САД: најголем број регистрирани случаи на коронавирус од која било друга земја

Соединетите држави сега се соочуваат со највисокиот број на регистрирани случаи на лица заразени со коронавирус во светот. Евидентирани се 82,000 случаи, Си-ен-ен извести.

Поврзано:

Вчера бројот на случаи во Америка го надмина тој во Кина и Италија. Според глава на жител, стапката на случаи варира бидејќи има големи разлики во бројот на населението во споменатите земји.

Во четвртокот вечерта, САД имаа 82,100 случаи додека Кина извести за 81,782. Во светот има регистрирани повеќе од 510,000 заразени со Ковид-19. 

Американските власти исто така кажаа дека има нов рекорд во бројот на смртни случаи регистрирани во еден ден. Најмалку 246 смртни случаи беа регистрирани во четврток, што значи дека вкупниот број на лица кои починале од последиците од инфекцијата со коронавирус е 1,195.

Болниците низ целата земја едвај ја издржуваат ситуацијата

Во Њу Јорк, каде се регистрирани повеќе од половината случаи, исцрпените членови на медицинскиот персонал применуваат очајни мерки во борбата со вирусот. Болничкиот центар Белви изгради импровизирана мртвачница користејќи шатори и камиони-фрижидери. Во болницата Елмхирст во Квинс, 13 пациенти починаа од коронавирус за 24 часа.

коронавирус  САД

Една сестра од болницата Лонг Ајленд објаснува како грижата за пациентите заразени со Ковид-19 го напаѓа и здравјето на болничкиот персонал. „Не можам да спијам бидејќи не можам да го исклучам умот. На паузата плачев во тоалетот додека ја одлепував личната заштита опрема од себе и ги гледав влдабнатините од маската на лицето. Плачев целиот пат до дома,“ сестрата, чиј идентитен не е откриен, напишала на социјалните мрежи.

„Плачев за тие што починаа. Плачам бидејќи интубиравме 5 пациенти за 10 минути и сум преплашена. Плачам за моите колеги бидејќи занеме дека ќе стане уште полошо и веќе се чувствувам дека тоа е невозможно и веќе сме дојдени до точка на кршење, плачам за родителите, децата, браќа и сестрите, сопружниците кои не можат да бидат со нивните сакани кои можеби умираат но не смеат да примаат посетители затоа што посетата не е дозволена,“ додава таа.

коронавирус САД

Чикаго и Детроит можно е да бидат особено погодени

Појавата на заразата во Њу Јорк, Вашингтон и Калифорнија го привлече вниманието на јавноста со недели, но одредени здравствени експерти предвидуваат дека области во Мичиген и Илиноис можат да бидат следните епицентри на кризата.

Д-р Дебора Биркс, координаторот во Белата Куќа за мерките за коронавирус, изјави дека здравствените власти се загрижени за неколку области во Илиноис бидејќи таму се регистриран „побрз пораст“ во бројот на заразени случаи.

Од друга страна, таа потенцира дека во 40% од територијата на земјата има „неверојатно ниски стапки“ на коронавирус, околу 19 држави имаат помалку од 200 случаи.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -