СЕЕМЕН БИЗНИС: СЕМЕЈНАТА ДИНАМИКА ГО ПОТТИКНУВА РАЗВОЈОТ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО

Повеќето семејни богатства се создадени благодарение на претприемач и неговите наследници кои успеале да го одржат наследството со текот на генерациите. Претприемачката приказна на основачот на бизнисот често пати гордо се предава од генерација на генерација, пишува Хавиер Масиас, професор по претприемништво и семејни бизниси при Факултетот за бизнис ЕАЕ во Мадрид, Шпанија.

Но, исто така честа е појавата наследниците на генерациите претприемачи да се концентрираат толку многу на главниот бизнис што понекогаш го губат претприемачкиот нагон што овозможил да се создаде семејниот бизнис на прво место.

Клучот за унапредување на претприемништвото доаѓа од семејната динамика и самата комуникација

Во текот на последните 10 години работејќи како консултант кој им помага на семејните бизниси и во поглед на структурата на нивните раководни тела и во поглед на професионалниот развој на идните генерации, имав можност да ја набљудувам динамиката што го попречува остварувањето на претприемачкиот нагон кај новите генерации, потенцира Масиас. Новите генерации ги вклучуваат роднините од истата страна на семејството, или од друга страна со која семејството е во кавга, и тие ги ставаат под прашање претприемачките способности на младите членови, или пак постарите членови на семејството се грижат дека претприемачкиот проект на младите е голема промена во однос на проектот на компанијата или семејството, или пак станува збор за прекумерен фокус на краткорочната профитабилност.

Понекогаш се чини дека семејството кое го води бизнисот е главната пречка што претприемачот треба да ја надмине со цел да го однесе нивниот проект на следното ниво.

Според мое мислење, појаснува Масиас, унапредувањето на претприемачката иницијатива на новите генерации е клучна и за бизнисот и за семејството или за лицето за кое станува збор. Продолжувањето на бизнисот зависи од способноста за регенерација и приспособување на променливите потреби на пазарот. Уште повеќе, семејството што ја поседува компанијата може да го прошири деловниот опсег со тоа што ќе инвестира во претприемачки проекти на помладите членови, а истовремено ќе им дозволи да ги искажат нивните нови погледи на свет.

За да се постигне ова, семејниот бизнис треба да создаде платформи за дијалог помеѓу генерациите, каде младите членови можат да комуницираат нови идеи без страв дека ќе бидат цензурирани и казнети, што им овозможува на претприемачите да ги претстават нивните проекти, да ги споделат нивните сомнежи, да дискутираат можни стратегии и да ги одредат чекорите што треба да се следат за да можат да ги реализираат нивните креации.

Комуникацијата е основа за напредок

Земете ја за пример компанијата Amat Immobiliaris, која има околу 100 вработени и чиј бизнис е основан пред 75 години со мала канцеларија за недвижности во Барселона. Семејниот одбор на директори на компанијата неодамна го основаше комитетот наречен „Следна генерација“, што се фокусира на развојот на претприемачкиот нагон на новите генерации, меѓу другото. Составен од трета генерација сопственици на имот, комитетот работеше една година на идниот предлог што вклучува и претприемачки потфат.

Преку семејниот одбор на директори, членовите на втората и третата генерација темелно го дискутираа прашањето дали новиот претприемачки потфат треба да биде стартап или спиноф компанија. Ваква дискусија претставува ахилова пета за семејните компании: „Ако повеќе не работам во семејниот бизнис, дали се` уште ќе бидам дел од семејството?“

На крајот одборот одлучи да го започне претприемачкиот потфат како спиноф компанија. Сепак, важната поента во врска со оваа одлука беше процесот на дијалог, во кој јасно беше ставено до знаење дека припадноста на семејството е безусловна и дека растот на семејниот бизнис е еднакво важен како и одржувањето на профитабилноста на главниот бизнис и проширувањето на опсегот на нови деловни можности преку претприемништвото.

Како заклучок, негувањето на претприемништвото во рамките на семејниот бизнис зависи од способноста на фамилијата да создаде контекст на дијалог, признавање и прифаќање, и почит меѓу различните генерации, и подразбира воведување иновации што можат и смеат да ја ставаат традицијата под знак прашалник. За да се подигне нивото на доверба во овој контекст, исто така е важно семејството практично да го поддржи претприемачкиот потфат преку лично менторство и семеен фонд што ќе инвестира во деловните идеи на помладите генерации, откако претходно длабински ќе се дискутираат деталите.

Комуникацијата, прифаќањето и практичната поддршка е семејната динамика што ќе го зголеми претприемачкиот поттик во рамките на семејните бизниси.

Извор: Campden FB

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -