Претприемништвото по Ковид: претприемачки вештини за отпорност без кои не се може

Ковид-19 ни ги отвори очите. Пандемијата ги натера организациите на сите континенти да сфатат колку многу нивните бизнис модели зависат од средина во која нема големи бранувања. Искрено зборувано, пред 8 месеци организациите беа лошо подготвени за пазар во време на пандемија во споредба со она што им беше потребно. Ковид-19 исто така влијаеше и на начинот на кој сега работната сила и надежните таленти ја планираат иднината. Постои и страв од несигурност и губење на работното место, меѓу многуте други, што пак ги тера професионалците да ги менуваат претходно зацртаните цели во поглед на нивната кариера – од тоа да зависат од организациите бидејќи се нивни вработени до остварување на правото на себевработување, пишува Костуб Соналкар, претседател за човечки ресурси во Essar Group и извршен директор на Фондацијата Essar.

Но, колку е тешко или лесно да се стане претприемач?

Малите претприемачи веќе ги имаат почувствувано мерките за поттик на бизнисите, вклучувајќи разни програми но и можност да стигнат до владини средства. Жените претприемачи исто така имаат поголеми шанси да развиваат сопствени бизниси. Но, ако предвид ги земеме начините на кои стартап компаниите успеаја да развиваат бизнис за време на пандемијата, сфаќаме дека има неколку конкретни чекори и тактики што им овозможуваат на претприемачите да растат и да се развиваат долгорочно.

Претприемништвото е начин на размислување

Клучната карактеристика на претприемачите е нивната способност да преземаат ризици. Додека пандемијата натера голем број стартап фирми да ги сопрат нивните бизниси, сепак некои од нив одлучија да ја сфатат новата ситуација како можност и да ја искористат најдобро што можат. На пример, кога сите кино сали и театри беа затворени со месеци, водечката компанија што продава билети онлајн – BookMyShow – одлучи да поддржи онлајн настани и да им помогне на уметниците да ги продадат билетите на интернет. Гигантските компании што вршат достава, како Swiggy и Zomato, исто така почнаа да доставуваат намирници и други потребштини, наместо да затворат.

Претприемачот секогаш има идеи, и бара нови и единствени решенија.

Во една прилика, Џеф Безос има изјавено: „Еден од единствените начини да излезеш од тесна кутија е самиот да го измислиш патот надвор“.

Вака размислуваат претприемачите – секогаш се во потрага по идеи. Имаат моќен пристап што е фокусиран на решението и волја да ја олеснат работата за нивните клиенти и таргетирана публика.

Нивната идеологија е создавање вредност за клиентите

Во екот на пандемијата, кога луѓето стоеја во долги редици пред супермаркетите, голем број стартап компании ја препознаа потребата за онлајн услуги и создадоа нови помеѓу веќе постоечките, па почнаа да доставуваат храна до нашата влезна врата. Дополнително на овие можности, се појавија стартапи кои почнаа да ги комбинираат овие услуги со социјално претприемништво, онлајн фитнес вежби, како и компании што нудат различни методи за плаќање преку интернет.

Претприемачот размислува како човек и машина, а не како човек наспроти машина

Автоматизацијата во голема мера доминира како промена во операциите и внатрешните процеси. Многумина имаат став дека оваа промена може да доведе до помал број работни места во блиска иднина. Сепак, главна карактеристика на претприемачот е да разбере дека човекот и машината треба да се на исто ниво, а не еден против друг.

Претприемачот е интуитивен, но и добар одлучувач

Една од главните карактеристики на претприемништвото е учењето на уметноста на брзо носење одлуки, често пати на дневна основа. Причината поради тоа што ја нарекуваме оваа способност уметност е фактот дека секој претприемач има сопствен стил на носење одлуки, врз основа на неговите силни страни како што се потпирање на реални податоци, разумност, интуитивност…

Претприемачот мора да биде комерцијално остроумен

Комерцијална остроумност е способност да се анализираат ситуациите од комерцијална гледна точка – познавање на бизнисот, внатрешните процеси, трендовите и поседувањето вештини да се носат подобри одлуки засновани на темелни увиди. Тоа е клучна способност кај претприемачите бидејќи им помага да го разберат влијанието на секојдневното носење одлуки за секој аспект на бизнисот, без разлика дали станува збор за техничките, финансиските, оперативните процеси или продажбата. Извонредна комерцијална остроумност може да им помогне на претприемачите во покажувањето на пошироката слика на нивните партнери или вработени, и каде тие би можеле да заземат место во неа, што пак ги прави да се чувствуваат поврзани со успехот на компанијата.

Пред се`, претприемачот ја разбира потребата за создавање вредност

Вредноста порано беше термин поврзан со цената, но во денешниот свет на бизнисот, каде поддршката и емпатијата се клучни во секој деловен потфат, создавањето вредност значи посветеност во обезбедувањето квалитет за вашите клиенти, заинтересирани страни, вработени и за заедницата.

Од клучно значење за претприемачот е да ја разбере важноста на создавањето вредност со тоа што најдобро ќе ги приоретизира потребите на засегнатите страни за да биде сигурен дека ќе постигне деловен успех долгорочно.

Претприемништвото е тешко, особено во услови на променет пазар по Ковид-19. Сепак, кризите секогаш го овозможуваат раѓањето на идеи кои го менуваат светот. Стив Џобс еднаш изјавил: „Убеден сум дека околу половината од она што ги дели успешните претприемачи од неуспешните е чиста истрајност“.

Извор: msn.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -