Како да ја одржите продуктивноста при работа од дома

По најновата одлука на Владата која се однесува на спречување на ширењето на корона вирусот во нашата земја, голем број родители од денес ќе мора да седат дома и да ги чуваат нивните деца помали од 10 години. Во наредните две недели, родителите имаат можност да работат од дома, и истовремено да поминуваат време со децата, време кое често кажуваат дека им недостасува. Иако можеби повеќето од родителите претпочитаат да одат на работа наместо да се справуваат со желбите и каприците на нивното потомство, за да бидат доволно продуктивни, сепак можете да бидете плодотворни и од дома, и да придонесувате во целокупното работење на вашата компанија.

Поврзано:

Во прилог се неколку совети и согледби за тоа како да не ви побегне концентрацијата додека се обидувате да бидете професионални од удобноста на вашиот кауч.

Различни луѓе различно ја сфаќаат продуктивноста

Сите ние имаме различни обврски во текот на денот, неделата, месецот, и понекогаш тие се конзистентни. Но некогаш нашите обврски се менуваат радикално од ден во ден, а единствената постојана работа во оваа приказна е ветувањето што си го даваме самите себе за тоа што за нас претставува продуктивност, и понекогаш досадната навика постојано да го преиспитуваме тој концепт. На пример, оваа недела ќе треба да започнам кампања на социјалните медиуми за продажба на новиот производ, и треба да договорам состаноци со клиенти. Следната недела ќе треба да го завршам проектот што го пишувам, и ќе пишувам по 500 зборови на ден. Поуката од овој пример е следнава: бидете волни и способни еднаш неделно да направите план на сите активности кои сметате дека за вас претставуваат „победи на продуктивноста“, и дознајте што се треба да направите за да ги остварите. 

продуктивност

Направете случајноста да си оди од вашата домашна канцеларија

Според некои, секоја работа може да е доволно интересна ако не ја работат постојано истата, од ден за ден. Во секој случај, секогаш ќе има и одредени задачи и административни обврски што мора да се обавуваат секојдневно. Оттука, кога работите од дома, добро би било да ги инкорпорирате сите овие обврски во дневниот план за продуктивност. Ова изгледа вака: проверка на електронското сандаче и испраќање одговор на итните маилови. Потоа, преглед на активностите што треба да се извршат во следните два дена, подготовка на постови на социјални медиуми, контактирање сегашни и идни соработници, и на крајот од денот, осигурајте се дека сте извршиле и дел од претходно зацртаната цел – пишување проект од 500 зборови дневно. 

Потоа можете да си дозволите случајноста да добие пристап во вашиот работен ден. Тоа значи да си дозволите да напишете 750 збора дневно за проект, а јавувањата на клиентите да ги оставите за следниот ден…Овој вид „случајност“ ќе ви дозволи секој ден да се чувствувате возбудени за вашите работни обврски и ќе ви овозможува чувство на задоволство дека правите нешто поинакво секој ден. 

Темелно познавајте ги вашите работни навики, и тренирајте ги

Некои ја перцепираат самодисциплината како мускул кој постојано треба да се вежба, или во обратен случај, ризикуваат атрофија. Размислете каде, како и колку долго сакате да работите кога не сте во типична канцелариска средина. Дадете одговори на следниве прашања: дали имате можност да уредите домашна канцеларија? Дали претпочитате да сте на балкон или на кауч, или пак во некоја удобна фотеља? Направете анализа на вашите силни и слаби страни на овие одговори и почнете да го препознавате создавањето на здрави навики, предизвикани од некои од овие места. Исто така, препорачливо е да дознаете дали овие места  ве тераат да направите нешто спротивно од она што вие го мислите дека е продуктивно работење. Нечија навика можеби е полна шолја кафе покрај компијутер, половина час читање вести и потоа зафаќање со работа. Но ако мислите дека ќе се занесете во читањето дневни вести или што и да е тоа што ви побудува интерес, тогаш можеби посета на најблиското кафуле каде ќе морате да го сработите денешното е иделната комбинација за вас.

Нека ви биде удобно, ама не премногу

Некои луѓе не можат да работат во кревет, бидејќи креветот ги повикува да остават се што прават и едноставно да се препуштат на неговата удобност и да заспијат. Така што, за овие луѓе креветот е „ван памети“ ако сакаат да сработат нешто. На пример, можеби вас ви одговара кауч како бизнис локација, под услов да не ве натера даљинското да го уклучите телевизорот. Овие опции се промена од вообичаеното биро и столица, и на некои луѓе им делуваат позитивно. Како и во претходниот совет, анализирајте ги вашите ограничувања и тенденции и вметнете ги во вашата оптимална работна средина. Некои претпочитаат да се чувствуваат удобно во поглед на облека, температура и кафе при рака, но други преферираат да работат исправени или дури и стоечки наместо да зафаќаат неправилни положби на каучот. Некои сакаат да избегнуваат храна и грицки во близина додека работат, некои пак истата ги стимулира. Дознајте што функционира најдобро за вас и бидете доволно дисциплинирани да го примените тоа и да го претворите во продуктивна навика. 

продуктивност

Бидете подготвени за промена

Ова е можеби најважниот совет. Некои луѓе се поподложни на промени од други и полесно прифаќаат новнонастанати ситуации. Важно е за секој професионалец да може да го препознае доаѓањето на промената и да се прилагоди на истата. На пример, понесете го лаптопот со себе додека вашето дете е на тренинг и завршете ги работите за кои не ви треба пристап до интернет. Ако ви дошле родителите на сопругот на посета, а ви треба атмосфера која ќе ве потсеќа на канцеларија, ставете камперска масичка во спалната соба и создадете си работна средина која одговара на вашата замисла. 

Аспектот на корпоративното работење што може да е истовремено и адут и маана е дека штом се најдете во ваква средина самото место ве тера да мислите само на работа и не ве остава да правите нешто друго освен да работите. Вработени седат на нивните бироа, ѕвонат телефони, претпоставени брзаат на состаноци – сево ова го немате дома и за некои домашното работење може да претставува вистински терет ако нема воспоставено систем за работа. Но, не заборавајте да бидете флексибилни, лесно да прифаќате промени и точно да ги знаете вашите силни и слаби страни. Доколку си имате воспоставено систем, работата практично ќе се заврши сама од себе!

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -