Совети за мали бизниси од седумнаесетгодишна девојка која создаде успешен бизнис

Тајла-Симон Крајтон постигнала многу за 17-годишна девојка: таа е основач и извршен директор на „Сосот Сиена“, односно нејзините сосови за пилешко месо се продаваат во над 70 малопродажни продавници низ цела Америка. Во 2019 година, нејзината компанија генерираше 192,000 долари во приходи, споделила таа во интервју за Си-Ен-Би-Си. До денес, таа успеала да собере над 45000 долари – средства што ги освоила на различни натпревари каде ги презентирала нејзините бизнис идеи и собрала речиси 200000 долари преку инвеститори за кампањско финансирање (crowdfunding).

Денес, Крејтон продлжува да работи на растот на нејзиниот бренд и не планира да забави.

„Сакам сосот Сиена да стане име што ќе биде присутно во секое домаќинство,“ вели таа. „А бизнисот ќе се пренесува од генерација на генерација“.

Крајтон научи многу за тоа како се гради бизнис од луѓето кои ги сретнала по пат – вклучувајќи го и милијардерот Марк Кјубан. Во продолжение се совети што Крејтон ги споделува за сопствениците на мали бизниси и за оние кои сакаат или планираат да се занимаваат со претприемништво.

Поставувајте прашања и постојано учете

„Никогаш не плашете се да поставувате прашање,“ вели Крејтон, која го создаде сосот кога имаше 8 години и почна да го продава кога имаше 14.

„Понекогаш сме затечени со нашата гордост и слични чувства, но никогаш не плашете се да бидете ранливи и да поставувате прашања бидејќи е ОК да не сте најпаметниот човек в собата,“ кажа таа неодамна за Си-Ен-Би-Си. „Секогаш можете да учите од некој друг“.

Постојаното учење и` е важно на Крејтон – како претприемач тинејџер која треба да најде време и за домашно учење и за менаџирање на нејзината компанија, така што таа се` уште наоѓа време да посетува часови за бизнис онлајн.

„Има толку многу знаење на интернет. Ако не знаете нешто, изгуглајте го,“ вели таа, и ако тоа не функционира, тогаш купете книга што може да ви помогне.

Ѕвездата на емисијата „Аквариум за ајкули“ и претприемач – Кјубан, се сложува со ова гледиште.

Тој ја изненади Крејтон кога беше дел од интервјуто за програма „Повеќе заеднички работи“ на Еј-Би-Си, во октомври, и и` понуди совет. Како посветен адвокат на иницијативите за доживотно учење, Кјубан и` ја повтори важноста на постојаното усвојување нови знаења.

„Бизнисот е спорт, и морате да се натпреварувате. Но најважно е дека мора да сфатите дека треба да учите цело време,“ Кјубан и` рече. „Одличниот претприемач постојано учи бидејќи работите се менуваат постојано“.

За да бидете „најдобри, одлични во играта, морате да работите повеќе од сите други,“ потенцира Кјубан. „Тоа значи да одите на часови за финансии, маркетинг и сметководство без разлика дали во училиште или онлајн,“.

Најдете ментор

Крејтон препорачува ментор кој ќе ве води низ подемите и падовите.

„Најдете некој кој го прави тоа што вие сакате да го правите и прашајте го/ја да биде ваш ментор,“ вели таа. „Следете ги нивните чекори“.

Со менторот, вашиот бизнис „ќе расте побргу“ и „ќе ви помогне да се чувствувате како да не се борите сами“.

Вашиот ментор не мора да биде претприемач во истата индустрија како и вие, додава таа, бидејќи „иако сме во различни индустрии, сите поминуваме низ истото“.

Навистина, експертите за развој на кариера велат дека менторот може да ја забрза кариерата и личниот раст. Всушност, менторството им помогнало на многу исклучително успешни луѓе – милијардерот инвеститор Реј Далио му беше ментор на музичкиот магнат Шон „Диди“ Комбс, модната икона и уредничката на американското издание на списанието за мода Вог и` беше ментор на дизајнерката Тори Бурч, и легендарниот инвеститор Ворен Бафет му беше ментор на поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез. Ова се само некои од примерите.

Слушајте ги вашите муштерии

Крејтон советува да го слушате тоа што имаат да ви го кажат муштериите. Таа ја научи вредноста на оваа практика сама, откако го лансираше нејзиниот прв „препознатлив сос“, наречен Танги, во 2018 година.

„Нашите муштерии постојано бараа нови вкусови,“ објаснува таа, што пак водеше до создавањето на два нови вкусови – лут сос и лимон и бибер. Со дополнителните опции, нејзината компанија оствари поголема продажба. „Затоа денес имаме три различни вкусови“.

Барањето повратни информации од нејзините клиенти стана клучен дел од бизнисот на Крејтон. „Како компанија, живееме според тоа правило,“ додава таа.

Други успешни претприемачи, како што е извршниот директор на Амазон, Џеф Безоз, и извршниот директор на Зумба фитнес, Алберто Перлман, изградија компании на повратните информации што ги добиваа од нивните клиенти. „Мора секогаш да го слушате вашиот муштерија, и тоа да слушате помеѓу речениците,“ Перлман има изјавено во едно интервју.

„Кога ги слушате вашите клиенти, тогаш тие ви кажуваат што точно сакаат,“ вели Крејтон.

Таа обожава да зборува со муштериите за нејзините производи. „Тој дел е навистина важен за растот на мојот бизнис. Така што, секако дека ќе ги слушаме за да видиме што следно сакаат од нас“.

Во ред е да промените насока

„Во ред ако не сакате да правите само едно нешто,“ вели Крејтон.

„Луѓето секогаш прашуваат: Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Што сакаш да правиш? Секогаш те тераат да одбереш едно нешто. Но имаме толку многу време“.

И со тоа време, да се обидете да правите нешто ново или што ве интересира, може да доведе до успех – иако вашата позадина припаѓа на друга индустрија. „Тоа е важно за сите, бидејќи некогаш сте заглавени во една работа, или на одредено работно место, па си мислите – ова е тоа. Но во ред е ако сакате да правите нешто друго,“ истакнува таа.

„Немојте да се чувствувате виновни. Немојте да се чувствувате како да немате фокус бидејќи станува збор за вашиот живот кој треба да го живеете“.

„Што и да правите,“ вели таа, најважното нешто е да „бидете сигурни дека тоа што го правите го правите до крај. Без разлика што правите, едноставно правете го тоа со цело срце“.

Извор и фотографија: cnbc.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -