Првиот онлајн натпревар: „Балкатон – Стани попаметен за иднината“ , поддржува иновативни дигитални бизнис решенија во Западен Балкан

Советот за регионална соработка го организира првиот онлајн натпревар во Западен Балкан со цел поттикнување на дигитална иновација и практични бизнис решенија, под слоганот „Балкатон-Стани попаметен за иднината“. Овој онлајн натпревар претставува можност за промоција на дигитални паметни решенија, како и за вмрежување на младите, стартапите и другите чинители да работат заедно со цел изнаоѓање иновативни идеи и одговор на потребите во периодот по пандемијата на Ковид-19.

Регионалниот онлајн Балкатон има за цел да им помогне на државјаните и на бизнисите во Западен Балкан да закрепнат од ефектите на пандемијата која што силно ги погоди бизнисите и граѓаните во првиот квартал на 2020 год. Фокусот на натпреварот е компаниите да ја засилат сопствената отпорност од вакви глобални предизвици.

Учесниците од балканските земји ќе имаат можност да работат со искусни ментори врз основа на нивниот избор на тема. Советот за регионална соработка ќе ги поддржи најдобрите идеи за развивање иновативни дигитални решенија со 10.000 евра.

Балкатон ќе поддржи идеи од областа на паметниот туризам, дигитални платформи за учење и решенија за онлајн плаќање.

Зошто?

Поради Ковид-19, туристичкиот сектор се соочи со огромен застој во првата половина на 2020 год. Економиите сега се борат одново да поттикнат патувања во рамките на земјата како мерка која би ì помогнала на индустријата да преживее. Поради тоа, Балкатон поддржува иновативни решенија за крупните сегменти од туристичкиот сектор во Западен Балкан како што се промоција, развој на производ и достава, толкување, менаџирање посетители, вештини и знаења.

Според  Балканскиот барометар 2020, само 30% од граѓаните на Западен Балкан користат интернет за образовани потреби, а пандемијата натера милиони ученици да ги заменат училниците со учење на далечина. Токму затоа, Балкатон ќе поддржи иновативни идеи за олеснување на учењето на основни дигитални вештини за граѓаните преку воспоставување посветена дигитална платформа за учење онлајн.

Има голема побарувачка за онлајн плаќања, но во некои случаи, купувањето основни работи се вистински предизвик, и според Балканскиот барометар 2020, 32% од граѓаните на Западен Балкан се загрижени поради злоупотребата на лични податоци додека купуваат онлајн. Оттука, Балкатон ќе поддржи иновативни решенија што можат да се применат во процесот на онлајн плаќање, а кои ќе обезбедат сигурен дигитален идентитет што ќе охрабри поголема количина онлајн трансакции преку побезбедни алатки.

Кој може да аплицира и до кога?

Секоја стартап компанија, хаб за дигитални иновации, научен парк, универзитет, микро или мало претпријатије и секое лице од економиите на земјите на Западен Балкан што се интересираат за дигитализација и паметни решенија се добредојдени да аплицираат.

Рокот за аплицирање започна на 1 јули 2020 год, а вашите апликациите можете да ги доставите до 12 јули 2020 год, до 12 часот според централното европско време.

Официјалната церемонија на доделување награди ќе се одржи на 16 јули 2020 год.

Балкатон е финансиран од Европската Унија и имплементиран од Советот за регионална соработка.

Дополнителни информации за првиот онлајн Балкатон се достапни на овој линк.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -