Правилото што повеќето ресторани постојано го кршат

Иако некои цврсто веруваат во спротивното, маските за лице обезбедуваат одредена количина слобода за време на пандемијата. Сега сме во можност да посетуваме ресторани, покомотно да одиме во шопинг, и општо земено, можеме да шетаме надвор без да се плашиме од целосната изложеност на вирусот, пишува редакцијата на Мајкрософт њуз.

Сепак, најдобрите практики на носењето маска не значи дека истите соодветствуваат со сите социјални ситуации. А поголемиот дел од времето, токму рестораните се местата каде што се забележува однесување што е спротивно на правилата. Но дали навистина одговорноста лежи во рестораните и дали тие треба постојано да го спроведуваат редот кај нивните муштерии?

Правилото за носење маска во ресторан ретко се почитува целосно

Додека насоките можат да се разликуваат во некои аспекти во различни држави и институции, повеќето сепак ќе ве советуваат да продолжите да ја носите маската на лицето постојано, дури и кога не уживате во вашиот пијалак или храна. Во принцип, брзината со која ја враќате маската на место откако ќе се напиете голтка од вашиот пијалак или изедете залак од вашиот оброк е прашање на лична дискреција во повеќето ресторани кои пак мораат да држат рамнотежа помеѓу спроведувањето на правилата и опслужувањето на клиентите.

Но што всушност значи да ја носите маската постојано?

Кампањата за подигање на свеста (#SHOWUSYOURMASKSF) во Сан Франциско, што ја иницираше Ресторантската асоцијација Голден Гејт, подвлекува неколку најдобри практики. Со кампањата се повикуваат посетителите на рестораните да носат маски за лице додека чекаат да бидат сместени на нивната маса, додека го прегледуваат менито и нарачуваат, и додека се дружат седнати на маса пред и по оброците. Гостите треба да ја носат маската и секој пат кога се приближува келнер.

Според организаторите на иницијативата, овие правила тешко се почитуваат и уште потешко се спроведуваат од страна на самите ресторани. „Немаме екстра пари за да се најдат пет нови лица персонал кои само би внимавале дали сите носат маска помеѓу секој залак,“ вели сопственикот на ресторан Бен Блејман. „Ние не сме воспитувачи во градинка. Навистина сме добри кога ги убедуваме луѓето да ги следат правилата, но кога замолувате некој седум пати да направи нешто е навистина тешко кога тоа нешто не се претвора во шокантна грешка“.

(Не)носењето маска е лична одговорност

Носењето маска во ресторан поголемиот дел од времето е лична одговорност на секој гостин, и здравствените организации низ САД апелираат на овој факт. Д-р Нгози Езике, директор на одделението за јавно здравје во државата Илиноис неодамна ги повика гостите на рестораните да ги вратат маските на лице кога келнерите се приближуваат на маса. „Сите келнери треба да го прекријат лицето. Кога келнер се приближува на вашата маса, и вие покријте го лицето. Тие ги носат маските на лице за да ги заштитат гостите и ние како гости треба да го направиме истото и да им возвратиме со љубезност. Ајде да го направиме тоа што е правилно и да се заштитиме себеси и другите,“ додава тој.

Некои држави воспоставија контрола врз ситуацијата и издадоа извршни наредби за носење маски од страна на гостите во рестораните. Јужна Каролина е една од тие држави, каде гувернерот Хенри МекМастер истакна дека маските внатре во рестораните се задолжителни цело време, освен кога гостите „активно јадат или пијат или добиваат услуга што бара пристап до или видливост на лицето“.

Иако е многу непријатно, запомнете дека секоја екстра минута за време на која лицето ви е покриено додека сте внатре во ресторан е минута во која ја минимизирате вашата сопствена изложеност на коронавирус, како и изложеноста на тие околу вас.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -