Проверени техники за ослободување од стресот

Стресот е за жал премногу присутен во брзиот начин на живот. Големиот број на обврски и постојаниот недостиг на време си го прават своето.

Секој може да управува со својот ум и тело, само не секој е свесен за својата моќ. Следниве едноставни техники ќе ви помогнат да станете свесни за себе си и да ја искористите вашата моќ за да се ослободите од стресот.

Намалете го внесот на кофеин

Кофеинот е стимуланс којшто се наоѓа во кафето, чоколадото, одредени видови на чај и енергетските пијалоци. Големи колични од овие намирници даваат чувство на вознемиреност. Различни луѓе различно реагираат на кофеин, но доколку сте под стрес потрудете се да не внесувате дополнителни стимуланси коишто можат само да ја влошат состојбата.

Џвакајте мастика

Можеби звучи чудно, но неколку истражувања потврдиле дека луѓето што џвакаат мастики се чувствуваат поопуштено. Една од теориите за оваа појава е дека џвакањето на мастика предизвикува стимулира мозочни бранови слични како кај релаксираните луѓе. Другата е дека џвакањето го поттикнува протокот на крв во мозокот.

Научете се да велите НЕ

Некои работи не можат да се контролираат, но постојат и ситуации кога можете нешто да направите. Превземете контрола врз вашиот живот – научете се да велите НЕ. Ова особено важи кога сте пренатрупани со обврски. Бидете селективни – не прифаќајте задачи ако не можете да ги завршите во дадениот рок.

Дишете длабоко

Ова е една добро проверена техника за ослободување од стресот. Вежбите со длабоко дишење му помагаат на наервниот систем да се смири. Целта на овој вид на дишење е да се фокусирате на самиот процес на вдишувањето и издишувањето. Со правилниот начин на земање и испуштање на воздух срцевите отчукувања се намалуваат и вие се чувствувате посмирено.

Медитирајте

Потребните ви се само неколку минути дневно за да ја намалите напнатоста. Седнете исправено со двете нозе на подот и затворете ги очите. Најдете добра позитивна мисла и изговарајте ја, гласно или тивко. Фокусирајте се на тоа и дишете полека. Не дозволувајте ништо да ви ја наруши концетрацијата тие неколку минути.

Слушајте музика

Слушањето музика има позитивен ефект врз умот и телото. Убава бавна мелодија или препознатливите звуци на природата го намалуваат притисокот, кортизолот (хормонот на стресот) и срцевите отчукувања.

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -