Популарноста на мажествениот лидерски стил се губи, нов тренд го зазема неговото местo

Според секој можен критериум, 2020та е напорна година. Како што нејзиниот крај се приближува, можноста да се продолжи болката, несигурноста и нестабилноста на оваа пандемија е истовремено и реална и влева страшен страв. Но има аргументи кои велат дека има надеж, пишуваат докторите по наука Ејми С. Едмондсон, професор по лидерство и менаџмент на економскиот факултет при Харвард, и Томас Чаморо-Премузик, меѓународен експерт за проценка на лидерство и менаџмент на таленти, кој предава бизнис психологија на Универзитетскиот колеџ во Лондон и на Универзитетот Колумбија.

Сведоци сме на важна еволуција што се одвива во време кога голем број луѓе посветуваат особено внимание на лидерството. Се` повеќе лица прават преминуваат од застарен модел што вклучува мачо лидери кон помалку токсичен и добронамерен стил на раководење. Дали 2020 година ќе биде моментот кога дефинитивно мачо лидерот ќе си замине во историјата? Иако е рано да се прослави оваа „победа“, гледаме позитивни знаци насекаде.

Емпатијата како клучна карактеристика на лидерите

Најочигледен пример е Џасинда Ардерн која со нејзиниот стил се истакнува како светски лидер.Ова во голема мера се должи на нејзиното справување со пандемијата, коешто неодамна се потврди со одлучувачка победа на изборите. Како и други жени кои раководат со држави, од Ангела Меркел до Сана Марин, и Џаин Инг-вен, Ардерн претставува контраст од традиционалниот лидерски архетип според кој водачот треба да е „силен“, агресивен, со огромна доза самодоверба, што е добро објаснување зошто таа често се споредува со Доналд Трамп или Жаир Болсонаро. Вистинската причина не лежи толку во родот, колку што лежи во пристапот и стилот. Ардерн олицетворува почовечки стил на лидерство, исполнет со емпатија, што традиционално се врзува со женскиот род , како вид на лидерство што е фокусирано на правење разлика наместо на себе-величење.

Ако пандемијата не` учи голема лекција, тоа е дека луѓето се далеку подобри кога нивните лидери се рационални, чесни и емпатични. Иако ова не би требало да биде изненадување, несреќната реалност е дека повеќето лидери не се вклопуваат во овој профил. Потребно беше да се случи глобална криза за да се открие проблемот со мачо лидерството, што често пати се воспева како чин на херојство дури и во холивудските филмови.

Зборовите на Ардерн посочуваат на парадоксот дека силното е слабо, и сочувството е извор на сила:

„Една од критиките со кои се соочувам во текот на годините е дека не сум доволно агресивна или доволно сигурна, или пак можеби дека сум емпатична, тоа значи дека сум слаба. Целосно се бунтувам против тоа. Одбивам да верувам дека не можеш истовремено да бидеш и сочувствителен и силен“.

„Женски“ лидерски стил присутен и во бизнисот

И не станува збор само за политика. И во бизнисот, мал број лидерски модели ги истакнуваат клучните, похуманите, поженствените карактеристики на силното лидерство, дури и кога се применуваат од страна на мажи. На пример, кога пандемијата ја уништи авиоиндустријата буквално преку ноќ, извршниот директор на Делта, Ед Бастиан, ги засили комуникациите со вработените и покрај тоа што намеше доволни сознанија што го очекува. Како што поминуваа месеците, Бастиан одржуваше сочувствителен, хуман и долгорочен став, а истовремено го признаваше постоењето на ризиците што лежат напред. При ограничувањето на отсуствата на вработените и продолжувањето на слободните места на средината на седиштата во авионот подолго од конкурентите, Бастиан се одлучи да покаже грижа наместо строго лидерство, и се обложуваше на долг рок дека ќе го поврати претходниот успех на компанијата. Како што патниците почнаа полека да се враќаат, Делта почна да ја согледува користа од ваквиот лидерски пристап, додека Бастиан конзистентно ги уважуваше другите за нивната работа, не самиот себе, за успехот на компанијата:

„За среќа, благодарение на вредната работа, споделените жртви и иновативното размислување на нашите луѓе, Делта ќе одбегне непосакувани отсуства за нашите стјуардеси и вработените на борбените линии во САД“.

Извршниот директор Боб Чапман во индустрискиот произведувач Бери-Вемилер претставува уште еден соодветен пример. Чапман го припишува успехот на неговата компанија која вработува 11 000 луѓе на лидерскиот пристап што се фокусира на „подобрување на живототите на оние за кои ја имаат добиено привилегијата да ги водат“. Бизнис лидерите „го дефинираат успехот како пари, моќ, позиција, наместо како правење разлика“, па Чапман има цврст став дека сите патат: вработените, клиентите, па дури и инвеститорите.

„Мачо“ лидер – лажен лидер?

Големата лекција, ако сте заинтересирани да бидете лидер, или ако сакате да бидете подобар лидер, лежи во тоа да направите промена од традиционалното мачо однесување кон прифаќање поранлив лидерски стил. Парадоксално, иако мачо лидерите ги ставаат нивните тимови и следбеници во ризик, ранливите лидери кои не ги кријат сопствените слабости, ги прават нивните тимови и следбеници посилни. Иронично, иако многумина се осврнуваат на типот на мачо лидер како „алфа мажјак“, овој термин е всушност погрешен. Според приматологот Франс де Ваал, во дивината „алфа мажјаците всушност поседуваат лидерски карактеристики како што се дарежливост, одржување мир и емпатија“.

Значајната промена од восхитот за мачо лидерите кон восхитот за ранливите водачи веќе е на пат. Во ваков несигурен, комплексен и заемно зависен свет каде еден мал вирус може да предизвика општ хаос, лидерството што се карактеризира со преголема самодоверба, одбранбеност и владеење со страв е спектакуларен неуспех. Здравствените резултати од неколку нации го поддржуваат ова тврдење. Не тврдиме дека овие разлики се резултат на женското лидерство, туку дека разликата се состои во ефикасноста. Секој лидер, без разлика дали на нација или на корпорација, кој е повеќе фокусиран на создавање следбеници и бара слава наместо на градење на капацитетите на другите и кој прифаќа конструктивна критика е во екстремен ризик од неуспех, особено кога се потребни агилни одговори за справување со непознатите предизвици.

Вистинскиот лидер размислуава за другите, не за себе

За да усвоите поранлив стил на лидерство, авторите на оваа статија препорачуваат да започнете со рационално чувство за понизност во врска со она што не` очекува. Ова поттикнува да се развие продуктивно чувство на љубопитност што предизвикува интерес за другите и откривање на нивните претходни знаења и сегашни потреби. Ниту еден лидер не може да успее на долг рок ако го нема тој интерес, токму поради тоа што нема да успее да ги нивелира способностите на неговите следбеници.

Работите ќе се одвиваат на полошо во свет на несигурности и заемни зависности. И кога ќе почнат работите да се развиваат негативно, мачо лидерите ќе ги криват другите, додека ранливите водачи се доволно силни да знаат дека преземањето одговорност е начин како да се привлече довербата и поддршката на уште повеќе следбеници. Мачо лидерите создаваат култура каде луѓето се преплашени да зборуваат отворено за гледишта за кои не се согласуваат, додека ранливите лидери прават напор да создадат психолошки безбедна средина во која се поддржува дијалогот и решавањето на проблеми на колегијален начин. Авторите на овој текст се сигурни дека читателите можат да набројат многу примери од нивното сопствено искуство, за да ги надополнат тие на глобалната сцена.

Главната причина на слабоста кај мачо лидерите е себе-лажењето. Мачо лидерите не се способни или не сакаат да се соочат со вистината според која сите сме ранливи кога се соочуваме со сет локални и глобални предизвици во постојана промена. Тие се лажат себеси, но и другите, со тоа што повторуваат тврдења за нивниот сопствен успех и се фалат со нивната единствена способност да обезбедат одговори и решенија. Но таа измама е изложена, на крајот, кога неуспехот во ефиканоста почнува да станува очигледен. Ранливите лидери, спротивно на ова, се доволно само-свесни за да ја разберат нивната длабока зависност од експертизата и мотивацијата на другите.

На крајот, следбениците треба да го одберат вистинскиот тип лидери. Така што, сите имаме обврска и одговорност да учиме и да правиме умни избори и да ги предизвикуваме нашите претходно создадени поимања. Кога одбираме да ги следиме тие кои се грижат за нашите колективни интереси, и мудрост и сила да признаат што знаат, а што не, ние, заедно со нашите лидери, ќе бидеме на подобро место.

Потребна е одредена зрелост за да се одолее на гламурот на лидерот кој ветува брзи решенија и претставува стереотипни погледи за претпоставени непријатели. Соочени со вистински голем предизвик, сите ние сме ранливи во поглед на желбата за лесни одговори и жртвени јагниња. Но ако пандемијата не` научи на нешто, тоа е дека лесните решенија не функционираат.

Извор: fastcompany.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -