Секоја жена е посебна на свој начин и моќна да се справи со сите предизвици

Вчера во хотелот Гарден СПА во Скопје се одржа интересен настан за жените од Women in Adria MK и  жените во бизнисот од ИМЕ програмата со една голема причина – да се истакне нивната посебност.

Во пријатна атмосфера со кафе чај и исклучително позитивна енергија присутните имаа можност да се дружат, да разменат искуства, но и да слушнат совети од трите говорнички Снежана Богдановска Сани, Филимена Радоњанин од FEYDOM и Ангела Христовска од My creative team.

Познатата модна икона Сани сподели совети на тема како треба да изгледа една деловна жена и каква се порака пренесуваме со изборот на облеката, особено во бизнисот.

Филимена Радоњанин стави фокус на канцеларијата како еден вид на мотивација за работењето и колку уредувањето на деловниот простор може да делува мотивирачки за луѓето што поминуваат долго време во него.

Ангела Христовска од My creative team зборуваше за еден многу чест проблем на денешницата – недостаток од време и понуди решение, односно алатка во вид на бележник којшто помага за паметно планирање на времето.

Присутните на настанот имаа можност да се информираат за клубот на жени Women in Adria MK и единствените можности што тој ги нуди за сопственичките на бизниси и за сите жени што имааат или сакаат да започнат свој бизнис.

Поради големата заинтересираност за настанот, организаторите наскоро најавуваат нова средба и уште едно бизнис дружење на жените претприемачки од Македонија, како и можност да се стане дел од клубот на жени Women in Adria MK.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Финалната листа на Apple за 2019 содржи 230 нови емотикони

Apple доби одобрување од Unicode Consortium за финалната листа на емотикони за годинава, којашто вклучува 230 нови виртуелни фигури. Некои од новите емотикони се фламинго, видра,...
- Advertisment -