Секое ново утро е нова шанса за креативна авантура

Задоволство ни е да споделуваме успешни инотивни и интересни приказни, а тука место си најде и FEYDOM, бизнис што веќе 13 години креира произведува и дистрибуира.

Признат квалитет, дизајн, зад чии што темели стојат двајца креативци Филимена и Зоран Радоњанин.

Филимена, сопруга и мајка на две ќерки, успешно менаџира повеќе улоги во својот живот. Таа е архитект, дизајнер, претприемач и ментор, како и инспирација за млади дизајнери и идни претприемачи.

За секој почеток потребна е добра идеја. Која беше појдовната точка за вас и како стартувавте за да стигнете онаму каде што сте?

Идеја

Околу 2005 година имаше период од повеќе години во животот кога заедно со моето семејство многу патувавме и менувавме различни места на живеење на три континенти. Постојано бевме на релација Скопје, Сиднеј, Шангај, градови во кој што оформивме по еден дом и требаше за секој да избереме и мебел за дома. Нашата дневна соба, како централно место во секој дом, требаше да биде и работна просторија, детска соба, гостинска соба, и што се не. Мебелот што ни беше потребен, мораше да има можност за ПРОМЕНИ. Таков вид на мебел беше секаде многу тешко да се пронајде, или беше неквалитетен или прескап.

Со оглед дека и двајцата имавме архитектонски background, а во тоа време живеевме во Шангај/Кина, не ни беше проблем да направиме неколку дизајни на гарнитури за седење кои одговараа на нашите потреби. Прототипите пак за кратко време наидоа на многу позитивен одзив од целата интернационална заедница  на нашите соседи. Бевме многу возбудени и радосни додека работевме на тоа и наскоро решивме тоа да биде нашиот прв заеднички проект.

Резултат од работата на развој на тој проект после 13 години е нашиот креативен центар во Скопје, под чие менторство помеѓу останатите проекти се гради и успешната приказна на концептот FEYDOM.

Вашиот бизнис се состои од три дела инкорпорирани во еден успешен бизнис. Како функционира тоа и на кој начин ги организирате обврските?

Бизнисот на FEYDOM е организиран во 10-тина компании низ Европа кои работат развој на различни проекти во некој од деловите:

  1. ”HOUSE OF 1.000 DESIGNERS” нашиот центар за дизајн и развој на производ,
  2. ”FEYDOM FURNITURE” Производна линија за мебел во Визбегово
  3. ”FEYDOM COLLECTIVE” Интернационална дистрибутивна мрежа на оригинално дизајниран мебел

Сите друштва и поединци кои на било кој начин учествуваат во системот имаат зададено сопствени цели и работат на нивно исполнување. Тоталната транспарентност на сите финански и материјални податоци како и на плановите за развој, овозможува секој да може да го валоризира својот труд и да ги проценува резултатите на сопствената работа.

Тоа доведува до ситуација во која сите делови функционираат самостојно на партнерски принцип, во некаков вид симбиоза. Секој си го завршува својот дел од работата, но во меѓувреме со целосна размена на информации, кој што придонесуваат за олеснување на работата во секој сегмент во циклуст : дизајн-производство-продажба и обратно.

Ваквата организираност е решение за FEYDOM кое овозмжува оформувањето на поголема група на фирми да придонесе вземно да ги користат предностите на заедничката инфраструктура и можноста за размена на искуствата, што многукратно може да го забрзува нивниот развој.

Без иновација и креативност не би имало ни напредок. Дали ги следите светските трендови во индустријата или настојувате тоа да бидат иновации од талентирани луѓе кои се дел од вашата приказна?

Иновативност

Иновацијата е основа на целокупната работа во FEYDOM и HOIOOOD уште од самиот почеток. Концептите кои ги развиваме не се врз основа на трендови и мода туку произлегуваат од секојдневните потреби на луѓето кои живеат во урбани средини.

Функционалноста споена со естетика е главната иновативна карактеристика на производите на FEYDOM, и тоа е тоа што концептот го прави препознатлив во тоа море од слични продукти. Различноста е воедно и причината за упехот на меѓународен план.

Секако наградите за иновативен дизајн кои редовно ги освојуваат производите, а кои се едни од најпрестижните на светот помагаат во тоа.

Мотото под кое FEYDOM настапува на сите пазари е:

”Креирано од дизајнери, за дизајнерот во секој од нас.”

Колкумина моментално работат во Фејдом и каде се имате продажни капацитети?

Производната линија на FEYDOM во Визбегово ја сочинува еден прекрасен тим од над 100 вредни мајстори, кои произведуваат околу 30 гарнитури дневно и ги испраќаат до нивните колеги од продажната мрежа составена од сега веќе 13 компании во Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Грција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Чешка, Словачка, Германија, Шпанија и Малта.

Во моментот во подготовка се три нови проекти: FEYDOM CHINA, FEYDOM DUBAI и FEYDOM AUSTRALIA, за кои се очекува да почнат со работа на почетокот на наредната година и тоа би требало да овозможи FEYDOM како бренд официјално да излезе од рамките на Европа.

Дали соработувате со други компании и каков вид на соработки се тоа?

Целокупната работа на HOIOOOD и FEYDOM, од самата идеја, преку развој на производ, па после набавка на материјали, производство и на крај  до испорака на клиентите, сето тоа се одвива во рамките на групата. Иако сме константно отворени за соработка ретки се случаеви на соработка. Од нив секако дека може да ја истакнам со компанијата Махагони од Куманово со која веќе имаме повеќегодишна многу успешна соработка која најверојатно во иднина прилично ќе се прошири.

Платформата која ја развиваме во нашиот центар за развој на производ ho1000d.com  е со цел да овозможи директна врска помеѓу дизајнерите, производителите, дистрбутерите и инвеститорите и се надевам дека тоа во голема мера ќе иницира соработка со многу компании и поединци од индустријата.

По што Фејдом е поразличен од конкуренцијата. Што се нуди вашето портфолио?

Поразличен

Бизнис моделот кој го креираме и по кој работат FEYDOM и во HOIOOOD е многу редок во светот а поготово на Балканот и се одликува со следниве принципи:

  1. тоталната корпоративна транспарентност, 2. отворената распределба на проекти и ресурси, 3. највисок степен на корпоративна и општествена одговорност

Таквиот начин на работа овозможува органски раст на бизнисот со развој на различни иновативни проекти, така да моментално во ”кујната” на HOIOOOD во фаза на инкубација се наоѓаат неколку исклучително интересни проекти

Во моментот во разни фази на разработки се наоѓаат повеќе идеи, а веќе во фаза на инкубација се работи нa 8 проекти:

  • ”STUDIOOO”, Архитектонско студио за проектирање и изведба на алтернативни еколошко одржливи начини на домување.
  • ”COFUND”, Студио за креација на ”crowd funding” кампањи за продукт дизајн.
  • ”BLUEBELL”, плантажа на рапидно растечки дрвја, за одржливо производство и заштита на природните ресурси.
  • ”PLET”, Производна линија на разни додатоци за мебел изработени со плетење на природни материјали.
  • ”BIGJOB” Производство на иновативен дизајниран мебел од метал за надворешна употреба.
  • ”FILDS” креација на софтвер за симплифицирано, но ефикасно раководење и мониторинг на комплексни системи за производство и дистрибуција.
  • ”LITTLE HOPE” – концепт на комбинирана онлајн и офлајн продажба на дизајниран мебел по мерка и вкус на клиентот произведен во Македонија.
  • ”COYACONEYA” – производство за оригинален мебел од одржливо масивно дрво.

На крајот на денот која е мислата што ве води да продолжите напред. Каде ја барате инспирацијата за нови победи и успеси во бизнисот?

Мотивација

Ние сме многу љубопитни, и постојано бараме проблеми околу нас за да се обидеме да најдеме решение. Присутни сме постојано во целиот процес во кој една идеја која се јавува како решение за некаков проблем се развива во производ или концепт. Секое утро се будиме со ентузијазам за ново искуство, согледувајќи каков импакт ќе имаат иновациите на околина, а и на нас самите.

Поодамна разбравме дека ако сакаме да го смениме светот, треба да почнеме од самите нас и секојдневно работиме на тоа. Се обидуваме да поставиме личен пример не само на нашите деца туку и на сите други деца од светот, како нивниот живот можат да го претворат во инспиративна авантура, и да покажеме дека тоа не зависи од никој друг освен од нив самите. Многу се радуваме кога понекогаш ќе забележиме дека успеваме во тоа.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -