„Финти“ како да го направите работниот или домашниот простор попродуктивен

Работењето од дома претставува поинаков вид реалност за многу од нас, исто како што и претворањето на домот во канцелариски простор може да биде голем предизвик. Но постојат неколку едноставни „финти“ што ќе ви помогнат да го одржите фокусот, да ја намалите анскиозноста и да бидете подеднакво продуктивни дома како и на работа.

Поврзано:

продуктивност

1. Одредете си конкретено место за работа

Некогаш е тешко да се раздвојат професионалните ангажмани од домашните обврски, особено кога живеете и работите во истиот простор. Но, доколку си одредите конкретно место за работа во рамките на вашиот дом, ќе можете ментално да ја засилита таа поделба, посочува Harvard Business Review. Ваквата одлука ќе ви помогне да бидете попродуктивни и да ја намалите анскиозноста во самиот процес, пишува порталот „Спејсес“.

Од друга страна, не сите имаат можност да работат од домашна канцеларија, така што снајдете се со она што го имате. Ако не можете да преземете целосна контрола на шпајзот, или вишокот соба во која обично ви се сушат мокрите алишта, тогаш реплицирајте ја работната канцеларија на вашиот кауч, а потоа мигрирајте до масата во трепезаријата за да го формализирате извештај на кој работите. Менувањето на местата помага во спречување на наездата на монотонија и во создавање движење во нашата работна средина.

Но, што и да се случи, немојта да паѓате во искушение да работите во кревет. На мозокот не му треба многу да почне да ја поврзува средината во која се наоѓате со претходните работни навики, така што ако понесете лаптоп или телефон во кревет, ризикувате да не заспиете или да сте измачувани од лесен сон цела вечер.

продуктивност

2. Додате саксијски цвеќиња

Растенијата нё прават среќни, тоа е научен факт. Саксијските цвеќиња поставени во внатрешноста на домот или работното место всушност придонесуваат кон подобра концентрација и продуктивност, и тоа за цели 15%. Истовремено тие помагаат во намалување на стресот и го подобруваат расположението. Затоа нивното присуство е идеален додаток на вашето работно место.

Растенијата инстантно ја освежуваат средината, и се многу повеќе од обични алатки за подобрена продуктивност, бидејќи како и на нас луѓето, им е потребна светлина за да се развиваат правилно. Во едно истражување издадено во 2018 година од страна на универзитетот „Корнел“ во САД, професор Алан Хеџ посочува дека има 84% пад во напрегнатоста на очите и главоболките кои се резултат на продолжено време пред екранот, кога природната светлина е оптимална. Растенијата, секако, обожуваат сонце и можат да ни помогнат да одредиме дали и ние сме изложени на доволно природна светлина во нашата животна/работна средина, што пак може да биде особено незгодно за време на зимските месеци.

3. Чувајте го просторот чист и суреден

продуктивност

Поговорката вели „средено биро, среден ум“.  Истражувачите од универзитетот „Принстон“ (САД) откриле дека нередот и премногу расфрлани предмети околу нас ни предизвикуваат тешкотии при фокусирање и дека визуелниот кортекст во нашиот мозок е преоптоварен со небитни предмети, што пак прават мозокот потешко да се концентрира и ефикасно да извршува одредени задачи. Во нашите домови најчесто сме опкружени со секакви предмети – затоа и е од особена важност да се одреди конкретно работно место и тоа да се чува педантно и расчистено што е повеќе можно.

4. Одбрете го вистинскиот вид позадински шум

Работењето во тишина може да биде исто толку тешко како и работењето во бучна средина во која можат да се чујат и силни гласови на луѓе. Трикот е да ја пронајдете вистинската рамнотежа.

Докажано е дека музиката ги намалува негативните чувства како што се стресот и анскиозноста,  и дека нё прави среќни. Spotify, Google и Apple Music, имаат создадено плејлисти за работа од дома, но ако сте од оние луѓе на кои им пречат текстовите на песните на екраните, или пак џезот, блузот, или класичната музика не се по ваш ќеф, тогаш постојат алтернативи.

Програми со претплата како што се The Headspace App и Brain.fm користат специјално аранжирана музика која помага во подобрување на активноста на мозокот, го развива фокусот и овозможува длабока релаксација.

продуктивност

5. Нека ви мириса на продуктивност

Постојат верувања дека одредени ароми ја подобруваат ефикасноста на работа, и истите тие можат да се користат и во домот. На пример, една студија од Јапонија открива дека учесниците во истражувањето направиле за 45% помалку печатни грешки кога биле изложени на мирис на свежи лимони.

Меѓу најефикасните ароми се: мирисот на кафе при аналитчки задачи во врска со расудување, рузмарин за повраток на меморија, свежо нане за подобрување на вниманието, јасмин за нова енергија, општа добросостојба и позитивно расположение, а видот трева познат како ветивер ја подобрува концентрацијата.

6. Нека ви биде удобно но одржете ја кондицијата

Ширењето на коронавирусот натера голем број вежбални низ целиот свет да затворат – затоа во овој период е многу важно да останеме физички активни. За време на работните саати, ова може да значи да направите ментален напор и да прошетата до другиот крај на просторијата, и тоа во редовни интервали за да ги изодите тие 10000 чекори и за да го подобрите држењето на телото.

продуктивност

Исто така, важно е да се напомене дека поголемиот дел од мебелот дома не е дизајниран ергономски и не одговара на долги работни часови пред компијутер. Затоа движете се низ домот што почесто можете и обидете се да работите стоечки. Ова може да ви помогне да ја засилите идејата за напредок и ментална продуктивност.

Претворете ја вашата дневна соба во импровизирано студио за јога и користете ги мобилните апликации што се на располагање. Тие нудат сесии за медитација и вежби за подобрување на концентрацијата кои можете да ги вежбате дома, а за кои не ви е потребна никаква опрема. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -