Владата на Република Северна Македонија со препорака до компаниите да организираат работа од дома

На вчерашната седница на Владата се усвоија низа заклучоци со кои им препорачува на работодавачите да организираат работа од дома, а на маркетите, аптеките, банките и поштите да обезбедат редари пред и во своите објекти.

Поврзано:

„Се препорачува на сите работодавачи во Република Северна Македонија, односно секое раководно лице на институцијата, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организираат работата и начинот на работа на вработените лица, преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирагье на институцијата,“ се наведува во заклучоците на Владата усвоени врз основа на препораките од денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб задолжен за целосна координација со спречувањето на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19.

Супермаркетите мора да постават редари пред влезот 

Оваа мерка не важи за вработените во министерствата за внатрешни работи, за здравство и за одбрана, како и во Армијата, противпожарните територијални единици, Царинската управа и домовите за нега на стари лица и малите групни домови.

Дополнително, сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, се обврзуваат задолжително да обезбедат редарска служба при влез и да обезбедат контрола на бројот на лица внатре во објектите, со цел обезбедување минимум потребно растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -