Пет чекори до поубедливи продажни презентации

Најдобриот производ на светот нема да ви донесе успех ако вашите продажни агенти настапуваат со неинтересни презентации, пишува Колин Франсис на нејзиниот блог, експерт за продажни стратегии, говорник и автор на бест селер книги.

Ајде да ја погледнеме ситуацијата во очи, некои продажни агенти продаваат прекумерно, некои недоволно, а некои можеби се во среќната средина но им недостасува самодоверба во презентацијата.

Вистина е дека постојат различни причини зошто толку голем број продажни тимови по разни компании едноставно не ја погодуваат целта кога презентираат.

Следните пет чекори се едноставен формат што можете да го користите за да го забрзате успехот на вашата продажна презентација:

Почнете со целите

Вашите клиенти се зафатени (како и сите ние!). Тие не се забавуваат со вашата продажна презентација бидејќи немаат што попаметно да прават.

Тие имаат потреби, грижи и проблеми со кои треба да се справат. Така што, секогаш почнете ја вашата продажна презентација со истакнување на целите.

Велите дека се трудите да остварите А, Б, В“ – наведете ги целите. Ако презентирате во живо, дури запишете ги целите на табла.

Како ќе го направите ова зависи од вас, но премногу продажни агенти ја почнуваат презентацијата со баботење на листа од карактеристики и услуги. Забавете ги работите, и потоа почнете со целите.

Дискутирајте за карактеристиките и користа

Сега кога јасносте ги истакнале целите, можете да почнете да наведувате што имате да понудите и каква корист вашиот производ или услуга ќе му овозможи на клиентот. Најдобрите стил на говор што можете да го користите е:

Еве како можеме да го решиме проблемот за вас, а користа од тоа е…“

Наведете примери

Сте ги посочиле целите или проблемите со кои се соочува вашиот клиент, сте разговарале како можете да му помогнете и каква корист ќе извлече тој. Сега, треба да го поддржите тоа што зборувате.

Наведете конкретни примери што всушност докажуваат дека сте способни за исполнување на ветувањето и дека имате досие што може да го покаже тоа.

Поставете прашање

Не, не кое било прашање што ви паѓа на памет. Треба да поставите многу конкретно прашање. Односно, сакате клиентот да уважи се` што сте покриле во презентацијата до оваа точка. Јазикот што треба тука да се користи е:

Можете да согледате како овој процес го решава вашиот проблем?“

Спомнете ја инвестицијата

Секогаш сакате да ја врамите цената на вашиот производ или услуга како „инвестиција“, бидејќи тој термин претпоставува дека ќе добијат поврат на вложените пари.

Инвестицијата за овој проект е…“

Бонус совет: Побарајте ја продажбата!

Не заборавајте на вашето крајно прашање ако сакате да ја затворите продажбата.

Сум била на многубројни продажни повици каде крајот целосно ја краси презентацијата но не ја затвора продажбата… бидејќи не прашуваат! Не правете ја оваа грешка!

Ако вашиот продажен тим го следи овој формат, тогаш тоа што ви преостанува е да гледате како продажните резултати растат!

Извор: www.engageselling.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -