Пет видови ментори што ни се потребни во животот

Секому му е потребен ментор. Не, пречкртајте го тоа – сите ние можеме да користиме 5 видови ментори. „Најдобрите ментори можат да ни помогнат да го дефинираме и изразиме нашиот внатрешен повик,“ вели Антони Џан, извршен директор на бостонската фирма за ризичен капитал Cue Ball Group и автор на книгата „Добри луѓе“.  „Ретко пати еден човек може да ви даде се` што ви е потребно за да растете“, пишува Џулија Фавал, уредник на официјалниот сајт на конференциите ТЕД.

Во оваа кратка листа, Џан ги идентификувал петте вида луѓе што е пожелно да ги имате за поддршка. Најверојатно веќе ги знаете – и можно е едно лице да покрие две или повеќе категории – така што користете ја листата и како водич и како поттик да ја продлабочите вашата врска со нив.

Еден потсетник од Џан: менторството е двонасочна улица – однос помеѓу луѓето – а не, трансакција. Оттука, немојте туку-така да им пристапувате на луѓето со прашањето дали сакаат да ве менторираат. Одвојте време да развиете искрени односи со тие на кои им се восхитувате и помогнете им секогаш кога можете.

Ментор 1: Господарот на занаетот

„Ако знаете дека сакате да бидете најдобар во вашата област – без разлика дали станува збор за најдобар уредник, фудбалски бек, претприемач – поставувајте прашања. Кои се најмаркантните индивидуалци во таа област?, вели Џан. Тоа лице може да функционира како ваш лишен џедај, некој кој акумулирал мудрост во текот на години и години искуство и кој може да обезбеди увид во вашата индустрија и рафинирање на вашите вештини. Обратете му се на ова лице кога ви треба совет во врска со започнување нова иницијатива или кога ви е потребна бура на идеи за да сфатите на кое следно би требало да работите. „Тие би требало да ви помогнат да ги идентификувате, сфатите и изострите вашите силни страни кон најблиската можна состојба на совршенство,“ вели тој.

Ментор 2: Адвокат на вашата кауза

Овој вид ментор е некој кој ќе ве промовира пред други и особено е важно да имате вакво лице во вашата моментална работна средина, вели Џан. „Овие луѓе се адвокати и ви го чуваат грбот“. Но тие се повеќе од поддржувачи, често пати тие можат да бидат и поврзувачи со тоа што ве запознаваат со корисни луѓе од вашата индустрија.

Ментор 3: Ко-пилот

Друг назив за овој вид ментори е: вашиот најдобар пријател за работа. Ко-пилотот е колега кој може да ви ги објасни проектите, да ве советува како да се справите со различните карактери во вашата компанија и да ве слуша како се жалите додека го пиете утринското кафе. Овој вид менторски однос е најдобар кога е речиси еднакво реципроцитетен. Џан вели: „Вие сте колеги кои посветено се поддржувате еден со друг, соработувате еден со друг и барате одговорност еден од друг. Кога имате ко-плот, и квалитетот на вашата работа и нивото на вашиот ангажман се подобруваат“.

Ментор 4: Сидро

Ова лице не мора да работи во вашата индустрија – всушност, тој/таа може да е некој пријател или член на вашето семејство. Додека адвокатот ве поддржува да ги остварите вашите конкретни кариерни цели, сидрото е лице од доверба и го претставува гласот на разумот. „Сите ние ќе се соочиме со лежечки полицајци и со несигурност во животот. Така што, ни треба некој кој може да ни даде психолошка поддршка и да ни помогне да го видиме светлото низ пукнатините кога времињата се полни со предизвици“. Бидејќи сидрото се грижи за вашите најдобри интереси, тие можат да имаат особено добар увид кога станува збор за поставување приоритети, постигнување рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот и евентуално занемарување на сопствените вредности.

Ментор 5: Обратниот ментор

„Кога го кажуваме зборот „ментор“  често пати си создаваме слика на постаро лице или учител,“ објаснува Џан. „Но, мислам дека спротивното е исто толку важно“. Обрнете внимание на тоа да учите од луѓето кои вие ги менторирате, иако можеби поминале помалку време од вас во истата компанија. Зборувајќи од сопственото искуство, Џан вели: „Разговорите со луѓето кои ги менторирам ми дава можност да соберам повратни информации за мојот лидерски стил, да се впуштам во дебати со помладите генерации и да ги одржувам моите погледи на светот свежи и релевантни“.  

Извор: Ideas.Ted.Com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -