Првите 35.000 домашни платежни картички од НЛБ Банка веќе се дистрибуираат

НЛБ Банка започна со процесот на издавање домашни платежни картички. Веќе се изработени првите 35.000 картички и истите се во фаза на дистрибуција. Од банката информираат дека сите корисници на финансиска поддршка, кои се распределени во НЛБ Банка, по изработка на домашната платежна картичка, ќе добијат СМС известување дека картичката е изработена и ќе им биде лично доставена на домашната адреса.

Корисниците на платежната картичка треба да ги ажурираат своите податоци

За точна и навремена достава на картичката, НЛБ Банка ги повикува сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат тоа во најкус можен рок, преку веб страницата на банката (https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx) и да ги внесат потребните податоци. Воедно, по добивање на картичката клиентите ќе можат да ги следат сите свои реализирани трансакции и да имаат увид во состојбата на нивната картичка преку апликацијата за мобилно банкарство – НЛБ мКлик, која може да ја преземат и користат без дополнителни трошоци и надоместоци.

НЛБ Банката е дел од иницијативата на Владата за изработка и издавање на 113.000 платежни картички. Издавањето на картичките ќе се одвива етапно, а крајниот рок, поставен во Уредбата на Владата за издавање на картичките е 18 јули 2020 година. Граѓаните корисници на оваа платежна картичка ќе можат да ги користат средствата за купување на македонски производи до 15 август 2020 година.

За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600 и на e-mail: info@nlb или директно да ја контактираат Банката преку нивните социјални мрежи.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Над 15% пад на индустриското производство во месец јуни

Индустриското производство во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 15,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за...
- Advertisment -