Руси купуваат најмногу недвижнини во Црна Гора

Во текот на минатата година, странски државјани купиле недвижен имот во Црна Гора во вредност од 169,99 милиони евра, што е пак за 2,6 милиони евра помалку отколку предминатата година.

Падот се толкува преку слабиот интерес на Турците за купување недвижнини, известува РТС.

Од обновата на независноста, Русите се најголеми купувачи на недвижнини во Црна Гора, и тој имиџ го задржаа и во текот на 2019 год. Државјаните на Руската Федерација лани трговувале со недвижнини за скоро 39 милиони евра, што е на исто ниво како и годината пред тоа.

Веднаш по непобедливите Руси доаѓаат државјаните на Србија, кои на купување недвижен имот кај нивниот сосед потрошиле 16,6 милиони евра, односно 2,1 милион повеќе отколку во 2018 година.

Оттука, Србите ги претркаа Турците кои во текот на минатата година тргувале со недвижнини за 12,7 милиони евра, што, според податоците на „Дневне новине“ е за половина помалку од 2018 година.

Меѓу најголемите купувачи на недвижнини, кои тргувале со над 10 милиони евра се наоѓаат државјаните на земјите членки на НАТО. Тука се Американците со потрошени 10,7 милиони евра на недвижен имот, и Германците кои тргувале со 10 милиони евра. Меѓу поголемите трговци со недвижнини во Црна Гора се и Швајцарците, но податоците за нивните тргувања се прогласени за тајни.

Цената на недвижнините

Минатиот месец, агенцијата за недвижнини Монтенегро проспект спроведе обемна анкета за влијанието на пандемијата на пазарот на недвижен имот во Црна Гора.

Продавачите на недивжен имот во земјата очекуваат просечен пад на цената на недвижнините од 10 посто, додека потенцијалните купувачи на недвижнини очекуваат пад на цените помеѓу 20 и 30 посто.

И податоците на МОНСТАТ говорат за пад на цената на недвижнините поради здравствената криза. Така, просечната цена на квадратен метар од стан во новоградба во Црна Гора во првиот квартал во 2020 год, изнесувала 940 евра и е за 8,2% помала во однос на првиот квартал во 2019 год, односно е за 17,2% пониска во однос на четвртиот квартал минатата година.

„Просечна цена на квадратен метар од стан во новоградба во Подгорица во првиот квартал на 2020 год изнесуваше 865 евра, а во приморскиот регион 1363 евра, во средниот регион 641 евро, додека во северниот регион на Црна Гора просечната цена на квадратен метар во стан во новоградба изнесуваше 783 евра,“ покажуваат податоците на МОНСТАТ.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -