Претприемништвото не е за секој – еве зошто

Животот на претприемачот делува гламурозно кога гледате од страна. Креирање личен распоред, живеење според сопствени правила, и создавање компанија за која сакате да работете може да биде примамливо, пишува Рон Џибори, креативен директор на Idea Booth.

Во овие 20 години додека сум претприемач, споделува Рон, перцепцијата за тоа што претставува претприемништвото се променила за 180 степени. Кога дипломирав факултет, сите сакаа да работат за голема корпорација. Сега се чини дека спротивното е точно. Сите сакаат да бидат претприемачи. Сепак, далеку од само животен стил, претприемништвото е билет за постојано возење по луда железница, што понекогаш дури може да ви предизвика и вистинска вртоглавица.

Вистината од гледна точка на сериски претприемач е малку потемна од сјајот  на успешните примери што го читаме по медиумите. Треба внимателно да размислите дали претприемништвото вистински избор за вас, што значи дека најверојатно нема да работите од 9ч до 17ч, но наместо ова типичниот работен ден опфаќа 16 часови, секој ден, седум дена неделно. И за што? Шанса да поседувате една од 10 стартапи што вистински успеваат. Ваквите „голи“ статистики не се наменети да ги обесхрабрат претприемачите, напротив, да ги поттикнат да ја разберат реалноста и жртвите што тие треба да се спремни да ги направат.

Успешните претприемачи се идеализираат од масите бидејќи тие делуваат посреќни, поуспешни и поамбициозни од сите други. Има огромен број книги, курсеви и компании што се посветени целосно на продавање на сонот за успешен сопственик на бизнис. Сепак, има и скриена темна страна, што многу ретко се дискутира јавно.

Можам да ви кажам од лично искуство дека претприемништвото е тешко и емоционално исцрпувачко. Во текот на мојата кариера основав неколку компании, и раководењето на секоја една беше многу тешко. Тешко е бидејќи партнерите, вработени и инвеститорите инвестираат во ВАС, не во вашата компанија. Така што, што подобро можете да се справите со работен ден од 9ч до 17ч, и 80 часа работа неделно, толку подобро ќе работи вашата компанија.

Така што, пред да се возбудите премногу во врска со станувањето претприемач, одново проценете ги вашите очекување и земете ги предвид следниве факти:

Започнување бизнис никогаш не е лесно ниту брзо како што можеби верувате

Младите претприемачи кои мислат дека сопствен бизнис води до профит, треба да доживее финансиско прогледување. Вистината е дека сум трошел повеќе од што можев да генерирам во приходи, и како резултат на тоа, не сум добивал плата неколку години по ред. Сум бил приморан да се потпирам на моите заштеди или резерви за да ги покријам основните животни трошоци, со надеж дека работите ќе се подобрат во иднина. Дури и работите што можете да ги предвидите нема да се случат баш така како што сте замислиле. Како претприемач, ќе бидете приморани да се приспособувате, бидејќи ништо нема да се случи така како што мислите.

Кажано е: „Секое големо постигнување изискува големи жртви“

Тие жртви вообичаено значат дека вашиот личен живот ќе трпи. И дозволете повторно да го споделам моето искуство, објаснува Рон: што и да цените во животот ќе мора да го жртвувате тоа во одредена мера за да бидете успешни.

Дефинитивно сум работел барем 40% повеќе од типичниот вработен во корпорација. Дури и кога не работев не можев а да не ислам на проблемите со кои се соочуваше бизнисот, и финансискиот стрес што морав да го поднесам се одрази на моите врски.

Празнината помеѓу она што сакате да го правите и она што треба да го правите

Како претприемач, морав да се снаоѓам. Имав прилика да ја работам работата што сакав да ја работам, но исто така на крајот на денот, завршував со повеќе работа од што сакав. Бев администратор, надзорник, сметководител, менаџер на човечки ресурси, и маркетер во исто време. Тоа беше исцрпувачко искуство. Без разлика колку бев возбуден кога требаше да ги преземам овие одговорности на почетокот на неделата, постојаното менување брзини секогаш ме преморуваше. И тоа ќе се одрази на вас, негативно.

Неуспехот не е опција, неизбежно е

Секој успешен претприемач ќе доживее неуспех брзо, учи брзо, и ги поправа работите брзо. Ако не го прави тоа, ќе има друг вид неуспех, масивен или минорен, што ќе се помеша со вашите планови и ќе ја компромитира вашата визија. Неуспехот е неизбежен, и е основен дел од претприемништвото, иако сфаќањето на ова сознание не го прави фактот полесен за прифаќање. Пречката на неуспехот е секогаш присутна и секогаш ви создава страв кога водите бизнис, и надминувањето на тој неуспех за некои е преголем напор. Способноста да закрепнете од тој неуспех е она што ги одделува успешните од останатите.

Не секој може да започне бизнис. И не секој треба. Никој не сака да уништи нечии соништа, но станува збор токму за тоа. Не секој го има она што е потребно и не секој сака да направи што е потребно за да започне, раководи и скалира компанија сам. Зборот „претприемач“ стана премногу популарен и неговото значење се изгуби во гламурозните написи во медиумите.

Извор: thriveglobal.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -