречите вашиот бизнис да страда од сајбер напади со страшни последици.

Софтверските компании редовно ги опремуваат нивните производи со одбрана против закани и ги надминуваат претходните слабости. Игнорирањето на овие способности на новите верзии на софтверот ве става во голем ризик од станување жртва на различни сценарија што можат да се спречат, како што беше нападот WannaCry ransomware во 2017 год, што можеше да се одбегне со едноставно ажурирање на оперативниот систем, месеци пред да се случи инцидентот.

Обединете ги напорите да го издигнете брендот и маркетингот

Во модерната дигитална средина, има многу канали низ кои бизнисите можат да допрат до нивната публика. Клучно е да бидете сигурни дека напорите да го издигнете вашиот бренд на повисоко ниво и напорите што ги вложувате во успешен маркетинг се обединети и кохерентни на сите канали, иако се оптимизирани со цел да одговараат на секоја специфична платформа. Маркетинг активности што во голема мера се потпираат на еден канал додека ги занемарувате останатите се осудени да пропаднат во хипер-поврзаниот свет.

„Најважното нешто за сопственици на мали бизниси е да сфатат дека стихијниот и делумен пристап во маркетингот е смртна пресуда,“ вели Еван Берглунд, виш партнер во Агенција Гонзберг.

Вашата стратегија на социјалните медиуми треба да се отсликува и на вашиот вебсајт, и вашето рекламирање треба да ги повторува пораките што ги промовирате со маркетингот на вашата содржина. Одредете ги емоциите што сакате вашиот бренд да ги предизвика и потоа опфатете ги тие во напорите што ги правите во маркетингот, секако приспособени да одговараат на динамиката и културата на Facebook, Twitter или LinkedIn.

Зголемете ја сопствената свесност за правните регулативи

Регулативите често пати се извор на пропаст за малите бизниси бидејќи е потребно да ги разбирате сите промени во правниот пејзаж на вашата индустрија. Иако успешното движење во светот на правните одредби, регулативи, забрани и дозволи може да биде вистинска мака, малку аспекти од водењето бизнис се толку важни колку што е гаранцијата дека работите според законот.

За да носите умни одлуки за вашиот бизнис, потребно е да ги познавате постоечките закони, како и законските промени што можеби се носат во моментот. Претприемачите треба да бидат свесни за правилата. Кога размислувате кој закон или одредба се однесува на вашиот бизнис, секогаш консултирајте се со адвокат.

Организирајте ги документите

Добро управуван бизнис мора да содржи голем број документи, но тие информации нема да ви завршат работа ако се неорганизирани и тешки за пристап.

Можеби дури размислувате и за усвојување технологија што ќе ви помогне полесно да ги организирате вашите архиви. Има голем број софтверски решенија што помагаат да се дигитализираат хартиени документи и го автоматизираат процесот на водење евиденција. Овие документи се особено важни во периодот кога треба да ги платите даноците и во справувањето со владините одредби, но тие исто така помагаат во разјаснувањето на редовните операции.

„Поднесете го годишниот извештај во добра состојба, и осигурајте се дека информациите за вашиот бизнис се точни и ажурирани, вклучувајќи ја и вашата сегашна адреса и која било друга промена,“ вели Дебора Свини, извршен директор на MyCorporation. „Ако имате дозвола за бизнис, бидете сигурни дека знаете кога треба да се обнови и платете го тој трошок за да не прекршувате ниеден закон“.

Потврдете ја изјавата за вашата мисија

Изјавата за вашата мисија би требало да биде основа и ѕвезда водилка во вашиот бизнис. Таа изјава треба директно да е поврзана со вашите цели и амбиции, и да служи како патоказ за вашиот тим. Често пати сепак, бизнисите дозволуваат изјавата за нивната мисија да остане непроменета, дури и кога компанијата се трансформира и расте.

Нема такво време, како на пример почетокот на годината, за да ја потврдите широката мисија на вашата компанија и да ги преиспитате вашите цели за тоа како постојано да ги опслужувате вашите таргетирани клиенти. Бидете сигурни дека вие и вашите вработени знаете зошто компанијата воопшто постои – ова ќе му даде на вашиот тим јасна цел, а остатокот е планирање и извршување.

„Како сопственик на бизнис, лесно е да се изгубите во секојдневните обврски и да ги заборавите вашите долгорочни цели и причина за постоење,“ вели Брус Пун Тип, основач на G Adventures. „Имањето јасна смисла за цел ќе ги мотивира вашите вработени да дадат се` од себе, ќе го зајакне фактот дека вашите активности се дел од една кохезивна стратегија, и ќе ве постави на најдобриот пат за раст и долгорочен успех“.

Наградете го вашиот тим

Важно е вашиот тим да се чувствува ценет. Оддавањето почит за нивната работа и напори можат да ја подобрат компаниската култура и исто така претставува поттик за квалитетна работа. Ако никој не оддава признание за постигнувањата на вработените, тогаш тоа може да води кон оставки. Кога ја наградувате и препознавате работата што ја врши вашиот тим, тогаш вработените ќе се чувствуваат ценети и ќе работат вредно.

Важно е да го одберете соодветниот систем за награди во вашиот бизнис. Бонуси, дополнителни слободни денови и компаниски натпревари се добри начини да се поттикне ефикасноста, но исто така важно е да имате бура од идеи за да најдете начини на кои ќе им покажете дека нивната работа е ценета. Ова може да вклучи воспоставување независен систем за награда или неструктуирани начини да се заблагодарите. Можете да го почастите тимот ручек за да им заблагодарите за добрата работа. Вашиот тим ќе ги уважи ваквите чекори.

Давајте повратни информации

Комуникацијата е клучна во секоја врска, вклучувајќи го и односот што го имате со вашите вработени. Отворено и постојано давање повратни информации е еден од малкуте начини на кој вашиот тим може да одреди колку добро работи. Јасноста им помага на вработените да ја произведат работата што вам ви треба. Кога вашиот тим е свесен за очекувањата, тогаш можете да создадете успешна работна средина. Отворената комуникација ги обединува сите кон иста цел.

Бизнисите кои немаат инкорпориран систем на обезбедување повратни информации често пати патат од стагнација. Вашите вработени треба да се отворени за повратни информации, и не треба да се плашите да им ги дадете. Се` додека односот со вашиот тим е заснован на искреност и почит, би требало да сте способни да си помогнете еден на друг за да растете. Системите за обезбедување повратни информации треба да се поврзани со мисијата на вашата компанија: јасно покажете дека сите се обидувате да остварите одредена цел заедно.

Одржувајте редовни состаноци со вашиот тим

Комуникацијата е клучна, и во смисол на нудење повратни информации и во обезбедување простор каде тие можат да ги искажат нивните мислења во однос на работата. Состаноците со тимот обезбедуваат исто така простор во кој вашите работници можат да испитуваат нови идеи и да соработуваат на подобрувањето на бизнисот. Кога вашиот бизнис напредува, им станува лесно на вработените да се затворат во нивната работа и нивните сектори. Одвојувањето време да се сретнете со вашиот тим за време на неделата го охрабрува тимскиот дух и колегијалноста.

Ова може да е одлично време да добиете идеја за тоа каде се стигнати сите со нивната работа и да разменувате идеи. Кога вашите вработени се свесни што сите работат, тогаш имате шанса да добиете поголем увид во самата работа и да си помогнете едни на други да ги остварите целите.

Анализирајте ги деловните врски

Водењето успешен бизнис е поврзано со градење добри врски. Морате да имате добар однос со вашите работници, партнери и клиенти. Најдобрите, најуспешните мали бизниси можат да одржуваат рамнотежа во овие врски како што компанијата расте и се менува. Два основни фактори за создавање врски што можат да можат да ги ублажат негативните промени во компанијата се доверба и ранливост.

Најпродуктивните компании имаат позитивни односи меѓу вработените и менаџерите. Ова значи дека бизнис лидерите мора да бидат ранливи со цел да создадат доверба со нивните работници. Вашиот бизнис ќе остварува раст поради тоа. Вработените треба да се чувствуваат дека се во можност да зборуваат отворено со нивните претпоставени. Ова исто така дозволува да се споделат повеќе идеи и им овозможува на работниците да се чувствуваат дека припаѓаат на колектив. Ако создавањето деловно односи ви е приоритет, тогаш тоа може да создаде основа на доверба што придонесува кон позитивен раст.

Подредете ги вашите цели

Исто како создавање позитивни бизнис односи, прецизирањето на вашата изјава за мисијата и подредувањето на вашите цели ќе ви овозможи да стекнете предност пред вашите конкуренти. Изјавата за вашата мисија треба јасно да ја комуницирате со менаџерите, но поставете цели што ќе се трудите да ги остварите со вашиот тим на секојдневна основа. Со постојана анализа на правецот во кој се движи вашиот бизнис и одржувањето јасна заедничка цел, можете да имате увид во целокупното работење на вашата компанија, од долу нагоре.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -