Родовата нееднаквост во економијата е огромна (дури поголема од технологијата)

Нема недостаток на дисциплини и индустрии што изобилуваат со сексизам. СТЕМ областите – наука, технологија, инженерство и математика – се особено познати по нивните мизогинистички култури, аргументира Пол Кевени, новинар специјализиран во областа со над 20-годишно искуство, за бизнис сајтот The Conversation.

Но јас верувам, врз основа на моето лично искуство, и искуството на моите колеги економисти жени и цврстите докази, дека можеме да тврдиме дека економијата е најлошото академско поле да се биде жена.

И последиците од ова не се чувствуваат само од жените кои работат во таа област и мораат да трпат сексистички политики и непријателско однесување. Владините политики најверојатно би изгледале многу поразлично доколку повеќе жени се вклучени во нивното креирање.

Бројките не лажат

Повеќето луѓе сфаќаат дека жените се недоволно застапени во СТЕМ областите. Но, иако жените всушност се помалку застапени во економијата, се чини дека нема доволна свест за тоа колку се лоши работите во тоа поле, и колку бавно се менуваат.

Во економијата доминираат мажи, и во поглед на академски кадар и и во поглед на студентите, со диспропорционално помалку жени и членови на историски недоволно застапени малцински групи, во однос на целокупната популација и во однос на останатите академски дисциплини.

Според рангот, жените зафаќаат помалку од 15% од сите професори во економските отсеци на факултетите и 31% од академскиот кадар на асистентско ниво. Се` на се`, само 22% од мандатот на академскиот кадар во економија се жени, според анкетата на Американската економска асоцијација спроведена лани.

Според голем број мерења, родовата празнина во економијата е најголемата во која било друга академска дисциплина. На пример, жените стекнувале околу 30% од докторските и додипломските дипломи во економија во 2014 год – исто како во 1995 год – споредено со 45% до 60% од дипломите во бизнис, хуманистичките науки и СТЕМ областите. Тоа е последната година за која се достапни податоци што можат да се споредат.

На ниво на цела земја (САД), има околу тројца мажи на секоја жена која се стекнува со диплома по економија како главна област на изучување, и овој сооднос се нема променето во последните 20 години. Жените се дури и недоволно застапени во учебниците по економија, како во примерите од вистинскиот живот, така и во имагинарните примери.

И технолошкиот сектор и Комитетот на филмската индустрија што ги доделува Оскарите, двете групи што се прозиваат во неодамнешните години за недостатокот на диверзитет, имаат подобра застапеност на жени од економијата.

Недостаток на позитивни примери и сексизам

Можеби делува чудно што полето на економијата има таква голема родова разлика кога една од најмоќните економисти во светот – Џанет Јелен, е жена. Таа во моментов е министер за финансии на САД и беше претседавач на Федералните резерви од 2014 год до 2018 год.

Но таа е помеѓу исклучоците.

Жените се надалеку познати дека се недоволно застапени во врвот во економската област. Само осум од 140 федерални претседатели назначени уште од 1914 год биле жени, како што е едвај една петина од сегашните членови на Националната канцеларија за економски истражувања – една од највлијателните организации за економски политики во САД.

Ова исто така се гледа и во малиот број награди за економија што им се доделени на жени, вклучувајќи ги двете нобеловки од 1969 год до сега.

Овој недостаток на позитивни примери за жените студентки кои се заинтересирани за оваа област е една од причините зошто толку малку жени студираат економија на факултет.

Сепак, верувам дека најголемата причина за родовата нееднаквост е далеку присутниот сексизам во економските одделенија, за што се напишани голем број извештаи и документи. На пример, анкета спроведена во 2019 год од страна на Американската економска асоцијација, која извлече заклучоци од одговорите на 9000 учесници, сегашни и поранешни членови, откри дека речиси половината од жените кажале дека биле дискриминирани на основа на полот и не зборувале на конференции и се држеле настрана од социјални настани за да одбегнат можно малтретирање и непочитување.

Тим истражувачи неодамна се обиде да ја измери количината сексизам со која се соочуваат жените кога претставуваат нивни истражувања и податоци пред нивните колеги. Открија дека  жените не само што добиваат повеќе прашања за време на нивните презентации отколку мажите, туку дека овие испрашувања во голема мера се непријателски и морализаторски.

Студија спроведена во 2018 год за постовите на популарна интернет страница за работни места откри дека девет од врвните 10 предвидливи зборови на постот за жена содржат експлицитни сексуални референци. Исто така, беше откриено и дека постовите за жени содржеле 43% помалку академски или професионални термини и имале 192% повеќе шанси да содржат термини поврзани со лични информации или физички карактеристики.

Но и покрај овие докази за сексизам во областа, она што изненадува е колку многу мажи економисти не размислуваат за непријателството засновано на родовата нееднаквост и каков ефект има тоа врз недоволната застапеност на жените во професијата, па дури дека и таа воопшто постои.

Неодамна, бев ментор на една студентка по економија кој доаѓаше од различен универзитет и која ја изучуваше родовата дискриминација во нашата професија. Таа ми пристапи бидејќи не беше во можност да најде некој од нејзината катедра каде работат само мажи што ќе сака да ја советува. Таа вели дека и` било кажано дека таква дискриминација реално не постои во областа, така што би било тешко да се прави истражување на таа тема.

Проблемот со разноликоста во економијата

Постигнувањето поголема родова и други видови разноликост во економијата не е проблем од доменот на политичката исправност. Разноликоста води до подобри резултати и политики со тоа што ја менува динамиката на групата и процесот на носење одлуки.

Децении истражувања од организациони научници, психолози, социолози, економисти и демографи покажуваат дека присуството на луѓе кои самите се различни – не само по основ на род, раса, класа, етничка припадност и сексуална ориентација – ги прави луѓето покреативни, повредни и поработливи.

Во поглед на родот на пример, жените економисти се повеќе склони да веруваат дека прописите во САД не се прекумерни, дека дистрибуцијата на приходите треба да биде поеднаква и дека можностите за работни места не се исти за мажите и жените, додека политиките во последните пет децении општо земено претпочитаат спротивни цели.

Ако крајната цел на економските истражувања е да развијат и искомуницираат долготрајни согледби, овој доказ предлага дека вредноста и влијанието на економската професија не само што ги разочарува жените во економијата, туку сите.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -