Следната година Адидас планира да користи одржливи материјали во 60% од производите

Од патики за трчање што можат целосно да се рециклираат до веганска кожа направена од алги, Адидас има големи планови за 2021 година. Во известувањето до медиумите во понеделник, гигантот даде заклетва дека ќе вклучува одржливи материјали, како што се рециклиран полиестер и памук одгледуван на одржлив начин, во повеќе од 60% од производите што ќе ги продаде следната година. Како ќе го оствари ова? Дознајте повеќе за материјалите и откријте.

Нова веганска кожа

Адидас е компанија која е добро запознаена со алтернативи на кожа добиени од различни растенија, и оваа година понуди неколку верзии на класичните стилови направени од ваков материјал. Но компанијата планира иновациите во создавање материјали од растенија да ги однесе еден чекор подалеку следната година.

Вестите дека Адидас развива сопствена веганска кожа брзо предизвикаа голем интерес оваа недела. Направени се од мицелиум, што е влакнеста состојка на габите. Алтернативниот материјал на биолошката кожа ќе го има своето деби во обувките следната година.

Бавен но постојан напредок кон циркуларност

Адидас постојано и рамномерно ја зголемуваше употребата на рециклирани материјали во изминатата деценија, но за 2021 година има големи планови. Повеќе од 60% од полиестерот во брендираните патики и алишта сега се рециклира, и Адидас цели да користи исклучиво рециклиран послиестер до 2024 година.

Компанијата сака да го поддржи развојот на моделите на циркуларно производство преку партнерства за истражување, вклучувајќи и напори да се трансформираат искористените алишта во материјал што наликува на памук. Моделот Ultraboost направен целосно од рециклиран, единствен материјал без лепак, беше полн погодок во октомври, а Адидас планира да понуди на пазарот наследник на пролет следната година.

Купувањето и развојот на нови рециклирани материјали ќе биде делумно финансирано од хартија од вредност за одржливост што компанијата ја издаде во септември, проценетата на повеќе од 600 милиони долари.

„Продолживме да инвестираме во иницијативи за одржливост за време на пандемијата на коронавирус, и значително ќе ја зголемиме понудата на одржливи производи во 2021 година. За оваа цел, на пример, работевме со нашите добавувачи за да создадеме структури што ќе го овозможат процесот на рециклирање материјали во крупни размери,“ изјави извршниот директор на Адидас, Каспер Рорштед. „Не само што таа наша посветеност ќе го направи Адидас поодржлив, туку тоа го поттикнува и развојот на целата индустрија“.

Производите од океанска пластика се покажаа како вистински хит

Адидас има сериозни амбиции да придонесе во одржливоста на индустријата, вклучувајќи ја и целта да се „стави крај на пластичниот отпад“. Петгодишното партнерство со иницијативата за подигање свесност за загаденоста – Parley for the Oceans – ја однесе компанијата чекор поблизу до остварувањето на оваа цел.

Адидас и Parley ја лансираа на пазарот првата патика направена од пластика што беше собрана од плажите и бреговите во 2015 година, и оттогаш има продадено милиони парови, вклучително и 15 милиони парови патики само во 2020 год. Партнерите успеаја да соберат речиси 7000 тони пластика минатата година, што е еквивалентно на околу 350 милиони пластични шишиња кои Адидас ќе ги употреби за да произведе околу 17 милиони парови патики и други производи во 2021 година.

Извор: Triple Pundit

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

За успешен стартап бизнис, размислувајте како научник

Секој пат кога претприемачите или иноваторите добиваат идеја, вообичаено се прашуваат: „што можам да создадам за да ја тестирам идејата?“. Но би...
- Advertisment -