Светскиот економски форум 2021 ќе се одржи во Сингапур

Светскиот економски форум, односно Самитот во Давос, кој секоја година во јануари се одржува во Швајцарија, поради пандемијата на коронавирусот ќе биде одржан во мај, следната година во Сингапур.

Во соопштението на СВЕ се наведува дека годишниот специјален состанок ќе биде одржан од 13 до 16 мај, во Сингапур, пренесува агенцијата Анадолија.

Наведено е дека состанокот во Сингапур ќе биде „првата глобална активност на лидерите“, посветена на справувањето со пандемијата на Ковид-19.

Соопштението исто така наведува дека дополнително ќе бидат објавени деталите за самитот во Сингапур.

Прв собир лице-в-лице

„Овој состанок што ќе се одржи лице-в-лице ќе ги донесе лидерите на едно место и ќе се фокусира на пронаоѓање решение за најитните проблеми во светот,“ пишува во соопштението.

Основачот на Светскиот економски форум, Клаус Шваб, во врска со самитот во Сингапур изјави дека глобалниот самит на лидерите е од клучна важност за разбирањето на мерките за закрепнување во време на пандемијата.

Шваб наведе дека СВФ во Сингапур ќе биде можност претставниците на деловниот свет, властите и невладиниот сектор да се состанат за првпат лице-в-лице од почетокот на пандемијата.

Секоја година на Самитот во Давос се состануваат околу 3000 претприемачи, политичари, интелектуалци и претставници на невладиниот сектор на речиси 120 земји од светот.

Извор: aljazeera.net

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -