До каде е развојот на вакцина против коронавирус?

Дури кога се најефикасни, и дури драконски, мерките и стратегиите што се имплементираат во борбата против светската пандемија на Ковид-19 успеаваат само да го забават ширењето на оваа модерна респираторна болест. Во моментот кога Светскта здравствена организација прогласи пандемија, очите на светската јавност се насочија кон можноста да се развие вакцина, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи луѓето да се разболуваат, пишува Гардијан.

Поврзано:

Околу 35 компании и академски институции се тркаат да создадат вакцина, а барем четири од овие организации веќе имаат кандидати што ги тестираат на животни. Првата од овие фирми е компанијата лоцирана во Бостон, САД – Модерна, и таа започнува со тестови на луѓе. Вакцината на Модерна против Ковид-19 беше развиена во рекордно брзо време бидејќи се базира на релативно нов генетски метод што не бара култивирање големи количини вирус. Напротив, вакцината е полна со мРНК, генетски материјал што доаѓа од ДНК и создава протеини.

вакцина

Оваа досега невидена брзина на делување во голема мера се должи на раните кинески напори да го секвенцираат генетскиот материјал на Сарс-КоВ-2, вирусот што предизвикува Ковид-19. Кина ја сподели таа секвенца на почетокот на Јануари, што пак им дозволи на тимовите истражувачи низ целиот свет да растат живи вируси и да проучуваат како тие напаѓаат човечки клетки и ги разболуваат луѓето.

Претходното стекнатото знаење и искуство се користи на нов начин

Но постои и друга причина за овој ран почеток. Никој не можеше да предвиди дека наредната заразна болест што ќе му се закани на светот ќе биде предизвикана од коронавирус, односно грип кој вообичаено се смета дека претставува најголем ризик за пандемија, сепак вакцинолозите започнаа да работат на „прототип“ на патогени прилично рано. „Брзината со која ги (произведовме овие кандидати) во голема мера се надоврзува на инвестицијата во разбирањето како се развиваат вакцини за други коронавируси,“ објаснува Ричард Хатчет, извршен директор на непрофитната организација во Осло – Коалиција за иновации за епидемиолошка подготвеност (Cepi), која ги предводи напорите во финансирањето и координацијата на развојот на вакцина за Ковид-19.

вакцина

Коронавирусите предизвикаа 2 други епидемии неодамна – сериозен акутен респираторен синдром (САРС) во Кина во 2002-2004 год, и Блискоисточен респираторен синдром (МЕРС), која започна во Саудиска Арабија во 2012 год. Во обата случаи, започна развој на вакцините што подоцна беа ставени на полица кога ширењето на епидемиите беше ставено под контрола. Една компанија лоцирана во Мериленд – Новавакс – сега ги пренаменува вакцините за Сарс-КоВ-2. Таа објави дека има неколку кандидати што се подготвени да бидат тестирани и на луѓе. Модерна, во меѓувреме, се надоврза на претходните истражувања на вирусот МЕРС што беа спроведени во американскиот Национален институт за алергија и заразни болести во Бетседа, Мериленд.

Сарс-КоВ-2 дели меѓу 80% и 90% од генетскиот материјал со вирусот што го предизвикува Сарс – оттука и неговото име. Двата вида вируси се состојат од лента од рибонуклеинска киселина (РНА) сместена внатре во топчеста протеинска капсула која е покриена со боцки. Боцките се закачуваат на рецепторите на површината на клетките што ги обложуваат белите дробови на луѓето – истиот вид рецептори во двата случаи – што пак му дозволува на вирусот да навлезе во клетката. Кога еднаш е веќе внатре, тој ја „киднапира“ машинеријата на клетката за репродукција и почнува да произведува сопствени копии, пред да навлезе во друга клетка и да ја убие во процесот на репликација.

Како функционираат вакцините

Сите вакцини функционираат на истиот основен принцип. Тие претставуваат дел од или сите патогени на човечкиот имун систем, обично во форма на инекција во мала доза, чија цел е да го поттикне имуниот систем да произведува антитела за тој патоген. Антителата се некој вид меморија на имнуитетот кои, откако еднаш веќе ќе бидат стимулирани да се создаваат, можат набрзина да се мобилизираат доколку лицето е изложено на вирусот во неговата природна форма.

Традиционално, имунизација се постигнува со користењето живи, ослабени форми на вирусот, на дел или на целиот вирус, откако претходно се деактивира со употреба на топлина или хемикалии. Овие методи имаат и негативни страни. Живата форма може да продолжи да се развива во домаќинот, што значи дека може да стане доволно силна да го разболи домаќинот, додека пак во случајот со неактивните вируси потребни се повеќе и повеќекратни дози за да се постигне потребниот степен на заштита.

вакцина

Се „чита“ генетскиот код на вирусот за да се создаде ефикасна вакцина

Некои од проектите за вакцина против Ковид-19 користат вакви пристапи на испитување и тестирање, но други користат понова технологија. Една скорашна стратегија, што ја користи Новавакс на пример, работи на креирање на „рекомбинирана“ вакцина. Ова се состои од извлекување на генетскиот код за протеинската боцка на површината на Сарс-КоВ-2, што е делот на вирусот што најверојатно ќе предизвика имуна реакција кај луѓето, и тој дел да се вбризгува во геномонот на квасец, што ќе ги натера овие микроорганизми да се размножат во големи количини во протеинот.

Други пристапи, дури понови, го заобиколуваат проетинот и креираат вакцини од самите генетски инструкции. Ова е случајот со Модерна и други компании, КјурВак (CureVac). Двете компании создаваат вакцини против Ковид-19 од пораките во РНК.

Оригиналното портфолио на Cepi од четири проекти за вакцини против Ковид-19 беше тесно насочено кон овие поиновативни технологии, и неодамна компанијата најави 4,4 милиони долари инвестиција во партнерство со Новавакс и Универзитетот во Оксфорд во проект за векторска вакцина. „Нашето искуство со развој на вакцини ни кажува дека можете да претпоставите каде ќе се сопнете,“ изјави Хатчет, сакајќи да потенцира дека разновидноста е клучна. А фазата во која секој проект може да се сопне е фазата на клинички тестирања, односно тестирања на луѓе. Сепак, некои од кандидатите за вакцини се токму на тој пат.

вакцина

Што би можело да го забави пристигнувањето на вакцината?

Клиничките тестирања, што се предуслов за одобрување од регулаторите, вообичаено се одвиваат во три фази. Првата опфаќа неколку десетици здрави доброволци, безбедносни тестови, и мониторинг на можни несакани последици. Втората опфаќа неколку стотици луѓе, вообичано во дел од светот кој е погоден од болеста, и се фокусира на степенот на ефикасност на вакцината, додека третата фаза го покрива истиот процес на неколку илјадници лица. Но во однос на експерименталните вакцини, Брус Гелин кој ја раководи глобалната програма за имунизација за непрофитната Инситут за вакцини Сабин (Sabin Vaccine Institute) во Вашингтон, посочува дека: „Не сите коњи ќе ја завршат трката.“

Уште повеќе, Сарс-КоВ-2 е нов патоген за луѓето, и многу од технологиите што се користат за да се создадат вакцините немаат поминати претходни тестови за подобност. До ден денешен, сё уште се нема одобрено вакцина создадена од генетски материјал, РНК или ДНК, на пример. Така што, кандидатите за вакцина за Ковид-19 треба да се третираат како целосно нови вакцини, и како што Гелин потенцира: „ Иако постојат напори да се сработат нештата што побрзо се може, навистина е важно да не се оди по скратени патчиња.“

вакцина

Во меѓувреме постои уште еден потенцијален проблем. Чим се одобри вакцината, таа ќе биде потребна во огромни количини, и многу од организациите вклучени во трката за вакцина против Ковид-19 едноставно не располагаат со потребните производствени капацитети. Развивањето е ризична работа од сам почеток, во бизнис смисла, бидејќи многу малку од кандидатите за вакцини се приближуваат до фазата на клиничко тестирање. Дополнително, производствените капацитети се во принцип дизајнирани да одоговорат на производството на одредени вакцини, така што нивна надградба во момент кога не знаете дека вашиот производ ќе успее, не е остварливо во комерцијална смисла. Cepi, и сличните организации опстојуваат рамо до рамо со огромни ризици, трудејќи се да ги мотивираат компаниите доволно долго за да ја развијат многу потребната вакцина. Cepi исто така планира да инвестира во вакцина против Ковид-19 и во засилување на капацитетот за производство истовремено, и претходно овој месец објави повик за 2 милијарди долари да го направи тоа.

Следен сет предизвици ќе следува по евентуалното одобрување на вакцина против Ковид-19. „Создавањето вакцина која е докажано безбедна и ефикасна кај луѓето е отприлика една третина од патот што треба да се изоди за глобална програма за имунизација,“ заклучува експертот за глобално здравје, Џонатан Квик од Универзитетот „Дјук“ во Северна Каролина. „Вирусната биологија и технологијата за вакцини можат да бидат ограничувачки фактори, но политиката и економијата се фактори што ќе бидат пречки во имунизацијата.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -