Пет работи што сакав да ги знам кога ја почнував кариерата

Не е тајна дека во повозрасните години, доаѓа мудроста (општо земено). Со текот на годините, научив многу за тоа кој сум, кои се моите вредности и што навистина значи „успех“. Како што размислувам за мојата кариера, посакував кога почнував да работам, некој да ми ги кажеше петте нешта што јас сакам да ги споделам со вас. Со усвојувањето на овие стратегии со фокус на преземање дејствија, можете да создадете вистински, долгорочен успех во вашата кариера, пишува Рајан МекГарт извршен директор и претседател на Asset Living.

Развојот на вештините треба да е приоритет, не платата

На почетокот на мојата кариера, ова беше мој неуспех. Целев кон успех во работа во инвестициска банка во голема фирма бидејќи знаев дека платата е прилично солидна – не поради тоа што сметав дека треба да стигнам до менаџерска позиција. Не правете ја оваа грешка. Поединците чиј приоритет е платата наместо развивање на вештините на крај ќе работат за луѓе чиј приоритет е развојот на вештините во почетокот на кариерата. Дури кога се префрлив со работа во Asset Living, компанијата што во моментов ја предводам, искрено почнав да ги развивам моите професионални способности и алатки. Бев во можност да ги усовршам моите вештини во областа на финансиите, продажбата, оперативните активности и на крај, унапредено лидерство. Едноставно кажано, инвестирајте во себе наместо во вашата сметка во банка; компензацијата и последователните бонуси секако ќе следат.

Никој не знае се`

Како практикант или соработник, можете да почувствувате притисок поради потребата постојано да ги имате сите одговори. Разбирливо е дека сакате да оставите позитивен прв впечаток, но тоа не значи дека треба да бидете сезнаен. Всушност, со самодоверба можам да признаам дека не знам се` – никој не знае се`. Дојдете рано на работа, направете го вашето истражување и покажете ја вашата креативност и вештини за решавање проблеми. Без разлика на вашата област, првите пет години од кариерата најверојатно ќе бидат исполнети со моменти и ситуации од кои ќе можете многу да научите.

Знаењето што го стекнувате на факултет е дефинитивно корисно, но тоа не секогаш ве подготвува за пречките што ќе ги сретнете на работа. Ниту еден вид образование не може да го замени работното искуство. Впијте што повеќе знаење и искуство. Договорете состаноци еден-на-еден со вашите менаџери и колеги, впуштете се во неформални комуникациски канали и секогаш поставувајте прашања. Ако му пристапите на работното место со идејата дека веќе знаете се`, тогаш најверојатно нема да бидете успешни.

Интервјуата и праксите не се еднострани

Кога се среќавате со менаџер кој можеби ќе ве вработи или со идни колеги, запомнете дека и вие ги интервјуирате нив исто толку многу колку што и тие ве интервјуираат вас. Прашањата што му ги поставувате на лицето кое ве интервјуира можеби се дури поважни од прашањата упатени до вас. Во сржта, интервјуто е ваша можност да одредите дали една компанија и нејзините вработени се во согласност со вашите интереси и идни цели. Уште повеќе, практиканството може да послужи како некој вид продолжено интервју. Вашите супервизори ќе ја проценат вашата ефикасност и истовремено вие ќе добиете увид во тоа како изгледа животот во канцеларија. Мудро искористете го тоа време. Поставувајте прашања, запознајте се со луѓето во различните сектори и прифатете ја компаниската култура. На крајот на периодот на практиканство, би требало да сте во можност да дадете одговор на следниве две прашања:

Дали можам да успеам и да растам тука, и дали ќе бидам среќен?

Дали тука можам да додадам вредност и да придонесам на значаен начин во организацијата и нејзината мисија?

Преземете повеќе ризици, правете грешки

Неуспехот не е барање за успех, но најчесто е најизодениот пат. Студентите на факултет се склони да играат безбедно; знам дека јас така правев. Новите дипломци често пати го прифаќаат работното место што им се нуди за време на практиканството или првата понуда за работа. Стравот од неуспех доминира, но овој рефлекс е погрешен. Стравот не би требало да биде нешто што активно го избегнувате, напротив, би требало да биде нешто со што ќе се справите на прва. Гледајќи наназад, одлуките што ме ужасуваа најмногу, на крајот се покажаа дека ми донеле најголема награда.

Во поголемиот број случаи се прават грешки, но тие можат да се избегнат. Повеќето големи лидери искусиле бајаги погрешни чекори и одлуки. Така што, преземете ризици и станете свесни дека неуспехот е најчесто основа за успех. Можеби на почетокот ќе одберете пат или кариера за себе, но подоцна во животот ќе откриете дека не сте родени за таа улога. Важно е да препознаете дека ви е дозволено да го смените мислењето. Бидете искрени кон себеси во врска најлошото нешто што може да се случи, прифатете го тоа, а потоа направете го скокот.

Времето е вашиот највреден ресурс

Последната лекција можеби е најочигледна, но и најважна. Времето е на ваша страна, но и тоа има крај. Така што, искористете го умно. Осигурајте се дека станувате рано. Ако го притиснете копчето за следен аларм по десет минути од првиот е првиот неуспех во денот на повеќето луѓе. Знам дека звучи едноставно, но еден или два часа екстра време секое утро може да ја вивне вашата продуктивност во текот на една година, или засекогаш. Како што стареете, ќе откриете дека се повеќе ви фали време. Токму затоа времето е ваш највреден капитал. На крај, ваш избор е како ќе го алоцирате овој (бесплатен) ресурс. Можете да го искористите да научите нов јазик, да волонтирате во добротворна организација или да научите нова деловна вештина. Не треба да се каже дека ваша најголема грешка е да го потрошите залудно.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -