Северна Македонија: Сет економски мерки за справување со кризата од коронавирусот

На вчерашната седница, Владата донесе втор пакет економски мерки за справување со кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот.

Поврзано:

Владата ќе покрива дел од трошоците за плата на работниците

Дел од овие мерки е и финансиската поддршка за правните субјекти од приватниот сектор што се погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Оваа финансиска поддршка се состои од исплата на платите на работниците кај работодавачот, барател на финансиска поддршка, за месеците април и мај 2020 година, во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник, сразмерно на остварените ефективни часови поминати на работа. Со мерката се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор, односно се намалуваат нивните трошоци за плати во функција на заштитата на работните места на работниците во услови на криза.

Со цел спроведување на мерката, Владата ќе отвори Програма за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Работодавачите, т.е. правните субјекти од приватниот сектор, самостојно ќе ја исплатат платата на редовен начин преку алатката „Месечна пресметка за интегрирана наплата” на Управата за јавни приходи, а истите ќе треба да исполнат неколку услови за да ја користат мерката: 

економски мерки

● Да не исплаќаат дивиденди на сопствениците; како и бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност и сл. на вработените и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот.

● Да имаат најмалку 30% намалување на приходите споредено со просекот од минатата година, односно сезонскиот просек за работодавачите кои вршат сезонска дејност.

● За месецот за кој се бара финансиска поддршка, просекот на делот на највисоките нето плати на 10% од бројот на вработените кај работодавачот-барател на финансиска поддршка, да не надминува износ од 120.000 денари месечно по вработен.

Ограничувања во мерката за поддршка на работодавачите од приватниот сектор

Финансиската поддршка не се однесува на оние вработени кои за месеците декември 2019 година, јануари и февруари 2020 година примиле нето плата повисока од 39.900 денари. Работодавачите што ќе добијат финансиска поддршка под оваа мерка имаат обврска истиот број на вработени што го имале во моментот на аплицирање да го задржат заклучно со месец септември 2020 година.

економски мерки

Добиената финансиска поддршка нема да ја враќаат работодавачи што искажале загуба за 2020 година. За останатите враќањето е лимитирано до износ од 50% од добивката пред оданочување зголемена за оданочивите расходи.

Оваа мерка ги опфаќа и медиумските правни субјекти од приватниот сектор, под истите услови.

За самостојните вршители на должност, односно сите занаетчии како автомеханичари, фризерки, бербери и други, да имаат пристап до оваа мерка, ќе биде донесена дополнителна уредба.

За погодените компании, Владата воведува 50% субвенција на придонеси. Оваа мерка е алтернатива со нето плата. Критериумите за користење на двете мерки ќе бидат објавени во дополнителна уредба.

Спортистите и уметниците се исто така опфатени со пакетот мерки

За сите спортски работници вработени во спортските здруженија, Владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај. За сите 141 регистриани самостојни уметници, ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

економски мерки

Лицата кои останале без работа поради кризата ќе добијат надомест

За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест секој месец во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и член 68 од овој закон, според кој граѓаните кои останале без работа ќе остварат надомест преку Агенцијата за вработување согласно нивните години работен стаж. На пример: За 5 години стаж, 4 месеци надомест, или за 24 години стаж – 12 месеци надомест.

Се намалува платата на државните функционери 

Сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земаат минимална нето плата (сметано од декември 2019 год) од 14.500 денари за месеците април и мај годинава.

Оваа мерка се однесува на Претседателите на државата, на Собранието и на Владата, сите министри, заменици министри, државни секретари, директори на државни институции, пратеници, градоначалници, и сите останати избрани и именувани лица.

Одредбите од оваа уредба не се однесуваат на именуваните лица согласно закон во јавните здравствени установи.

економски мерки

Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции нема да примаат надомест за времетраење на кризата

Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции од извршната и локалната власт, како и претседатели и членови на советите на општините, и претседатели и членови на комисии формирани од извршната и локалната власт кои се истовремено некаде вработени нема да земаат никаков надоместок додека трае кризата. Одлуката ќе важи додека Владата не донесе одлука да ја укине оваа уредба.

Оваа мерка не се однесува за лицата што се невработени, и за кои овој вид приход е единствен. 

Мерките водат грижа за лицата во неформалната економија

За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита за месец април и мај 2020 година. Тие ќе добијат во просек по 7.000 денари по домаќинство. Проценетиот опфат со новите мерки изнесува околу 20.000 нови домаќинства од неформална економија и 30.000 постоечки корисници.

економски мерки

Се запира Законот за извршување до крајот на јуни

Се суспендира односно запира Законот за извршување до крајот на јуни оваа година, а извршителите ќе бидат должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија. 

Работодавците на должниците и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадени налози од страна на извршителите до крајот на јуни. Ова нема да важи само во случаи кога веќе парите се легнати на сметка на извршителите и тие ќе можат да ги префрлат парите на доверителите и во случаи кога се работи за алиментација за дете кон самохрани родители. 

Реализацијата на оваа мерка е веќе во тек.

економски мерки

Одложување на кредитите кај банките

Народната Банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) ја промени Одлуката за методологијата за управување со кредитен ризик со цел донесување на посебни одредби заради ублажување на последиците од вирусот Ковид-19.

Со цел полесно спроведување на активностите донесени со Одлуката, а кои се однесуваат на преземање на активности од страна на банките за одложувањето на отплатите, репрограмирањето и договарањето помеѓу банките и нивните клиенти во услови на криза од вирусот Ковид-19, Министерството за финансии и НБРМ, во соработка со Македонската банкарска асоцијација, подготвија Уредба за начинот на промена на договорни услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците, во која се дефинира начинот на спроведување на промените, која беше усвоена од Владина седница одржана на 26.03.2020 година.

Со оваа уредба се овозможува банките на лесен и едноставен начин да ги одложат кредитите на своите клиенти без потпишување на анекси и без одење на шалтер во физичките локации на банките.

Банките ќе им понудат поповолни услови на правните лица, како што се пролонгирање на отплатите, репрограм, грејс период, поповолна каматна стапка и слично, додека кај физичките лица банките ќе ги одложат отплатите на ратите на 3 до 6 месеци.

Секоја банка ќе ја донесе одлуката на своите надзорни одобри и ќе ги извести своите клиенти. И оваа мерка веќе се спроведува.

економски мерки

Намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва и лизинг компаниите

Оваа мерка предвидува кредитите на физичките лица да се репрограмираат со намалување на ратите во следните три месеци за 70% од ратата и со продолжување на рокот за отплата за најмалку 90 дена од доспевањето.

За кредитите кај правните лица ќе се одлучува индивидуално со предлагање на најсоодветни поволности согласно потребите на компаниите. Нови договори за кредити да се одобруваат со 3 месеци грејс период. Законската затезна камата која до сега изнесуваше 51%, сега се намалува на 31%, додека останатите трошоци кои друштвата ги наплаќаат се ограничуваат на 20% од одобрениот кредит.

Дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови 8 милиони евра

Развојната банка на Северна Македонија, покрај 5,7 милиони ќе пушти и дополнителни 8 милиони бескаматни кредити зa микро, мали и средни претпријатија кои може да го земе компанијата во зависност од бројот на вработени.

Максималниот износ на кредитот кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 5.535.000 денари, односно 90.000 евра, а минималниот износ на кредитот не може да биде понизок од 184.500 денари, односно 3.000 евра.

Кредитите ќе се одобруваат со рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период од 12 месеци со намена за обртни средства. Отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши во квартални отплати.

економски мерки

Кредитите се бескаматни и без трошоци за администрирање. Кредитите ќе бидат обезбедени со меница – авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, во форма на нотарски акт и со извршна клаузула.

50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија преку комерцијалните банки за заштита на ликвидноста на компаниите

Во рамки на тековниот договор за заем помеѓу Развојната Банка на Република Северна Македонија и Европската инвестициона банка, се овозможува користење на поволни кредити наменети за мали и средни претпријатија.

Примарна цел на оваа кредитна линија е обезбедување на свеж капитал за поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз. Развојна банка ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки до крајните корисници, односно до мали и средни претпријатија и компании со средна пазарна капитализација.

Во рамки на овој договор, Развојната Банка има можност за повлекување на неискористен дел од кредитната линија во износ од околу 50 милиони евра, со ниска каматна стапка, согласно доставени барања од страна на деловните банки. Со цел надминување на проблемите кои произлегуваат од новонастанатата состојба со појава на вирусот COVID-19 кој директно го погодува работењето на малите и средните претпријатија, државата презема мерка со која ќе ја субвенционира каматната стапка на Развојната Банка кон ЕИБ, како и административниот трошок од 0,5% кој Развојната банка ќе го пресметува кон деловните банки преку кои ќе се пласираат средствата од оваа кредитна линија.

економски мерки

Со оваа мерка, Развојната Банка на Република Северна Македонија ќе понуди каматна стапка од 0% на деловните банки кои пак за оваа линија ќе одат со пониски маргини и ќе може за кредитите да нудат каматни стапки од околу 1.5%.

Одложување на плаќањето закуп за корисниците на социјалните станови

Плаќањето на закуп на социјалните станови ќе се одложи за сите корисници, а исто така ќе се одложи плаќањето закуп и за граѓаните, додека за фирмите ќе се донесе посебна уредба за ова прашање.

Се забранува отворање на стечајна постапка

За време на кризата и 6 месеци по кризата се забранува отворање на стечајни постапки.

Оваа мерка е веќе донесена.

економски мерки

Мерки што се однесуваат на задолжително користење годишен одмор

Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор (за 2020) година, односно задолжително доискоростување на годишниот одмор од минатата година заклучно со мај 2020 година, кој ќе се одобрува од работодавачот.

Формирање на солидарен фонд за справување со последиците на COVID-19

Во Владата ќе биде отворена посебна наменска сметка за примање донации од правни и физички лица кои ќе имаат можност и волја да донираат средства што ќе се користат за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.

Се намалуваат авторските хонорари

Лицата кои по било кој основ се ангажирани преку авторски хонорари од страна на државните институции, кои се истовремено некаде вработени, ќе им се исплаќа 50% помал хонорар од договорот кој го имаат потпишано. Оваа мерка нема да се применува доколку лицето е невработено и примањата од авторскиот договор му се единствени примања.

Оргиналниот текст можете да го најдете на страната на biznisinfo.mk

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со национален...

Десет македонски компании, кои заеднички изложуваат свои производи на националниот павиљон, оваа година учествуваат на дигиталното издание на Хановер Месе, пренесува бизнис...
- Advertisment -