Поддршката од 14.500 денари по вработен може да се искористи за задржување на вработените и за задржување на платите

Мерката од 14.500 денари по вработен е финансиска поддршка, која на фирмите кои се афектирани од коронакризата ќе им помогне со ликвидноста и помош за исплата на плати. 

Поврзано:

Компаниите можат да ја искористат мерката за да ги задржат тековните плати на вработените кои одат на работа, да ги подмират целосните или најголем дел од трошоците за исплата на плати на работниците кои поради кризата не се на работа, како и во комбинација на мерките за поддршка за исплата на минимална плата и мерката за субвенција на придонеси за поголема плата.

 Целта на оваа поддршка е работниците да ги задржат работните места

empty black rolling chairs at cubicles

Министерката за финансии Нина Ангеловска на прес конференција за мерката ги презентираше деталите и начинот на аплицирање за истата.

„Има компании кои се трудат да се справат со кризата, кои работат но имаат 30-40-50% пад на приходите. Целта со оваа поддршка е да можат да ги задржат работниците и покрај намалениот обем на работа, и да можат да ги задржат платите или барем да ги задржат на пристојно ниво со оваа поддршка. Така тие ако исплаќаат на пример бруто плата од  30.000 денари, половина ќе може да покријат преку оваа мерка со поддршката која ќе ја искористат. Потоа има компании кои се со нула приход – еве такви се угостителите, кои ги земав за пример при појаснување. Тие поради виша сила ги пуштиле работниците дома со 50% плата. Кај нив нето платата изнесува 18.000 до 20.000 ден. во случај ако тие сега исплаќаат 9.000 ден. или 10.000 ден. на работниците, со оваа мерка тие ќе ја покријат целата бруто плата ако е нето 9000 ден., или ако е нето 10.000 ден. ќе треба да покријат тие околу 1.000 ден. дополнително. Но што е важно да имаме предвид – оваа мерка може да се комбинира со мерката за „субвенции на придонеси при покачени плати, која ја користат 26.000 компании за околу 140.000 вработени“, рече Ангеловска.

Money, Profit, Finance, Business, Return, Yield

Со оваа мерка работниците добиваат сигурност дека ќе го задржат работното место и по завршувањето на кризата, посочи министерката.

„Да, можеби ќе добива надоместок понизок од вообичаениот, зависно во кој сектор работи и зависно од можностите на работодавачот, но од друга страна: трошоците му се намалени, голем дел од работниците се дома – не одат на работа или одат со скратено работно време, дел кои имаат кредити нема да ги плаќаат овој период, а кога кризата ќе помине ќе може да се вратат на работното место и да продолжат да заработуваат”, истакна Ангеловска.

За кого е наменета мерката?

Мерката е наменета за секоја фирма која има намалување на приходите од најмалку 30% во април и мај во однос месечниот просек од 2019 год или во однос на месечниот просек од основање на компанијата – за регистрираните компании после март 2019 год, или во однос на сезонскиот просек од последните 4 месеци спореден со сезонскиот просек од претходната година – за фирми од специфични сезонски дејности. 

Понатаму фирмите не требаат да исплаќаат дивиденди, бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност за времетраење на мерката и просекот на највисоките нето-плати на 10% од вработените да не надминува 120.000 денари по вработен.

Ангеловска истакна дека мерката може да се користи за сите работници освен за  вработените со плата над 39.900 денари односно за оние кои се користи ослободување од плаќање придонеси од проектот „Македонија вработува” и доколку работодавецот ја користи мерката од првиот сет на економски мерки за субвенционирање на 50% од придонесите, која е алтернатива на оваа мерка.

„Тука ќе напоменам дека во јавноста имаше дилеми кои сакам да ги разјаснам, а исто така направивме и прилагодување на мерката за да има поголем опфат, односно, за мерката може да аплицираат фирми за работници за кои ја користат мерката за субвенција на придонеси за покачување на плата од 600 до 6.000 денари. Понатаму мерката може да ја користат и управители и сопственици на микро и мали претпријатија вработени во нив и дека мерката можат да ја користат без оглед на искажаниот финансиски резултат за претходната година”, рече Ангеловска.

Аплицирање за мерките

Во однос на начинот за аплицирање, Ангеловска посочи дека истиот е едноставен и лесен и нема потреба од ангажирање на консултанти и обемни процедури.

„Прво, се пополнува барање за исполнетост на условите до 5-ти во месецот за претходниот месец преку системот е-даноци. Во рок од три дена УЈП ја потврдува комплетноста на барањето. Понатаму, следи пополнување на МПИН образецот во полето 3.23 се  внесува шифра 619 (ако се користи само оваа мерка) или шифра 621 (ако се користи во исто време и мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите). До 13-ти во месецот работодавачот на својата трансакциска сметка добива исплата на финансиската поддршка. До 15-ти во месецот треба да се исплати платата за претходниот месец,” објасни Ангеловска.

Министерката посочи дека работодавачот кој ја користи мерката треба да го задржи истиот број на вработени до јули 2020 год (сметано во однос на месецот за кој добил финансиска поддршка), што е олабавување на условот со измена на уредбата од 4 на 2 месеци. 

Financial, Analytics, Blur, Business, Close-Up

Во врска со искористените средства, работодавачот кој ја користи мерката, ако не оствари добивка за 2020 год, не ги враќа средствата земени преку мерката на државата. За останатите работодавачи враќањето е лимитирано до износ од 50% од добивката пред оданочување зголемена за оданочивите расходи.

„Со ваквиот лимит, и извесноста на очекуваните финансиски резултати, за голем дел од компаниите ова ќе биде неповратна финансиска поддршка во целост или во одреден дел. Дополнително, во преговори сме со Светска банка за поддршка на оваа мерка односно финансирање на половина од предвидениот износ за мерката со заем преку Светската банка. Ова би значело и техничка поддршка од Светска банка за реализација на мерката. При овие преговори разгледуваме и евентуална можност за олабавување на механизмот за враќање на средствата од страна на компаниите кои ќе остварат добивка по кризата, со воведување на одредени критериуми. Набргу ќе имаме конкретни резултати и ќе известиме и за ова,” констатираше Ангеловска и посочи дека за сите информации за мерката стојат на располагање кол-центарот на Владата, како и Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -