Eкспертите од Универзтитетот „Џонс Хопкинс“ се обидуваат да применат паметна метода од 1980 година во борбата против коронавирусот

Крвта од пациенти кои се излечиле од коронавирусот може да биде клучен дел од третманот кој е потребен за заштита на луѓето од светската пандемија на COVID-19, вели истражувањето на експерите од Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Поврзано:

Во новиот научен труд, специјалистите за инфективни заболувања објаснуваат како вирусните антитела, што се наоѓаат во серумот на крвта на пациент кој го прележал коронавирусот, може да се внесе во телото на останатите луѓе со што ќе им понуди краткотрајна заштита.

Оваа терапија, која одамна се користи во медицината и е позната како пасивна терапија со антитела, поттекнува од 19от век, и во голема мера е користена во 20тиот век кога докторите се справувале со болести како полио, сипаници и грип.

пасивна терапија со антитела

Тим на научници од Универзитетот „Џон Хопкинс“ во нивното истражување ја потенцираат неопходноста на оваа метода во борба против COVID–19. Тие своите аргументи ги темелат на успешноста на оваа метода во борба со пандемиите од 20тиот век. На ова тие додаваат дека терапијата со антитела е метода која може да биде брзо достапна насекаде низ светот, со тоа и да биде ефикасен начин со справување со вирусот.

„За оваа метода да почне да се користи не е потребно истражување ниту пак развивање на истата,“ вели имунологот Артуро Касадевал, „Таа се темели на стандардни протоколи за работа со банки за крв и со тоа методата може да почне да се применува за неколку недели“

За третманот да биде успешен, потребно е пациенти кои го имаат прележано коронавирусот да донираат крв за време на нивниот период на опоравување. Во овој период, крвниот серум би содржел висока количина на антитела кои се борат против SARS-CoV–2 вирусот.

Откако еднаш телото ќе почне да произведува антитела како одговор на патогените, тогаш тие почнуваат да циркулираат во крвта со месеци, па дури и години по инфекцијата.

пасивна терапија со антитела

Но, овие антитела не се корисни само за лицето кое се опоравува. Доколку се екстрахираат и процесираат, антителата можат да бидат употребени кај пациенти кои се заболени од вирусот, кај неинфицираните членови на семејството на заразените пациенти, или пак да се зацврсти имунитетот на лекарите кои се постојано изложени на патогените.

„Пасивното внесување на антитела кај пациент е најбрзиот начин на создавање имунитет кај човекот,“ специјалистите објаснуваат во своето истражување.

„Зависно од количината на антителата и нивната градба, заштитата која се овозможува при пренос на имуноглобулин може да трае од неколку недели до неколу месеци.“

Научниците велат дека колку побрзо се почне со користење на овој серум од пациенти кои го прележале вирусот, толку побрзо ќе се зголеми бројката на оздравени пациенти.

За време на пишување на истражувачкиот труд, повеќе од 77,000 луѓе имаат оздравено од COVID–19, според тековната статистиката на Универзитетот „Џон Хопкинс“. „Овој метод најбрзо ќе понуди решение против вирусот, додека пак вакцината на која сите се надеваат, ќе треба долг период додека да почне да се користи.“

пасивна терапија со антитела

Благодарение на овој истражувачки труд, Универзитетот „Џон Хопкинс“ го финансира почетокот на оваа терапија против COVID–19 во регионот на Балтимор. Се очекува примената на методата да започне во наредните недели. „Докторите во Њу Јорк исто така го истражуваат овој метод“, вели Касадевал, „додека пак најголемата фармацевска компанија во Јапонија вложува во пронаоѓање на лек кој се темели на оваа терапија со антитела.“

Но, оваа метода се уште има многу непознати варијабли, како на пример- колку серум е потребно за да овозможи ефективна заштита на луѓето?

пасивна терапија со антитела

Научниците не велат дека ова е најидеалниот начин за борба против вирусот, но е најбрзиот, и ќе придонесе до намалување на бројот на заболени додека трае развивањето на останатите методи за справување со вирусот.

„Бидејќи поголемиот дел од светот се наоѓа во борба со оваа пандемија, препорачуваме институциите побрзо да ја разгледаат оваа метода и да започнат со припреми за нејзино користење. Треба да се реагира брзо и паметно,“ препорачуваат истражувачите во својот труд.

Научниот труд можете да го најдете на The Journal of Clinical Investigation.

Оргиналниот текст можете да го најдете на Sciencealert.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Стартап компаниите треба да научат да лобираат

Стартап фирми се` повеќе заглавуваат во некои строго регулирани индустрии, и крајно време е да почнат да ги сфаќаат тие одредби сериозно....
- Advertisment -