Дански роботи за дезинфекција спасуваат животи во борбата со коронавирусот

Во периодот помеѓу 2014 год и 2017 год, Блу Оушн Роботикс (Blue Ocean Robotics) создадоа робот за дезинфекција кој самиот се управува за да одговорат на барањето на една предкомерцијална набавка на група купувачи од неколку дански региони. Оттогаш, данската стартап компанија успеа да собере 34 милиони долари како почетен ризичен капитал, нејзината вредност порасна до 800 милиони дански круни (115.54 милиони долари) и вработува преку 100 лица. Многумина веруваат дека оваа компанија ќе стане следниот „еднорог“-претпријатие во Данска, т.е. фирма чија вредност е над една милијарда долари. Компанијата веќе го продава робот за дезинфекција во преку 40 земји во светот, кои сега го користат во борбата против Ковид-19, известува Европската Комисија.

Поврзано:

Развојот на оваа компанија започна во 2014 год, кога група болници во Данска започна со јавна набавка за дезинфекција на болниците на некормерцијална основа. Болниците бараа поефикасен начин за намалување на стапката на интрахоспитални инфекции. Плодната соработка меѓу бактериолози, виролози и болничкиот персонал од засегнатите установи, како и инжинери по роботика, дизајнери, инвеститори и бизнисмени од Блу Оушн Роботикс, вроди со решение за овој проблем.

коронавирус

Систем од ултравиолетови зраци за оптимална дезинфекција

Решението се состоеше од робот кој самиот себе се управува, поставен на платформа опремена со светлосен систем со ултравиолетови зраци. Овој вид светлина му овозможува на работот да дезинфицира и убива болести, вируси, бактерии и други видови штетни органски микроорганизми што опстојуваат во болнички средини, преку откривање на сите елементи на нивната ДНК структура. Роботот дезинфицира 99.99% од бактериите и вирусите. Изумот го зголемува степенот на безбедност и на персоналот, и на пациентите, и на нивните блиски кои доаѓаат во посета со тоа што го намалува ризикот за контакт со бактерии, вируси или други штетни микроорганизми. Ова може на ефикасен начин да го спречи и намали ширењето на заразни болести, вируси и бактерии. Системот автоматски внимава на т.н. „инфективни врели места“, како што се лавабоа, кревети на пациентите, рачки, итн.

Роботот со ултравиолетов светлосен систем е лесен за ракување, безбеден, сигурен, им овозможува на болниците да заштедат на оперативните трошоци и ја елиминира човечката грешка. Болничкиот персонал одговорен за хигиената му дава наредба на роботот да започне со својата маршрута на чистење преку мобилна апликација, потоа роботот се движи самостојно од соба до соба, а може и самиот да се качи во лифт и автоматски да отвора врати. Оттука, влијанието врз болничкиот персонал и обемот на работа е минимално. Дополнително, на работот може да му се додаде модул што може да детектира флуоросцентни бактерии или биолошки течности. Оваа способност може да се користи како алатка за едукација на хигиеничарскиот персонал, за прибирање податоци во врска со хигиената во болницата, итн.

коронавирус

УВД Робот се продава во повеќе од 40 земји

Преку кинескиот партнер Sunay Healthcare Supply, од месец февруари, роботите се користат во сите кинески провинции во борбата против Ковид-19. 

„Пред да склучиме договор со УВД Роботс го пребарувавме пазарот за најдборите технологии со цел да се избориме со коронавирусот. Откривме дека УВД роботот е суперирорен во споредба со другите технологии. Повеќе од 2,000 болници сега ја имаат можноста да осигураат ефикасна дезинфекција што ги штити и пациентите и перосналот,“ изјави Су Јан, извршен директор на компанијата која работи со набавка на опрема на кинескиот пазар.

Од 2016 год, компанијата успеа да добие три рунди инвестиции – 7.4 милиони долари, 14.8 милиони долари во 2018 год и 12 милиони долари во 2019 год. За една година, оваа фирма ја удвои вредноста и расте толку брзо што вработува по едно лице дневно, и затоа се смета дека таа ќе биде првиот „еднорог“ во Данска. Откако влезе на пазарот во 2018 год, УВД робот веќе се продава во повеќе од 40 земји. УВД Роботс испорачува само-управувачки роботи за дезинфекција во болници низ цела Азија, но и на пазарите на здравствени услуги во Европа и САД. Самата иновација има освоено неколку награди, меѓу кои европската награда „еуРоботикс“, и Наградата за трансфер на технологија во 2020 год, заедно со универзитетската болница Оденс каде безбедноста и ефикасноста на роботот беа првично тестирани и сертифицирани.

коронавирус

Клаус Рисагер, извршен директор на Блу Оушн Роботикс и претседател на одборот на УВД Роботс, вели дека е огромно задоволство да се има удел во борбата против коронавирусот низ целиот свет.

„Благодарение на работата што започна со гледање напред во болниците и нивните предкомерцијални набавки, сега сме подготвени да помогнеме во решавањето на еден од најголемите проблеми на нашето време, спречување на ширењето на бактерии и вируси со робот кој спасува животи во болниците секој ден.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -