Прашања што треба да си ги поставите пред станете претприемач

Како што Ковид-19 предизвикува отпуштања од работните места и ја продолжува несигурноста за нови вработувања во 2021 год, луѓето почнуваат да размислуваат за нови опции, одново да се осмислуваат себеси, или се обидуваат да решат дали им е поприфатливо и привлечно да работат за себе отколку да се впуштаат во потрага по нова работа од 9ч до 17ч, со надеж дека таа ќе биде подолготрајна.

Претприемништвото со себе носи многу слобода, одговорност и ризици, и пред да се обврзете да го направите тој голем чекор, важно е да си поставите неколку важни прашања, вели Тим Мерсес, автор на книга во издание на Форбс – „Самосоздаден милионер: пркос против шансите во бизнисот“.

 „Претприемништвото е кариера што нуди еден вид слобода и лично задоволство што едноставно не можете да ги добиете од традиционална работа од 9ч до 17ч,“ вели Мерсер. „Никогаш нема да знаете дали го поседувате тоа што е потребно за да бидете претприемач освен ако самите немате верба и лично го искусите тоа“.

„Тоа е голема одлука што вклучува многу фактори и ризици. На патот на остварувањето на вашиот сон на професионална и финансиска слобода има многу пречки низ кои треба да се помине и тешкотии што треба да се издржат, и многумина не го одбираат бидејќи едноставно не се скроени за тој предизвик“.

Мерсер верува дека луѓето кои размислуваат да се бават со претприемништво треба да си ги постават себеси следниве 5 прашања:

Зошто сакате да го правите тоа?

„Ајде да бидеме искрени,“ вели Мерсер. „Ако во деловниот потфат станува збор само за нас, ќе сакаме да се откажеме кога работите ќе почнат да стануваат тешки. Вашето „зошто“, односно вашата цел мора да биде многу поголема од вас самите. Морате да верувате во визијата зошто сакате да бидете претприемач и да развиете план како ќе ги вклучите другите во вашата визија. Одржливото претприемништво изискува напор од други луѓе“. Мерсер смета дека е од особена важност да ги запишете вашите причини и да ги чувате пред очи за да ви послужат како потсетник кога ќе пристигнат тешки времиња.

Дали сте реални?

Луѓето лесно можат да бидат обземени од емоциите што ја следат идејата за започнување сопствен бизнис, но Мерсер вели дека е клучно за секој потенцијален претприемач да биде реален во неговите деловни проекции во првите две години од стартапот. „Искрениот одговор на ова прашање може да спречи одредени непријатни изненадувања додека се обидувате да ја изградите вашата компанија,“ вели Мерсер.

Дали имате дневна дисциплина?

„Вие сте шефот, и само вие можете да бидете одговорни пред вас самите,“ посочува Мерсер. „Ако ви е тешко да ја исполнувате задачата или да бидете мотивирани, и верувате дека претприемништвото е брз билет за финансиска стабилност, тогаш тоа дефинитивно не е за вас“.

Дали вашите врски можат да ги преживеат жртвите?

Посветеноста во поглед на време, истакнува Мерсер, кога започнувате сопствен бизнис и го развивате до фаза кога може да функционира ефикасно е многу повеќе од времето потрошено на работа од 9ч до 17ч. Врските можат да трпат. „Сите претприемачи мораат да разберат дека ќе бидат принудени да прават жртви на лично ниво со нивните семејства и пријатели,“ вели Мерсер. „Морате да бидете фокусирани без да дозволите вашата посветеност на претприемништвото да им наштети на врските со вашите најблиски. Комуницирајте со нив и заеднички осмислете приспособени очекувања како што го градите бизнисот“.

Дали можете да ги издржите борбите?

Отфрлувањето и неуспехот, според Мерсер, се реалности на кои новите претприемачи мора да се навикнат и да научат да ги надминуваат. „Морате да разберете колку пати нема да успеете пред да успеете,“ вели тој. „Можните клиенти ќе ве одбиваат постојано и вашата вредност за себе ќе биде тестирана на дневна основа. Дали вашето „зошто“ е доволно силно да ве тера да истраете?

„Се` на се`, одлуката дали сте претприемач или не се сведува на тоа колку удобно се чувствувате кога ви е неудобно,“ вели Мерсер. „Само времето ќе ви покаже дали ги имате човечките и деловните вештини да бидете успешен претприемач, но бидете сигурни дека ќе мора да издржите периоди на вистинска неудобност“.  

Извор: Michigan Chronicle  

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -