Поставените рокови можат да мотивираат наместо да предизвикуваат стрес

Новите истражувања ја откриваат психологијата на постaвувањето рокови, но можеме да научиме како да ги искористиме за да го зголемиме нивото на концентрацијата и да ја засилиме истрајноста, пишува д-р Кристијан Џарет за ББЦ.

Поврзано:

Нема никаков сомнеж дека рокови зададени на работа, можат да бидат многу стресни. Кога сте соочени со премногу рокови, тогаш можно е да се почувствувате оптоварени и исцрпени. Уште повеќе, заканувачките рокови што нè чекаат имаат навика да предизвикуваат промени во последната минута, како кога студенти, со покачено ниво адреналин, се трудат да учат цела ноќ во обид да надоместат читање и пишување семинарски, процес  што може да трае со недели.

Но, од друга страна, не постои никаков сомнеж дека роковите можат да обавуваат и позитивна писхолошка функција – сепак, доколку ги нема, многу студенти можеби никогаш нема да ја завршат нивната работа.

мотивација

Доказите за моќта на поставените рокови може да се види и во „вистинскиот свет“. На пример, во 2015 год, Националната научна фондација на САД ги „утна“ вообичаените рокови што се задаваат два пати годишно за апликации за грантови во геологија, како дел од обидот да му се помогне на преоптоварениот систем на проверка. Ефектот беше драматичен. Годишните поднесоци се намалија за 59%, така што да немаше поставено рок, многу научници ќе се соочеа со недостаток од итност и мотивација за да ги поднесат нивните апликации.

Но сега, нови истражувања ја откриваат психологијата позади поставените рокови, и имаме можност да научиме нови начини на кои роковоите можат да се искористат за да ја зголемат концентрацијата и да ја засилат истрајноста. Особено во овие моменти на светска пандемија на коронавирус – како што многумина се привикнуваат на неструктуираните денови на работење од дома – лекциите што можеме да ги извлечеме од овие сознанија, се чинат особено времени.

„Скалила на целта“

Дел од мотивирачката моќ на поставените рокови има врска со она што психолозите го нарекуваат „скалила на целта“.  Што повеќе се приближувате до крајот на одредена задача, толку е поголема вредноста што ја добивате за вашиот труд.

мотивација

Социјалниот психолог Нора Либерман и нејзините колеги од универзитетот во Тел Авив ги изучуваа психолошките ефекти од поставените рокови. За да ни помогнат да го разбереме концептот на „скалила на целта“, тие посочуваат пример како, кога ја читаме првата глава од книга со 10 глави, сме поминале една десетина од патот што треба да се помине за да се заврши книгата, но кога ни преостануваат уште 2 параграфи, истата или слична количина читачки напор ќе ве однесе 50% поблиску до крајот.

Дел од мотивирачкиот ефект на крајниот рок е дека ви обезбедува постојана повратна информација за тоа уште колку имате да „изодите“ додека ја завршите задачата, овозможувајќи им на скалилата на целта да го постигнат ефектот.

„Како што треба да се заврши помал дел од задачата, секоја единица напор се перцепира како поефективна бидјеќи затвора поголем дел од празнината што треба да ја пополниме за да стигнеме до целта,“ објаснува тимот на Либерман во студијата.

Уште една популарна теорија вели дека, како што се приближуваме до рокот, или сме близу до завршување на задачата, ситуацијата прави ефект на намалување на „цената на приликата“ – во основа, привлечноста на сите други работи што можете да ги правите во моментот наместо да ја завршите задачата. Покрај сè, ако имам само еден час на располагање за да го завршам овој напис во дадениот рок, нема баш многу други работи на кои можам да го искористам тоа време, така што можам и да се сконцентрирам и да го завршам. Но, без поставениот рок, би имало безброј многу привлечни работи што можам да ги правам наместо да работам на овој напис.

мотивација

Тимот на Либерман неодмна ја покажа возбудливата моќ на сознанието за тоа кога одредена задача ќе биде завршена. Тие ангажираа неколку десетици додипломци да завршат илјадници опити како дел од комплицирана ментална задача која се работи на компијутер и која изискува постојана концентрација. Целата досадна вежба траела околу 90 минути. Она што е најважно, истражувачите им обезбедувале на половина од учесниците постојани повратни информации за нивниот напредок во текот на вежбата – и во однос на тоа уште колку опити им преостанува да направат во еден блок вежби, и уште колку блокови им остануваат до крајот на целата задача. Другите учесници немале никаква идеја уште колку опити треба да направат и во уште колку блокови се распределни тие.

Во ефикасноста на двете групи имало очигледна разлика – студентите кои знаеле уште колку треба да поминат постигнале супериорно ниво во пикот на нивното работење во однос на нивната брзина и точност, а сепак изјавиле дека се чувствуваат помалку уморни, и дека правеле пократки паузи помеѓу блоковите задачи.

„Сметаме дека учесниците во нашиот експеримент кои не знаеја кога ќе заврши задачата ги чуваа нивните напорти,“ вели Нира Либерман, една од коавторите на истражувањето. „Замислете дека одите на патување кое е многу долго и заморно и не го гледате крајот. Во несигурни ситуации луѓето се склони да размислуваат на „најлошото сценарио“ – така што, во нашата студија тие направија песимистична проценка за тоа колку енергија ќе треба да зачуваат.“ За разлика од нив, додава таа, бидејќи другата група знаеше кога задачата ќе заврши, тие беа способни да дадат „форца на крајот“, слично како кога атлетичари се способни да го зголемат напорот за последниот километар или кога ја здогледуваат крајната линија во далечина.

мотивација

Започнете со примена

Како што ги подготвуваме компијутерите за следната сесија работење на далечина за време на оваа пандемија на коронавирус, кои лекции можеме да ги извлечеме од овие истражувања?

Дел од предизвикот се свежото чувството на недостаток на структура во нашите денови и недели. Тоа се разликува кај различни индустрии, секако, но многу работници можат да се соочат со одложни вообичаени таргети и приоритети и тоа на неодредено време, што пак создава чувство дека тие едноставно лутаат, чекајќи работите да се вратат во нормала.

За да се изборите со ова, Либерман вели дека ако можете самите себе да си наметнете рокови, тогаш секако треба да се обидете. „Роковите и следењето на развојот ни помага да ја одржиме концентрацијата и да напредуваме во нашата работа,“ посочува таа.

Постојат различни начини на кои можете да го примените овој совет. Наместо едноставно да седите мирни за сесија без крај на повидок, поставете си почетен рок, да речеме, на еден саат и сработете што повеќе можете во тоа време. Особено ако сте на крајот на таа сесија, ќе бидете помалку прекинувани во работата од привлечноста на другите задачи што ве чекаат дома бидејќи нема да има толку многу други задолженија што можете да ги завршите во толку краток временски период.

мотивација

Менаџерите би требало исто така да размислат за поставување рокови на лицата кои работат од дома за да им помогнат да го одржат нивниот фокус. На практично ниво, поставувањето рокови може да им помогне на работниците да се справат и со конкурентните барање дома – на пример, можат да му соопштат на нивниот партнер дека навистина мораат да работат попладнето бидејќи имаат важен рок што треба да го испочитуваат.

Но роковите што се задаваат од врниот менаџмент па надолу по секторите во компанијата исто така носат ризици со себе. Тие можат да и` ја украдат на работата наследната награда и да предизвикаат чувство на стрес кај вработените, како и чувство на губење на автономноста. Така што, оваа одлука треба добро да се размисли.

Соработникот на Либерман, Маајан Кацир, посочува дека алтернатива за поставувањето рокови е обезбедување „благи показатели за напредокот“ на вработените, особено ако се приближуваат кон завршувањето на задачата. „На пример,“ вели таа, „ако еден тим треба да прозиведе одредена количина единици, тогаш, без да се наметнува рок, самото информирање на сите вклучени за напредокот што е постигнат со цел приближување до крајот може да доведе до благо подобрување на мотивацијата.“

Роковите можат да ни предизвикаат стрес, тука нема никаков сомнеж. Но, тие исто така се катализатори на напорите и корисни во тој поглед. Проживуваме чудни денови во кои времете ни се чини неструктуирано – некои дури го споредуваат ова време со оној вакуум период помеѓу (католички) Божиќ и Нова година. Новите сознанија укажуваат дека стратешката употреба на роковите, и посветувањето дополнително внимание на мониторинг на напредокот кон поставените цели, можат да бидат едно решение што ќе ни помогне да останеме концентрирани во овој период во кој една недела се прелева во друга. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Како да бидете лидер кој вработените го почитуваат

Само што сте го вработиле совршениот работник. Неговата или нејзината целокупна деловна моќ е голема колку и неговото или нејзиното функционално знаење....
- Advertisment -