Зошто е важно да се поддржат локалните бизниси за време на кризата со Ковид-19 и како

Како родител на дете, ми се крши срцето кога гледам како сега локалните бизни се борат и едвај преживуваат поради негативните последици предизвикани од пандемијата со коронавирусот, пишува Крис Бискуити за порталот business2community.com.

Поврзано:

Овие сопственици на мали бизниси се наши соседи, пријатели, поддржувачи на иницијативи во кои сме вклучени, но тие се и животот на нашите заедници, во буквална смисла на зборот.

На пример, кога Бискуити и неговата жена организирале добротворен настан за нивниот син во септември 2018 год, локалниот ресторан во нивното маало им помогнал и не им наплатил за ништо – организацијата, бендот, наем за местото, сè.

Во моментов, како што го пишува ова, истиот тој ресторан испорачува оброци во околните болници. Кога порачал храна за дома и му заблагодарил на газдата за сè што направил до сега за нивната заедница и семејството, го затекнал во солзи. Останал само тој и готвачот, но сепак повторно прави сè што може за да ì врати на заедницата.

И ова е само еден пример како сопствениците на мали, локални бизниси ги отвораат срцата и обезбедуваат ресурси за оние работници кои мораат да одат на работа, а остануваат отворени затоа што знаат дека луѓето треба да јадат. Не секој е во можност да готви оброци или самиот да се грижи за себеси без помош од други. И затоа, локалните бизниси во нашите заедници ја заслужуваат целата наша благодарност. 

Во продолжение се 5 совети како да се поддржат локалните бизниси:

1.   Нарачувајте храна со достава од вашето омилено локално ресторанче и помогнете да останат отворени! Исто така можете да купите купони од нив сега и да ги искористите подоцна.

2.   Помогнете им на бизнисите да ги задржат најважните работници со донирање храна, намирници и услуги од локални продавници. И фирмите и вработените ќе го ценат ваквиот гест.

3.   Ако планирате да вежбате дома, проверете дали можете да се приклучите на виртуелни трензинзи организирани од страна на локални фитнес центри. Ова ќе им помогне да стекнат нови муштерии, а вас ќе ве одржи во форма.

4.   Засилете го духот во заедницита и помогнете им на матурантите од генерацијата 2020та год во вашиот кварт да се почувствуват посебно, со тоа што ќе поставите знаци на кои ќе им го честитате завршувањето на средното училиште. Ова е начин да се покаже поддршка и солидарност.

5.   Најважно, продолжете да искажувате емпатија кон вашите соседи и запомнете дека сите сме заедно во ова. Без разлика дали се соочуваме со глобална пандемија или не, ова е добар совет за примена. Што повеќе сите работиме заедно, толку подобро ќе ни биде на сите нас.

Според Бискуити, сега е вистинското време да им дадеме малку љубов и поддршка на локалните бизниси, за кога Ковид-19 конечно ќе заврши, тие сè уште да можат да бидат тука за нас за следниот настан, или спознорството за локалниот тим, или за следната добротворна приребда.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Парадоксот на обучувањето

На врвот на кој било вид потфат, ќе откриете дека најефикасните луѓе имаат обучувачи (коуч), пишува Сет Годин, еден од најизвиканите автори...
- Advertisment -