Претприемништвото и инвестициите како чекор напред кон социјална добросостојба

Оваа 2020та година беше година на социјални турбуленции. Низ целиот свет, општеството дефинира различни проблеми во нашата култура и бара промени со широка примена. Иако има крупни чекори што треба да се преземат, од менување на исклучувачките политики во една компанија до потпишување петиции за преземање дејства, фондовите за ризичен капитал и светот на инвестициите има друга, често пати занемарена опција – инвестирање во стартап компании со мисија да го променат светот.  

Се` повеќе и повеќе, инвеститорите ангели и институционалните фондови почнаа да префрлуваат дел од нивните средства во стартап фирми со фокус на диверзитет и социјална добросостојба, на компании кои се концентрираат на изнаоѓање демократски пристапи до здравствена нега и образование, или на покрупни прашања како што се климатските промени.

На почетокот, пренамената на средства со цел да се поттикне развојот на социјалната добросостојба може да изгледа како силен подвиг, но сепак инвеститорите може да ја прифатат промената во начинот на размислување следејќи три едноставни чекори: 1 – редистрибуција на застоени инвестиции; 2 – нивелирање на демократскиот пристап до стартап компании посветени на внесување социјални промени; 3 – идентификација на основачи на фирми со потенцијал за брз раст.

Повеќе инвестиции за повеќе социјални промени

Поголемиот дел од парите во светот се врзани на места каде стагнираат. Без разлика дали се инвестирани во недвижнини, акции или други традиционални области, овој капитал често пати посочува дека конзервативните инвеститори се заинтересирани за вакви вложувања, додека имаат занемарливо влијание врз општеството. Намерата не е непријателска.

Поголемиот дел од семејните бизниси и приватните менаџери на богатство се трудат да ги минимизираат губитоците и овие видови униформирани портфолија се безбедни. Дури и „најзачинетите“ инвеститори би требало да инкорпорираат повеќе разновидност во нивните портфолија, и да одредат каде можат да направат профитабилни инвестиции што ќе донесат повисок поврат на средства додека истовремено ја унапредуваат социјалната добросостојба. Инвеститорите можат да направат мали чекори за да се здобијат со повисок степен на самодоверба во поглед на проширување на нивните стратегии.

За почеток, треба одново да го врамат сопствениот начин на размислување за да можат да препознаат потенцијални можности, наместо ризици. Добар начин да се направи ова е да анализираат јавни установи што менаџираат високо ризични потфати работеле во изминатите пет години и тоа да го споредат со инвестиции во технологија. Инвеститорите ќе видат значителни разлики и можност да се спроведат различни начини за поврат на средства.

Идејата не е да се стави целосен профил во една единствена инвестиција. Напротив, инвеститорот треба да земе дел од неговото портфолио во сектор со високо ризични инвестиции, како јавните установи или структурите на разни фондови, и сопствениот влог да го стави во профил со сличен ризик со подобар поврат на средства. Постепено, зголемувањето на ваквата серија инвестиции, почнувајќи со 15% и потоа со надградување, може да им помогне на инвеститорите да го препознаат зголемениот поврат на средства додека истовремено внесуваат квалитативни промени во процесот.

Свет на страсти на дофат

За стартап компании од сите големини, демократкиот пристап до инвеститори ќе ја забрза искористеноста на капитал за социјална добросостојба. Се` до неодамна, само најбогатите луѓе во светот имаа изложеност на премиум капитал, но финансирањето преку кампањи (crowdfunding) и акцелераторски програми воведоа нови можности, створија нови врски што можеби претходно не би биле возможни.

Овие авении отворија нови врати за инвеститорите и стартап фирмите. Пристап до развиени мрежи или иновациски хабови како што е Силиконската Долина повеќе не се пресвртна точка за тие кои сакаат да соберат финансиски средства. Проширените глобални можности за стартап компаниите исто така значи и дека инвеститорите имаат повеќе опции да најдат млади бизниси со потенцијал за брз раст што се поклопуваат со нивните вредности, без разлика на географската локација.

Но додека собирањето средства преку кампањи и акцелераторите го направија светот подостапен, тие сепак воведоа и значајни предизвици. Иако инвестициите во рана фаза станаа подостапни, собирањето средства преку кампањи не ги носи највредните инвеститори на заедничка маса.

Собирањето средства преку кампањи ги преплавува платформите со зделки со низок квалитет, што пак значи дека инвеститорите имаат потешкотии во поглед на поврзување со лукративни можности. Во меѓувреме, различни акцелератори и инкубациски платформи се појавија на пазарот, што пак ја унапредија глобалната конекција, но кои пак се склони да бидат многу бучни.

За да успеат, претприемачите имаат потреба од повеќе од капитал. Тие имаат потреба од стратешка поддршка од искусни инвеститори кои можат да им помогнат да донесат одлуки и да ја надградат фирмата на влијателен начин. Со свет на идеи на дофат, инвеститорите би требало да одвојат време да ги прегледаат сите можности и да ги пронајдат идеите што најмногу ги погодуваат, да стават приоритет на квалитетните идеи и да земат предвид платформи што можат да негуваат ветувачки врски.

Потребно е да се охрабрат претприемачите кои се подготвени за успех

Сега е вистинското време да се инвестира во стартап компании. Луѓето кои иновираат за време на пандемијата имаат три пати повеќе потешкотии од тие кои создаваат во побезбедни економии. Но иако станува збор за вистинското време, подеднакво е важно и борбата да е фер. Инвестирањето во потенцијал има голема предност: амбицијата, непоколебливоста и издржливоста, како и емпатијата, се посакувани карактеристики што помогаат во реализацијата на идеи што можат да донесат промена.

Ако некој инвеститор вложи во страстен лидер со силна визија и способност да привлече талент, во тој случај постои темел за создавање нешто значајно. Кога размислувате за тоа кои инвестиции ќе донесат вистинска промена, запрашајте се следново: Дали е ова вистинската личност која може да создаде таква компанија? Дали таа има способност да привлече и води талентиран тим? Дали е пазарот доволно голем, и дали постои доволно важен проблем поради кој вреди да се создаде компанијата?

Ако одговорот на сите овие прашања не е „да“, важно е да се процени дали можете да видите во иднина теоретски излез (компанијата да биде купена од корпорација или поголем инвеститор), дали компанијата не е подготвена за да добие инвестиции, или пак ја има способноста да се надгради до одредена пристојна големина.

И покрај ова, инвестирањето во стартап компании, без разлика колку добри се нивните намери, може да ги исплаши инвеститорите. Еден начин да се надмине овој страв е да се инвестира во стартап фирми во понапредни фази, што изгледаат помалку ризични и потоа постепено да се инвестира во стартап компании во рана фаза по сопствено темпо. Компаниите кои имаат за цел да соберат финансиски средства преку почетни јавни понуди за да купат друга компанија исто така стануваат интересна опција за инвеститорите.

Овој вид компании претставуваат корпорации што се создадени со единствена цел, а тоа е да соберат инвестициски капитал преку првични јавни понуди. Заработката потоа се користи да се купи една или повеќе постоечки компании, што е можност што може да ја намали анксиозноста кај инвеститорите кои се склони да не преземаат ризик а кои сакаат да ја прошират сопствената комфорна зона.

Секоја стратегија што еден инвеститор ја одбира со цел да се унапреди социјалната добросостојба е чекор во вистинската насока. Капиталот е материјален начин да се поттикнат иновациите и да се предизвика влијателна промена.

Демократскиот пристап до стартап компании, создава повеќе можности за инвеститорите да најдат бизниси што се во согласност со нивните вредности додека истовремено го прават сопственото портфолио поразновидно, може да обезбеди одлични резултати. И кога повратот на средства значи дека се предизвикува статусот кво и се охрабрува социјалната промена, тогаш сите се победници.

Извор: techcrunch.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -