Се зголемува финансирањето на ЕБОР и ЕУ за мали и средни компании од Западен Балкан

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија ја зголемуваат поддршката за малите и средни претпријатија од Западен Балкан, со дополнително финансирање, по појавувањето на пандемијата на Ковид-19.

Банката ќе обезбеди до 70 милиони евра нови кредитни линии за партнерските финансиски институции, со цел натамошно кредитирање на локалните бизниси во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. ЕУ ги дополнува овие средства со 15 милиони евра кои се наменети за идентификување на најдобрата достапна опрема и технологија, со цел да обезбеди зголемување на конкурентноста на овој вид претпријатија и поддршка на транзицијата кон зелена економија.

Земјите од Западен Балкан одговорија на пандемијата на коронавирусот со строги мерки во јавното здравство, кои пак имаа големо влијание врз економијата. Овие земји страдаат и од глобален економски пад и намалена побарувачка на нивните производи.

ЕБОР и ЕУ, преку Тимот Европа, ги поддржува малите и средни компании во нивната амбиција да станат поконкурентни и да пронајдат иновативни решенија за справување со новите предизвици.

Средствата ќе им обезбедат услови на виталните бизниси да продолжат да имаат соодветен пристап до финансии, да ги задоволат високите стандарди на производите и да бидат добро позиционирани за да ги искористат понудените можностите за извоз во регионот и на европските пазари.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -