Пет тајни на добриот прв впечаток

Што е тоа што на луѓето им се допаѓа кога за прв пат сретнуваат одредена личност? Следниве пет тајни го кријат одговорот.

Подгответе се за средбата

Многу е важна добрата подготовка кога треба да остварите за прв пат средба со некого. Без разлика за што станува збор дојдете спремни. Дознајте што е можно повеќе за компанијата доколку одите на интервју или испитајте детали за личноста со која треба да се сретнете. Можно е токму таа средба да биде пресвртница во вашиот живот.

Обраќајте им се на луѓето по име

Доколку се наоѓате на некој настан каде има повеќе луѓе, трудете се да не направите грешка со имињата. Применете некоја техника на помнење по некаква асоцијација или слично, и за време на разговорот обраќајте им се по име. Тоа ќе им биде од големо значење.

Поврзете се, но без да се трудите

Бидете она што сте. Не трудете се со сила да бидете допадливи и интересни. Со еден збор “не глумете“. Само така може автентично да се поврзете со некој и да остварите значајна врска.

Најдете заеднички интерес

Поставувајте паметни прашања, прашања што креираат приказни. Така ќе најдете и заеднички интереси за коишто ќе можете повеќе да разговарате. Тоа ќе води до градење на поголема поврзаност и можна соработка во иднина.

Отворен ум

Во животот ќе сретнете многу различни луѓе. Затоа важно е да имате отворен ум и да не судите веднаш. Ќе наидете на ставови и мислења спротивни од вашите и токму тоа ќе биде моментот кога ќе треба да покажете разбирање и прифаќање на различностите.

Фото:Pexels

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Финалната листа на Apple за 2019 содржи 230 нови емотикони

Apple доби одобрување од Unicode Consortium за финалната листа на емотикони за годинава, којашто вклучува 230 нови виртуелни фигури. Некои од новите емотикони се фламинго, видра,...
- Advertisment -