Пасивно агресивни фрази што не треба да ги користите на работа

Пасивно – агресивното однесување може да се опише како невербална агресија што се манифестира преку негативно однесување. Тоа е кога некој некому му замерува за нешто, но не сака да му каже.Пасивно – агресивното однесување е непродуктивно и фрустрирачко за двете инволвирани страни. Пасивно – агресивното однесување е деструктивно. Со вакво однесување се губи довербата, се расипуваат релациите меѓу луѓето. Ова однесување некогаш може да биде и одбранбен механизам. Можеби понекогаш и да не сте свесни дека се однесувате пасивно – агресивно, а тоа можете да го проверите. Доколку ги користите овие зборови во комуникација со колегите, тогаш време е да ги исфрлите од вашиот речник:

Важи, нема проблем

Ако баш сакаш

Сеедно

Мислев дека знаеш

Па?

Пасивна агресија на работното место

На работното место, работникот или работодавачот можат да го користат пасивно – агресивното однесување како форма на контрола и/или заплашување. Работникот може да биде молчелив, да прави гримаси, учтиво да прифаќа задачи, но за извршување да му требаат недели и недели. Работодавачите, пак, можат да “замижуваат” пред проблемите на вработените, да не се соочуваат со фактите, па дури може да користат техники како заплашување или мобинг.

Ова се неколку примери за пасивно агресивно однесување:

Употреба на сарказам

Третман на молчење

Воздржување од зближување

Критикување

Саботирање

Постојано доцнење

Постојано заборавање

Не завршување на обврските на време

Молчење/игнорирање

Постојано наоѓање изговори

Самосожалување

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -