Сашка Теодосиевски: „ Сакам ризик, барам предизвик и напорно работам за остварување на моите цели“

Young Egnineers Skopje Macedonia е училиште за СТЕМ едукација, каде материјата се предава низ игра, со посредство на сетови од ЛЕГО коцки, и пристап до најактуелните и најиновативните педагошки методи. Целта на ваквиот пристап е децата да стекнат вештини и подлога за темелно учење кое ќе можат да го надградуваат цел живот. На чело на оваа возбудлива едукативна установа е Сашка Теодосиевски, сопственик на  Young Engineers Skopje Macedonia, магистер по бизнис администрација од економскиот факултет при УКИМ, мајка и претприемач.

Сашка, имате единствена образовна понуда во државата за изучување природни и технички науки уште од најрана возраст. Кажи ни нешто повеќе за твоите програми? Што нудите, кој може да се пријави за изучување на програми кај вас?

Работиме со свој специјално дизајниран STEM курикулум и ЛЕГО сетови за спроведување на програмите наменети за деца од 6 до 15 години. Нудиме ексклузивна и уникатна можност нашите ученици да бидат дел од програмите кои ги изучуваат и други деца од целиот свет, а се препознатливи по својот успех како наградувани, ексклузивни и статистички проверени од врвни институции и стручни лица од целиот свет.

Образовниот пакет понуди на  Young Engineers Skopje Macedonia им овозможува на децата од најмала возраст да се стекнат со знаење кое трае цел живот. Фокусот на нашите образовни програми е воведување на интердисциплинарен пристап кон изучување на наука, технологија, инженерство и математика (STEM)  со ЛЕГО коцки, што пак им овозможува на децата да стекнат способности и вештини неопходни за животот на 21 век.  Учиме по know-how од Израел, една од водечките нации на полето на иновации на глобално ниво, и по тој терк го поттикнуваме иновативното размислување кај децата од најмала возраст. Стандардите кои ги запазуваме се од лиценцата за STEM едукација на Young Engineers застапена во над 50 земји од светот за кои единствено нашето училиште ги има откупено правата за нашата територија. Од 2017 година, кога ги донесовме Young Engineers во нашата земја, како прва ваква лиценца на Балканот, имаме пристап до најновите и најиновативните пристапи на учење. Имаме редовни годишни програми за деца од 6 до 15 години кои вклучуваат изучување на основни и напредни STEM (science, technology, engineering, mathematics) принципи, програмирање, роботика преку Bricks Challenge, Galileo Technic, Algo Play…  Нашиот слоган вели: тие ќе го изградат своето и нашето утре – денес, бидејќи веруваме во иднината на инженерството, науката и на начинот на кој овие полиња ќе го променат светот кон подобро.

Што те натера да почнеш да се занимаваш со СТЕМ образование?

Мојот сопруг, моите деца и моите родители се неверојатна поддршка за сё што работам, а воедно и неверојтна инспирација која ме води напред.  Според мене, семејството е главнен чинител, без чија поддршка тешко можеме да постигнеме незамисливи висини… Откако се родија моите деца, истражував на тема како да се воспитаат децата да бидат силни луѓе, нормално со цврсти факти за вредноста која стои зад однесувањето. Сакам моите деца да можат гласно да газат низ животот, а сепак да израснат во вредни луѓе со вредности и ставови. Знам дека не може да се влијае кон сите, во сё и на ист начин, но секако дека постојат луѓе кои делат исти или слични вредности за животот, а кои понатаму ја инспирираат околината и заедно со нив правиме подобар свет за сите нас. Едукацијата на Young Engineers по мене е пример по кој е потребно да ги насочуваме децата за да прераснат во такви луѓе. Децата од мали се сретнуваат со поими кои во формалното образование не е можно да ги сретнат на тие години. Кај нас, преку учење на материјата низ игра и на неконвенционален начин, преку предавањата за реални проекти или историски настани, децата учат за патот по кој поминале научниците со сите свои падови и порази во процесот на иновирање кој го сменил начинот на кој ние денеска функционираме. Децата се поистоветуваат со иноваторите поминувајќи го истиот пат, но адаптиран според нивните години и со помош на LEGO коцки го развиваат и негуваат креативниот дух, учат како функционираат машините и се стекнуваат со логично размислување. Овој процес придонесува кон јакнење на самодовербата и поставување на здрав темел кон истражување и постојано учење низ чувството на успех ….

Што е уникатно во вашиот образовен пристап, што ве прави посебни и различни од останатите приватни училишта кои нудат ваков вид техничко образование?

Она што нё прави различни е фактот што Young Engineers Skopje Macedonia е дел од интернационална и наградувана едукативна програма, единствена лиценца за STEM едукација на Young Engineers во нашата земја. Потоа, целосната посветеност и вклученост на вистински професионалци во процесот на пренесување на образовниот материјал кај децата, како и соработката со клучни институции од нашата и земјите од странство. Родителите ја препознаваат вистинската вредност и ни ја докажаа нивната довербата со над 450 задоволни деца за само 3 години.

Благодарение на поддршката која ја имаме од централата во Израел, многу внимателно, посветено и во рамки на стандардите ги спроведуваме обуките со сите деца на тој начин што работиме по нивната методологија за максимално да го поттикнеме целокупниот развој кај детето, младите и возрасните. Нашиот бренд е светски препознатилив по својот квалитет, и обезбедува животна вредност преку специјално дизајниран курикулум, користење на посебни Lego® сетови, користење пристапи и методологија на „спирално учење“ и „учење засновано на решавање проблеми“ (PBL).

Што работеше пред да се зафатиш со водење сопствен бизнис?

Работев во лекарска комора на С. Македонија, но сакав да се осмелам сама да водам бизнис си отидов после 3 години. Се додека работам со задоволство, јас не се чувствувам дека работам. Сакам ризик, барам предизвик и напорно работам за остварување на моите цели. Понекогаш поспоро, понекогаш побрзо, но сепак се движам кон целите кои ги поставувам. Сметам дека темпераментната жена е многу поубава од жената која чека на другите луѓе да и дадат значење на нејзиното постоење. За целите кон кои гориме да ги оствариме, вреди да се водат повеќе битки за да се остварат, а секоја борба е дел од мојот карактер, секој успешен момент е празник за мојата природа.

Секој од нас поминува низ периоди кога предизвиците и проблемите ни изгледаат преголеми. Таквите проблеми не треба да нё поразат, туку тие би требало да ни овозможат да нё направат подобри луѓе.

Како одлучи дека твојот пазар ќе бидат ученици, деца?

Мојот пазар се децата затоа што верувам дека тие се највредната инвестиција. Изучувањето на програмите на Young Engineers овозможува развој на неопходните вештини за животот во 21 век, како што се основни лидерски вредности, размислување во форма на алгоритми, критичко и креативно размислување, решавање проблеми, емпатија, соработка и тимска работа, итн. Young Engineers не ги заборава ниту децата со попреченост во развој за кои има посебни едногодишни програми, а за кои веќе располагаме со статистички податоци за успех од нивото користење во другите земји од светот. Како дополнителни активности кои се наменети за деца и млади се роденденските едукативни забави, кампови и STEAМ работилници. Мојот пазар се и наставниците поради тоа што сме директен извор на најновите и иновативни пристапи во едукацијата, работилници за тимови од вработени лица кои овозможуваат продлабочување на комуникацијата помеѓу вработените и директно влијание кон продуктивнста на вработените и успехот на компанијата.  Работиме и со стари и изнемоштени лица затоа што имаме програми со кои овозможуваме оддржување и подобрување на нивната меморија, нивото на физички и моторни способности, развојот на интелектуално и уметничко изразување со помош на кои се подобрува самодовербата и креативното размислување. Најмногу од сё, го поттикнуваме позитивното расположение и чувството на припадност кон групите.

Кој беше најголемиот предизвик или проблем со кој се соочи кога го започна сопствениот бизнис?

Најголемиот предизвик е желбата да им се помага на луѓето од сите возрасти со помош на врвна едукација донесена од клучна земја во полето на иновации на глобално ниво. Тоа е причината за која тимот на Млади инженери во Македонија стана и регионален партнер за натпреварите FIRST LEGO league и FIRST LEGO league junior кој ги едуцира и оценува децата и младите во областа на едукативна роботика.

Способностите со кои ке се стекнат децата и младите, ќе им користат во животот, ќе им овозможат брзо и лесно да се прилагодат кон промените на светот, ќе им овозможат развој на индивидуалниот просперитет, национален и социјален економски раст и развој на земјата преку креирање и отворање на работни места и вработувања на луѓе кои понатаму ќе создаваат свет за експертиза и иновации.

Проблеми има секој ден но се трудам да го минимизирам нивното влијание кон целокупното мое дејствување и да ги решавам на време.

Според тебе, какви карактеристики треба да поседува еден успешен претприемач?                               

Јас лично, не се откажувам, се обидувам сё додека не успеам. Се обидувам да научам нешто ново секој ден. Верувам дека секој ден нуди нов почеток во кој можам да го дадам најдоброто од себе. Се трудам во мојот професионален живот да делувам со постојаност, стабилност, почит и лојалност и благодарна сум за сё што имам. Би порачала: почитувај се себеси, почитувај ги другите и преземјате одговорност за сопствените дела. Учи, труди се, постави цели, дади си време, биди доследен кон она што сакаш да го оствариш и не се откажувај. Мојата препорака е да не се плашите да пробате нешто ново, но и да не заборавате на сопствените вредности. Во секоја работа постои ризик, но најголем ризик е да не ризикуваш, може да успееш но може и да жалиш кон она што не си пробал да го направиш. Не постои вистинско време да преземеш чекор, не треба да се чека цела младост за некое си подобро време, треба да си храбар, да веруваш дека можеш и едноставно, да започнеш. Проценете го својот успех според она од кое сте морале да се откажете за да го постигнете.

Кој е твојот совет за девојките во С. Македонија?

Ние не сме производ на околностите, ние сме производ на сопствените одлуки, треба да се трудиме да го живееме во целост нашиот сон, а не да ги живееме нашите стравови. Затоа, потребно е да делуваме, да ги фрлиме јазлите, да отпловиме подалеку од сигурното пристаниште и да ги почувствуваме ветровите во нашите едра, затоа што она кое секогаш сме го сакале е од другата страна на стравот.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -