Растот некогаш подразбира и нерешавање проблеми

Кога вашата компанија брзо расте, неизбежно е да има пожар – недостатоци во инвентарот, пад на серверот, клиенти чии повици не биле одговорени. Нема секогаш да знаете кој пожар прв да го изгасите. А, ако се обидете да ги изгасите сите пожари одеднаш, ќе се изгорите. Затоа претприемачите треба да научат како да дозволат пожарите да горат – и понекогаш, дури и големите пожари.

Кога имате компанија која набрзина скалира, фокусот мора да биде на патот напред. Не можете да го правите тоа ако времето го трошите на справување со спонтани, расфрлани ерупции. Борбата со секој оган поединечно може да предизвика да испуштите можности за развој на вашиот бизнис – се` ќе биде реакција, бидејќи ќе нема место за акција.

Трикот е да знаете во кој оган не смеете да го игнорирате – таков што може да се прошири набрзина и да го опфати целиот бизнис – и кои огнови можете да си дозволите да ги оставите да догорат, дури и кога пламенот се искачува високо. Дозволувањето на огнот да гори бара нерви, истрајност и многу многу пракса.

За среќа, ко-основачката на Evite, Селина Тобаковала, веќе имаше изгасено многу пожари додека стана потпретседател за инженерски операции и производи, во една мала откачена компанија наречена SurveyMonkey. Основачот, Рајан Финли, создаде неверојатно популарна алатка за онлајн анкети и успеа да ја развие компанијата и покрај недостатокот на се` што на една компанија вообичаено и` треба за да порасне. „Тој го создаде бизнисот без денар инвестиции,“ Тобаковала пишува. „Имаше двајца софтверски инженери и 10 агенти за услуги за клиентите, толку“.

Кога лидерите на стартап компании ја интервјуирале Тобаковала да им се приклучи, таа станала свесна дека во таквите фирми има само тројца кои кодираат, што било „восхитувачки за компанија која остварува толкави приходи,“ вели таа. Но, таа исто така знаела дека компанијата има големи шанси да се соочува со големи проблеми во процесот на скалирање. Нешто што можеби е уште поголем извор на грижи, е тоа што нивниот систем немал бекап. Тоа значи дека ако системот со тек на време некако се корумпира или престане да функционира, сите податоци на компанијата од анкетите, лебот на бизнисот, ќе исчезнат без трага.

Кога Тобаковала му се приклучила на тимот, SurveyMonkey ги процениле шансите да им се изгубат податоците и одлучиле дека тој проблем претставува оган што не може да се игнорира. Тобаковала вели дека решавањето таков проблем „секогаш е мотивирачки“, делумно бидејќи треба да балансирате помеѓу тоа што е итно (во овој случај, создавање бекап систем), наспроти тоа што не е.

Кога некој може да анализира потенцијални катастрофи што можат да доведат до крај на бизнисот, и смета дека се мотивирачки, знаете дека имате работа со искусен пожарникар. Кога го става пламенот под контрола, Тобаковала почнува да работи на решавање долга листа неволји. SurveyMonkey, како и секоја друга стартап компанија што брзо расте, немала маркетинг план, никаква стратегија за внатрешните корисници, и комплициран код што задавал главоболки. Тобаковала набрзина вработила инженери, маркетери, дизајнери и преведувачи, цела армија од специјалисти со цел да се надминат пречките за раст.

Лесно е да се гледа во која состојба е SurveyMonkey кога Тобаковала пристигнала таму и ја опишала компанијата како хаотична и лошо раководена. Но, тоа би покажало дека постои темелно недоразбирање за тоа како компаниите скалираат. Секоја успешна стартап компанија е во постојана состојба на тријажа, и чест случај кај компании кои брзо растат е да таложат огромни слаби точки бидејќи стратешкиот раст станува приоритет наместо долгорочната стабилност.

Понекогаш ова значи чекорење по скратени патчиња со цел создавање нешто брзо (производ, тим, канцеларија) што ќе треба одново солидно да се склопи подоцна. Вашиот тим можеби тешко ќе прифати такво нешто. Но, Тобаковала вели дека „ќе морате да фрлите некои ресурси на краток рок, и дека се` додека им го објаснувате тоа на вработените додека си ја работат работата, ќе разберат“. Кога дозволувате огнот да гори, важно е вашиот тим да сфати дека го гледате проблемот и дека намерно не го решавате. Ако вашиот тим го прифати ова, тогаш тоа е добар знак дека сте ги ангажирале вистинските луѓе, т.е. луѓе кои можат да ги препознаат и смирено да се справат со проблемите како што се јавуваат, и кои имаат добра смисла за тоа кои огнови се доволно опасни и бараат веднаш да им обрнете внимание, а кои можете да си дозволите да горат одреден краток период.

Текстот е извадок од книгата „Господари на скалирањето: изненадувачки вистини од најуспешните претприемачи во светот“, од Рид Хофман, со Џун Коен и Дерон Триф.

Извор: Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -